Отвори го главното мени

Ивајло Чочев (роден во Плевен на 18 февруари 1993), е бугарски фудбалер, играч од средниот ред на Палермо и на бугарската репрезентација.

Бугарија Ивајло Чочев
Chochev.jpg
Лични податоци
Полно име Ивајло Људмилов Чочев
Роден на 18 февруари 1993 (1993-02-18) (26 г.)
Роден во Плевен, Бугарија
Висина &100000000000001880000001,88 м[1]
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Палермо Палермо
Број 18
Младинска кариера
Чавдар Етрополе Чавдар Етрополе
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2010-2012 Чавдар Етрополе Чавдар Етрополе 61 (17)
2013-2014 ЦСКА Софија ЦСКА Софија 45 (7)
2014- Палермо Палермо 91 (10)
Репрезентација
2009 Бугарија Бугарија 17 3 (0)
2010-2011 Бугарија Бугарија 19 5 (0)
2012-2014 Бугарија Бугарија 21 9 (3)
2015- Бугарија Бугарија 15 (3)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Клупска кариераУреди

Почетоци и раните години од кариератаУреди

Чочев е роден во Плевен, а својата фудбалска кариера ја започнал во локалниот клуб Спартак Плевен во 1999 година. Во 2008 година тој се преселил во Чавдар Етрополе,[2] каде станал профсионалец во сезоната 2010-2011, играјќи 27 натпревари за клубот во бугарската Б група. Следната сезона одиграл 21 натпревар постигнувајќи 6 гола, а во сезоната 2012-2013 на 13 натпревари постигнал 8 гола во првиот дел од сезоната пред да го напушти клубот во зимата 2013.

ЦСКА СофијаУреди

На 16 јануари 2013, Чочев потпишал за еден од гигантите на бугарскиот фудбал ЦСКА Софија.[3] Своето деби Чочев го направил во победата со 2–0 на домашен терен над Черноморец Бургас на 10 март 2013. Тој влегол во игра на местото на Игнасио Лорес во 58-мата минута и во последните минути од натпреварот асистирал за вториот гол на ЦСКА кој го постигнал Сержињо.[4][5] Првата сезона во дресот на ЦСКА ја завршил со 10 настапи во лигата и два во купот, без постигнат гол но забележал две асистенции.

Во текот на сезоната 2013-2014, Чочев станал стандарден првотимец и еден од клучните играчи во тимот на тренерот Стојчо Младенов. Својот прв погодок за ЦСКА го постигнал на 17 септември 2013, во победата со 6-2 на домашен терен над Хасково во Купот на Бугарија. Само 6 дена подоцна, тој го постигнал својот прв гол за ЦСКА во бугарската А група, носејќи му победа на својот клуб на домашен терен над Литекс со 1-0.[6] Само три дена подоцна на, 26 септември 2017, тој ја продолжил својата серија на голови стигајќи до три гола во три последователни натпревари откако го постигнал првиот погодок за ЦСКА во победата со 3-0 на гостувањето кај Љубимец со 3-0. Сезоната ја завршил со вкупно (во првенството и купот) 38 настапи и 9 гола.

ПалермоУреди

На 11 јули 2014, Чочев се преселил во италијанскиот Палермо во Серија А за сума од 2 милиони евра,[7] потпишувајќи три годишен договор.[8][9] Тој станал првиот бугарин во историјата на сицилијанската екипа. Своето деби за популарните Росанеро во италијанската лига го направил на 5 октомври, во поразот со 3-0 од Емполи во шестото коло од сезоната 2014-2015 во Серија А, појавувајќи се во игра на местото на Франко Васкез во 72-рата минута од натпреварот.[10] На 12 април 2015, toј го постигнал својот прв гол во Серија А во победата со 3-1 над Удинезе. Следната недела, Чочев постигнал два пати во победата со 2-1 против Џенова на стадионот Ренцо Барбера.[11] Својата прва сезона во италијанскиот фудбал ја затворил со 18 настапи и 3 гола. На 22 јуни го продолжил договорот со Палермо до 30 јуни 2020 година.[12]

Во текот на сезоната 2016-2017, Чочев одиграл 30 натпревари за Палермо во Серија A и постигнал 3 гола но клубот испаднал од лигата на крајот од сезоната. Тој останал во Палермо, да игра во Серија Б во сезоната 2017-2018 и запишал две асистенции во победата со 2-1 на домашен терен над Про Верчели во петтото коло. Својот прв гол во Серија Б го постигнал на 3 ноември 2017 во ремито 2-2 против Пескара.

Репрезентативна кариераУреди

Своето деби за сениорската репрезентација на Бугарија Чочев го направил на 8 јуни 2015 во поразот со 4-0 од Турција во Истанбул во пријателски натпревар.

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди