Заград (Прилепско)

историско село во Прилепско

Заград — историско село во Прилепско, денес во атарот на прилепското предградие Варош.

Заград
Заград во рамките на Македонија
Заград
Местоположба на Заград во Македонија
Заград на карта

Карта

Координати 41°22′23″N 21°32′7″E / 41.37306° СГШ; 21.53528° ИГД / 41.37306; 21.53528
Регион  Пелагониски
Општина  Прилеп
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 20010

Географија

уреди

Селото се наоѓало северно од прилепското предградие Варош и Маркови Кули. Лежело во западното подножје на сртот Заградски Камен (1.135 м).[2]

Историја

уреди

Железно време

уреди

Кај Заград, на 1 км северозападно од Варош се наоѓа некропола од железно време во која се откриени бронзени фибули со ѕвездести проширувања. Наодите се чуваат во Музејот во Прилеп.[3]

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Заград бил македонско село во Прилепска каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Заградъ имал 95 жители, сите Македонци христијани.[4][5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Заград се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 13 куќи.[6]

На почетокот на XX век селото било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Заград (Zagrad) имало 80 Македонци, сите под егзархијата.[4][7]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  3. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 283. ISBN 9989-649-28-6.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 246. ISBN 954430424X.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 22.
  7. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 150–151.