Мајсторско
Мајсторско (грчки: Μαστοροχώρια, Масторохорија) — историско-географска област во Епир, денес во Грција.
Географија
уредиОбласта на североисток се граничи со Егејска Македонија (Нестрамско) и на северозапад со Албанија. Географски се наоѓа во јужните делови на планините Морава и Грамошта, огранки на поголемиот венец Пинд. Низ оваа област тече Коничка Река (Сарандапорос).
Занает
уредиНаселението на оваа област традиционално се занимава со разни градежни занаети, во кои се усовршиле, а за да се договараат меѓу себе создале свој таен јазик познат како „кударитика“.[1][2] Во XVII - XX век биле основани мајсторски еснафи (здруженија од 10-20 луѓе), кои се занимавале со каменоделство, столарство, резбарство, сликарство и хагиографија и учествувале во изградбата на разни објекти во Отоманското Царство. Овие мајстори граделе куќи, анови, безистени, бараки, мостови, светилници, чешми, воденици и мелници. Како мајсторите од Загорско, тие оделе на печалба во тајфи низ Европа, Африка, Блискиот Исток и САД.[3]
Населени места
уредиМајсторско опфаќа 27 населени места (понекогаш во областа се вбројува и селото Фурка). Скоро сите села во минатото имале словенски/македонски топоними, кои биле преименувани во текот на XX век.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Οι μάστορες της πέτρας“. mirc.ntua.gr. Архивирано од изворникот на 2018-10-05. Посетено на 2018-09-29.
- ↑ Πλάγου, Αγγελική (2016-10-17). Περιφέρεια Ηπείρου: Περιφερειακή Ενότητα Ιωαννίνων: Όπου η Ομορφιά Περισσεύει. AKAKIA Publications. ISBN 9781911352358.
- ↑ Τα Μαστοροχώρια της Κόνιτσας
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 15 март 2024.
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. Архивирано од изворникот на 2018-09-27. Посетено на 2024-01-15.