Фауна на Македонија
Животинскиот свет во Македонија е разновиден со разни видови на диви и питоми животни. Едни од нив човекот значително ги истребил, но исто така, многу од нив заштитил од истребување во националните паркови. Национален парк претставува ограничен дел од некоја територија во кој природата останала неизменета од страна на човекот. Тие се заштитени со закон.
Диви животни
уредиОд диви животни има главно претставници на средоземната и средноевропската фауна. На средноевропската, претставници се: мечка, волк, црвена лисица, рис, дива свиња, зајак, видра, верверица, куна, јазовец и др. Од птиците: орел, јастреб, чавки, еребици, гулаб, гугутка и др. Од влекачите: желката, разни видови гуштери и змии, а од водни животни пастрамки, крап, сом, црвеноперка и др. Во мочуриштата има разни видови барски птици, како на пример дива гуска, чапја, пеликан и др.
Питоми животни
уредиОд питомите животни во Македонија постојат коњи, овци, говеда, кози, свињи, магариња и други. Од птиците најзастапени се кокошки, мисирки, гуски и пајки. Тие се одгледуваат екстензивно, но и интензивно, во организирани сточарски и живинарски фарми. Во нашава република се негува и пчеларството, како посебна гранка за проидзводство на мед. Пчелите се најкорисни меѓу инсектите. Најпозна е мариовската пчела.