Јавна политика
Јавна политика е начин на дејстување или недејстување избран од јавната власт за решавање на некој проблем. Јавната политика се изразува во збир закони, регулативи, одлуки и постапки на една влада. За формулирање на јавната политика, како и за оценка на нејзината делотворност се применува анализа на политика. Многу аналитичари на јавна политика добиваат докторати и титули Магистер по јавна политика и Магистер по јавна администрација во школи за јавна политика, додека пак други специјализираат и добиваат дипломи како Магистер по образование за специјализација во образовната политика или Магистер по општествена работа за специјализација во политика на социјална заштита.
Разни дефиниции
уредиСоиред Вилијам Џенкинс во Policy Analysis: A Political and Organizational Perspective (1978), јавна политика е „збир од меѓусебно поврзани одлуки направени од еден политички учесник или група учесници во врска со изборот на цели и начините тие да се постигнат во рамките на извесна ситуација каде тие решенија би требало, во принцип, да бидат во рацете на тие учесници за да ги достигнат“. Така, Џенкинс смета дека создавањето на јавната политика е процес, а не едноставно само избор.
Според Томас А. Биркленд во An Introduction to the Policy Process (2001), постои недостиг за консензус за дефинирање на јавната политика. Биркленд дава преглед на неколку дефиниции (Табела 1.3 на стр. 21):
- Кларк Е. Кохран, и др.: „Терминот јавна политика секогаш се однесува на постапките на една влада и намерите од кои тие произлегуваат“.
- Кларк Е. Кохран, и др.: „Јавната политика и исходот од борбата во владата за тоа кој добива што“.
- Томај Дај: Јавната политика е „Она што владите ќе решат да го прават или да не го прават“.
- Чарлс Л. Кохран и Елоиза Ф. Малон: „Јавната политика се состои од политички решенија за имплементација на програми со цел на постигнување на општествени цели“.
- Б. Гај Питерс: „Наједноставно речено, јавната политика е збирот од владините активности, дејствувајќи директно или преку агенти, на начин на кој влијае врз животите на граѓаните“.
Биркленд ни дава на знаење дека елементите заеднички за сите овие дефиниции се следниве (стр. 20):
- Политиката се води во името на „јавноста“.
- Политиката обично се создава или започнува од владата.
- Политиката се толкува и имплементира од страна на јавни и приватни учесници.
- Политика е она што владата намерава да прави.
- Политика е она што владата избира да не го прави.
Историја на јавната политика
уредиСпоред Биркленд:
- „Додека изучувањето на политиката има долга историја, систематското изучување на јавната политика, од друга страна, може да се рече дека е дело на дваесеттиот век. Тоа датира, според Даниел МекКул, од 1922, кога политикологот Чарлс Мериам се стремел да ги поврзе теоријата и практиката на политиката за добивање на увид во фактичките активности на владата, тоа е јавна политика.“ (стр. 4) (видете McCool, Daniel C. Public Policy Theories, Models, and Concepts: An Anthology. Englewood Cliffs, N.J.: Prentice Hall, 1995.)