Иван Голац (роден на 15 јуни 1950 година) е поранешен југословенски[1] професионален фудбалер и тренер.

Иван бил Југословенски репрезентативен десен бек. Бил најпознат додека бил играч на екипата на ФК Партизан, од Белград. Во лигата на Обединетото Кралство тој бил запаметен како еден од првите странски играчи во тимот на Саутемптон. Како тренер го освоил Купот на Шкотска со екипата на Данди Јунајтед.

Играчка кариера

уреди

Партизан

уреди

Голац е роден во Копривница во СР Хрватска, тогаш дел од СФР Југославија, од родители Хрвати. Татко му Иван, кој бил војник во гардата на претседателот Јосип Броз Тито, и мајка му Марија. Родителите му потекнувале од местото Лич во Горски Котар.[1][2] Иван Голац се преселил во Белград каде што на 12 годишна возраст се приклучил на младинскиот тим на составот на ФК Партизан. Подоцна, тој станал член на првиот тим. За екипата на Партизан одиграл повеќе од 350 натпревари кога и станал шампион во лигата во 1976 и 1978 година. Во тоа време во 1976 година тој исто така за прв пат настапил за државната репрезентација, и тоа против селекцијта на Алжир во 1976. Тоа му бил единствен негов настап на репрезентативно ниво.[3][4]

„Југословенската лига беше една од најдобрите во светот, секој натпревар беше доста тежок. Тоа беше еден вид на војна бидејќи имаше доста играчи со многу талент и амбиции. Имавме многу добра публика на сите натпревари и повеќе или помалку сите клубови, особено Партизан од Белград, Црвена ѕвезда од Белград и Динамо од Загреб. Тие натпревари би можеле да бидат помеѓу десетте најголеми дербија во целиот свет... игравме пред публика од 90–100.000 гледачи.“[5]

Саутемптон

уреди

1978 година ќе се покаже како пресвртница во кариерата на Иван Голац. Тој наполнил 28 години, кога комунистичките власти на Југославија им дозволувале на играчите да се преселат во странство.[6] Тоа била и годината во која биле укинати ограничувањата на англискиот фудбал за учество на странски фудбалери.

Иван Голац заминал во клубот на Саутемптон во август 1978 година за хонорар од 50.000 фунти. На почетокот бил без договор додека сѐ додека не се решеле проблемите со добивањето на работна дозвола. Во месец септември тој потпишал постојан договор со клубот.[2] Својот прв натпревар во фудбалската лига го одиграл на 22 август 1978 година против тимот на Болтон Вондерерс. Во наредните години тој продолжил да игра на вкупно 144 натпревари во Лигата.[7]

Голац веднаш станал етаблиран десен бек во клубот ретко пропуштајќи натпревар во следните четири сезони. Гледачите на стадионот Дел (Саутемптон) набрзо се загреале на неговиот „напнат стил на игра.“ Во наредниот период, до крајот на натпреварувачката 1981 година бил избран за играч на годината кај популарните „Светци“, иако според менаџерот Лори Мекменеми, тој имал тенденција да биде„непостојан“ особено на гостинските натпревари.[2]

Врската со екипата се влошила во 1982 година кога спорот за договорот помеѓу играчот и клубот довело до тоа Голац да замине во ноември 1982 година како позајмен играч во АФЦ Борнмут во ноември и во екипата на Манчестер Сити во март 1983 година, пред да биде раскинат неговиот договор со Саутемптон.[2] По краткиот период назад во Југославија со малиот клуб ФК Беласица, тој се вратил во март 1984 година во Саутемптон помагајќи им на „светците“ да завршат како второпласирана екипа веднаш зад составот на Ливерпул во фудбалската лига.[8] Следната сезона, тој го загубил местото од соиграчот Марк Денис. Поради тоа, тој повторно заминал како позајмен играч, овој пат во составот на Портсмут.[3] Голац се пензионирал во 1986 година, откако одиграл вкупно 197 натпревари за екипата на Саутемптон притоа постигнувајќи четири гола.[2]

Пишувајќи за списанието Southern Daily Echo во април 2003 година, тренерот Мекменеми изјавил:

„Тој беше извонреден професионалец кој тренираше одлично и напорно. Често е присутен во малата вежбалница на стадионот Дел каде што беше дел од најдобрите играчи одвојувајќи време да се аклиматизира на брзината во акциите“.[2]

За поминатото време во екипата на Саутемптон, Голац изјавил:

„Прекрасен фудбал, прекрасни навивачи и убави денови. Од првиот ден, од првиот удар, можев да почувствувам поврзаност со гледачите. Тие беа прекрасни.“[9]

„Имаше пожар во паркот – „Дел“ (мисли на стадионот) секогаш беше во пламен и многу противници од Лондон, Манчестер и Ливерпул едноставно не можеа да ја издржат жештината“.[9]

Тренерска кариера

уреди

По завршувањето на неговите играчка кариера, Голац се свртел кон тренерската работа, каде што неговиот опуштен и позитивен стил довел до дополнителни успеси. Враќајќи се во екипата на Партизан, во 1989 година тој станал помошник на тренерот Момчило Вукотиќ, и му помогнал на клубот да го постигне успехот со освојување на Купот на Југославија таа година

Следниот септември, Голац имал одличен прв натпревар откако му се слошило на Вукотиќ во пресрет на натпреварот од првото коло на првото коло на Купот на победниците на куповите против екипата на Селтик во Глазгов. На тој натпревар екипата на Партизан победила со резултат од 2:1. Неверојатен натпревар се одиграл на возвратниот дуел во Глазгов кога тимот на Селтик победил со 5:4.[6] Голац останал на чело на екипата на Партизан сѐ до крајот на сезоната пред да се раздели со клубот.

Голац сѐуште имал дом во Хемпшир кога се вратил во Британија во потрага по работа. Откако се нашол во потесниот избор за тренерската позиција во клубот на Селтик, сепак не бил избран. Краток период во 1992 година минал во екипата на Торки Јунајтед. Подоцна, во месец јули 1993 година, тој бил објавен како тренер на екипата на Данди Јунајтед, како наследник за легендарниот тренер Џим Меклин.[6]

Шкотските спортски медиуми набрзо започнале да известуваат за Голац, и за неговиот хиписки јавен имиџ. Голац ги водел играчите на Данди Јунајтед на стадионот Кемпердаун Парк за време на тренинзите,[10] и притоа тврдел дека научил англиски од слушањето на плочите на легендарните Ролинг Стоунс. Бил сосема поразличен од својот претходник, Меклин. Наспроти малите можности, самоуверениот пристап на Голац го довел аутсајдерот Данди Јунајтед до успех во Шкотскиот куп.[11] Тоа се случило на крајот од неговата прва сезона, победувајќи го жестокиот противник и фаворит Ренџерс со резултат од 1:0 во финалето. Тоа било првпат Данди Јунајтед да го освои трофејот, откако шест пати губел во финалињата под водство на тренерот Меклин.[10]

И покрај триумфот во Купот, лошата форма во Шкотската лига и затегнатите односи меѓу Голац и Меклин (кој останал претседател на клубот) довеле до негово заминување од клубот во подоцнежниот период. Оттогаш, тој имал неколку тренерски позиции низ цела Европа без да забележи никакви значајни достигнувања. Бил тренер во 1997 година во екипата на Акранес,[12] потоа во Србија во клубот на Сартид од Смедерево и составот на Карпати од Лавов во Украина.[10] Во јануари 1994 година, тој бил поврзуван со составот на Саутемптон за можно враќање како тренер по заминувањето на шефот на стручниот штаб, Ијан Бранфут. Но, до тој ангажман не дошло на теренот на Алан Бол.[13]

Приватен живот

уреди

Надвор од професионалниот фудбал, Голац имал време и да раководи со фабрика за чоколади во Белград.[11] Оженет бил со Братислава, и со неа ги имале ќерките Андријана и Ивана. Голац имал дом во Виена и во Белград.[9]

Признанија

уреди

Како играч

уреди

Партизан

  • Освоена е Првата југословенска лига: 1975–76, 1977–78

Саутемптон

Како тренер

уреди

Данди Јунајтед

  • Победник во шкотскиот куп: 1994 година

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Dasović, Tomislav (29 December 2020). „Htio sam doći iz Beograda u Zagreb, čak sam i štrajkao, ali nisam uspio ispuniti želju moje majke“. Večernji list (хрватски). Посетено на 7 January 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Holley, Duncan; Chalk, Gary (2003). In That Number – A post-war chronicle of Southampton FC. Hagiology Publishing. стр. 518. ISBN 0-9534474-3-X.
  3. 3,0 3,1 Football League Career Stats at Neil Brown
  4. „Algeria - Yugoslavia 1-2“. Yugoslavia National Team List of Results 1970-1979. RSSF. 24 February 1976. Посетено на 18 August 2010.
  5. Golac talking in 2006, quoted in Wilson, Jeremy (2006). Southampton's Cult Heroes. Know The Score Books. стр. 134. ISBN 1-905449-01-1.
  6. 6,0 6,1 6,2 „LSSC legends - Ivan Golac“. Waterloo Sunset - London Southampton supporters. 2 November 2008. Архивирано од изворникот на 13 July 2011. Посетено на 22 August 2010.
  7. Ivan Golac statistics at Football-Heroes.net
  8. In That Number – A post-war chronicle of Southampton FC. стр. 179.
  9. 9,0 9,1 9,2 Wilson, Jeremy (2006). Southampton's Cult Heroes. Know The Score Books. стр. 131. ISBN 1-905449-01-1.
  10. 10,0 10,1 10,2 Stephen Halliday (15 May 2010). „Dundee United's fans sang Love Is In The Air but I sensed something else else, says Golac“. Scotsman.com. Посетено на 22 August 2010.
  11. 11,0 11,1 „Former Dundee Utd manager Ivan Golac covets Celtic job“. BBC. 14 May 2010. Посетено на 15 August 2010.
  12. „Þjálfarar ÍA 1951 - 2007“. Архивирано од изворникот на 2012-04-15. Посетено на 2011-12-08.
  13. Winter, Henry (14 January 1994). „Ardiles looking to Angell or Allen“. The Independent. Посетено на 13 October 2009.