Завојувани страни во Македонија за време на Втората светска војна
Завојуваните страни во Македонија за време на Втората светска војна биле оние нации кои директно или индирекно учествуваа, или биле засегнати, од воените дејствија во Македонија за време на Втората светска војна.
На 17 април 1941 година во Белград била потпишана безусловна капитулација на југословенската војска. По капитулацијата, во согласност со одлуката за разбивање на Кралството Југославија како држава, нејзината територија била поделена меѓу Германија, Италија, Унгарија и Бугарија - членки на Оската. Тие се сметаат за агресори во конфликтот.
По воспоставувањето на границите, но и поради потребите германските сили да се подготвуваат за напад врз Советскиот Сојуз, Хитлер побарал Бугарија да ја окупира Македонија до одредената воена граница, која се протегала по линијата Пирот – Врање – Скопје, понатаму по долината на Вардар до грчката граница. На 19 април 1941 година бугарската војска навлегла во Тракија и во егејскиот дел на Македонија, на просторот од десниот брег на реката Марица до реката Струма.
Македонското националноослободително движење во трите дела на поделената Македонија кон крајот на четвртата деценија од дваесеттиот век, непосредно пред пренесувањето на Втората светска војна на Балканот, навлегло во нова и повисока фаза на развој. Тоа е време во кое, во сите три дела на Македонија: вардарскиот, егејскиот и пиринскиот, без оглед на поделеноста и непостоењето на политичка и организациона поврзаност меѓу револуционерните сили на македонскиот народ, благодарение на претходните борби, на традицијата и изградената колективна историска и национална свест, процесот на афирмација на македонскиот национален и политички индивидуалитет, изразен низ формата на одбрана на правото за самостојност на македонскиот народ, ги зафатил скоро сите слоеви. Во сите три дела на Македонија на дневен ред се нашла борбата за признавање на националната самобитност на Македонците, борбата за афирмација на македонскиот јазик и за откривање на сопственото историско битие. Тоа е период во кој се акцентирала потребата од организиран и осмислен напор за афирмација на националното културно наследство на македонскиот народ и за развивање на современата македонска култура. [1].
По окупацијата македонското национално движење и македонскиот народ започнале борба за оставарување на овие идеали, меѓутоа согласно различните услови во секој дел од Македонија, целите на македонскиот народ биле различни. Македонскиот народ организациски не бил раководен од еден центар туку од содветните антифашистички и комунистички организации кои егзистирале во трите дела на Македонија.
Во Вардарска Македонија до 1943 година борбата била раководена од Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, а од 1943 година од КПМ. Во Егејска Македонија македонскиот народ се борел заедно со грчките антифашисти предводени од ЕАМ и КПГ. Во Пиринска Македонија, македонскиот народ бил предводен од БКП и Татковинскиот фронт.
Сили на Оската
уредиКвислингзи
уредиАнтифашисти
уредиИзвори
уреди- ↑ ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД СКОПЈЕ 2008