Изборот на Доналд Трамп

Изборот на Доналд Трамп (англиски: The Apprentice) е реално тв шоу кое потекнува од САД од телевизијата NBC‏‎. Секоја сезона во шоуто има по 16-18 кандидати кои се борат да се покажат за да го добијат работното место во една од компаниите на Доналд Трамп, при што на почеток потпишуваат договор од една година и плата од 250 000 долари.

Изборот на Доналд Трамп (The Apprentice)
Жанрреално тв шоу
Создадена одМарк Брнет
УлогиДоналд Трамп
(Сезони 1-сегашност)
Керолин Кепчер
(Сезони 1-5)
Џорџ Х. Рос
(Сезони 1-5)
Иванка Трамп
(Сезони 5-6)
Доналд Трамп Јр.
(Сезони 5-6)
Воведна тема"For the love of money" од "The O'Jays"
Земја на потекло САД
Првичен јазиканглиски
Бр. на сезони6+
Бр. на епизоди96+
Производство
Времетраење60 минути
Прикажување
Првична мрежаNBC‏‎
Првично прикажување8 јануари 2004 – сегашност
Надворешни врски
Мрежна страницаapprentice.tv.yahoo.com/trump/06/index.html

На 14 мај 2007, NBC го отфрли шоуто од својата нова програмска шема, а подоцна и Доналд Трамп изјави дека ќе се откаже од шоуто за да снима друго шоу.

Меѓутоа, на 6 јули 2007, беше објавено дека шоуто сепак ќе се врати на есен, ќе се снима нова седма сезона, а многу е возможно и веднаш да се обнови за осма сезона. [1][2][мртва врска]

Кај нас, серијата се емитува на телевизија Телма. Досега се прикажани 5 сезони. Термините се недела и четврток, 22:20.

Дејство уреди

Секоја сезона започнува со група кандидати кои веќе имаат искуство со работење во претпријатија, најчесто недвижнини, менаџери на ресторани, политички советници, продавачи и маркетинг. За време на шоуто, овие натпреварувачи живеат во стан и се запознаваат (меѓутоа, во шестата сезона, тимовите се разделени. Оние кои ќе победат, живеат во палата во Лос Анџелес, а оние кои ќе изгубат, во шатори во дворот на палатата). Разделени се во два тима, и секоја недела им се дава една задача за која се бара од нив да изберат менаџер на проектот. За оној тим што ќе победи следува награда, а оној тим што ќе изгуби оди во салата за состаноци и најслабиот ќе биде отпуштен (елиминиран од шоуто).

Елиминацијата е составена од две фази. Во првата, сите членови на тимот се соочени во салата. Проект-менаџерот треба да избере до три члена за кои смета дека биле најодговорни за загубата. Во втората фаза, останатите членови се слободни, а проект-менаџерот и членовите што тој/таа ги избрал/а треба да се соочат и барем еден ќе биде отпуштен.

Трамп има право уште во првата фаза да отпушти некого, ако има доволно докази дека тој е најслабиот. Исто така може да отпушти и повеќе кандидати одеднаш. Во шестата сезона, проект менаџерот на тимот што победил, треба да дојде во салата и да седи со Доналд за да му помогне кого да отпушти од тимот што изгубил. Тој треба да поставува прашања и да дава свои мислења за време на процесот.

Освен во шестата сезона, последните двајца кандидати имаат различни задачи, при чие реализирање им помагаат некои од претходно отпуштените кандидати. Откако ги завршуваат задачите, последното соочување во салата одлучува кој од двајцата кандидати е вработен.

Победници и податоци уреди

Во оваа табела се дадени победниците од првата до петтата сезона, како и податоци за емитувањето на шоуто во САД.

Сезона Победник Термин Премиера Крај ТВ сезона Ранкирање Гледаност
(во милиони)
Гледаност на финале
(во милиони)
Прва Бил Ранчич Четврток 21:00 8 јануари, 2004 15 април, 2004 2003–04 #7 20.70 [1] 28.05 [2]
Втора Кели Пердју Четврток 21:00 9 септември, 2004 16 декември, 2004 2004–05 #11 16.14 [3] 16.93 [4]
Трета Кендра Тод Четврток 21:00 20 јануари, 2005 19 мај, 2005 2004–05 #15 13.96 [3] 14.02 [5]
Четврта Рендал Пинкет Четврток 21:00 22 септември, 2005 15 декември, 2005 2005–06 #38 11.01 [6] 12.81[7]
Петта Шон Јазбек Понеделник 21:00 27 февруари, 2006 5 јуни, 2006 2005–06 #51 9.73 [6] 11.25 [8]

Други верзии уреди

Англија, Белгија, Бразил, Колумбија, Грција, Русија, Швајцарија, Турција, меѓу другите, имаат направено свои верзии на ова популарно шоу.

Белешки уреди

  1. Viewership numbers of primetime programs during the 2003-04 television season
  2. „Viewership numbers of primetime programs for the week of April 12-18, 2004“. Архивирано од изворникот на 2004-06-28. Посетено на 2007-07-08.
  3. 3,0 3,1 Viewership numbers of primetime programs during the 2004-05 television season
  4. „Viewership numbers of primetime programs for the week of December 13-19, 2004“. Архивирано од изворникот на 2005-04-30. Посетено на 2007-07-08.
  5. Viewership numbers of primetime programs for the week of May 16-22, 2005[мртва врска]
  6. 6,0 6,1 „Viewership numbers of primetime programs during the 2005-06 television season“. Архивирано од изворникот на 2007-03-10. Посетено на 2007-07-08.
  7. Viewership numbers of primetime programs for the week of December 12-18, 2005[мртва врска]
  8. Viewership numbers of primetime programs for the week of June 5-11, 2006

Надворешни врски уреди