Жан Батист Грез

(Пренасочено од Жан-Батист Грез)

Жан Батист Грез (француски: Jean-Baptiste Greuze; 21 август 17254 март 1805) — истакнат француски сликар на портрети, историски мотиви и битови сцени.

Жан Батист Грез
Jean-Baptiste Greuze
Автопортрет на Грез
Роден(а)21 август 1725(1725-08-21)
Турни, Бургундија Франција
Починал(а)4 март 1805(1805-03-04) (возр. 79)
Лувр, Париз, Франција
НационалностФранцузин
Познат(а) посликарство

Детство

уреди

Грез е роден во Турни, Бургундија. Се смета дека бил самоук; ова е само делумно така бидејќи познато е дека уште од мали нозе, наспроти волјата на татко му, бил потпомаган од лионскиот уметник Грандон или Грондом, кој бил познат портретист. Грандон успеал да го убеди татко му на Грез да го пушти да го придружува како ученик во Лион, а подоцна и во Париз.[1]

Во Париз

уреди
 
„Белата шапка“ (1780)

Кога се преселил во Париз, Грез работел по живиот модел во школата во Кралската академија, но не успеал да го привлече вниманието на неговите наставници; кога го насликал своето прво дело, „Таткото на семејството ја објаснува Библијата на своите деца“, тие се посомневале дека тој не бил неговиот вистински автор. Како и да е, Грез брзо се докажал со други, поимпресивни дела, го свртел вниманието и се здобил со поддршка од добро познатиот познавач Ла Лив де Жили, зетот на Мадам Депинај. Во 1755 г. Грез ја изложил својата слика „Измамениот слепец“ која била претставена од страна на вајарот Жан Батист Пигал, и со неа веднаш бил примен во Академијата.

Патување во Италија

уреди

При крајот на истата година Грез заминува за Италија заедно со игуменот Луј Гужено кој ја напуштил работата — иако станал conseiller au Châtelet за да го преземе малиот collet. Гужено бил донекаде запознаен со уметностите и бил многу ценет од страна на академиците кои, за време на неговото патување со Грез, го избрале за почесен член на нивниот кор заради неговите студии на тема митологија и алегорија; овие негови достигнувања биле добро искористени од нивна страна, но Грез не бил убеден во нивната вредност и затоа повеќе изгубил отколку што добил во посетата на Италија со Гужено. Веројатно тој решил да патува само за да ги замолчи оние кои го осудувале за непознавање на великите стилски модели, но и италијанските теми кои ги изложил во Салонот во 1757 г. исто така покажуваат дека тој бил на грешен пат и затоа набргу се вратил на неговите вистински извори на инспирација.[1]

Повторно во Париз

уреди

Во периодот од 1759 до 1761 г. Грез станува сè по успешен; во 1765 го достигнува зенитот на својата ликовна моќ и реноме. Таа година се претставил со дури тринаесет дела, меѓу кои се и „Девојка ја оплакува својата мртва птица“,„Добрата мајка“, „Канзнувањето на лошиот син“ (Лувр) и „Татковата клетва“ (Лувр). Академијата ја искористила приликата за да го замоли за изработката на неговата дипломска слика, чија изработка била доста одложена и му оневозможила да изложува на нивните ѕидови сè додека нè ги задоволил нивните критериуми.

 
„Селската невеста“. Лувр

Во академијата

уреди

Грез сакал да биде гледан како историски сликар и насликал дело кое било наменето да ја оправда неговата омраза кон неговите квалификации како „битов сликар“. Ова несреќно дело „Север и Каракала“ (Лувр) било изложено во 1769 г. рамо до рамо со неговиот портрет на „Жорат“ (Лувр) и неговата прекрасна слика „Малото девојче со црно куче“. Академиците го примиле за нов член со сите почести, но при завршетокот на церемониите директорот му се обратил на Грез со следниве зборови: „Драг господине, Академијата ве прими, но како битов сликар; имаме обѕири кон вашите постари дела кои беа одлични, а за ова дело — кое не е достојно ниту на вашиот углед, ниту вам самиот — прогледуваме низ прсти“. На ова Грез се разлутил и и почнал расправија со другите и престанал да изложува дела сè до 1804, кога Француската револуција ширум ги отворила вратите на Акедемијата за секој во светот.[1]

Следната година, на 4 март 1805 г., Грез умира во Лувр во голема беда. Иако некогаш бил прилично богат, парите ги потрошил во екстраваганции и лоша организација до таа мера што за време на неговите последни години почнал да ги продава и сопствените нарачки за сликање кои и така не можел веќе да ги извршува. За неговото брилијантно реноме не се заслужни неговите достигнувања како сликар во својата пракса, туку природата на тематиката со која работел. На тоа враќање на природата што ги испирирало нападите на Русо врз вештачката цивилизација му бил потребен и израз во ликовната уметност.[1]

Оставнина

уреди
 
Портрет на Бенџамин Френклин (1777)
 
„Септимиј Север и Каракала“. Лувр

Дидро, во своето дело „Природониот син и таткото на семејството“, пробал да ја пренасочи домашната драма во сценско театарско дело; она што тој пробал да го направи и не успеал Грез, во сликарството, го постигнал со неверојатен успех, иако неговите дела, како и драмите на Дидро, биле повлијаени од истата таа извештаченост против која се бунтувале. Меѓутоа чувството на мелодрамска претераност кое оддаваат овие дела наоѓа една апологија во цврстиот и брлилијантен тек на дејствието, во свежината и силата на нијансите на телата, во примамливата мекост на изразот, во маѓепсната аура на здравје и младост, во сензуалните привлечности, накратко со тоа што Грез ги инвестира своите лекции во буржоаскиот моралитет. Како што Дидро се искажал за „Добрата мајка“, il a prêché à la population; и резултатот е една пикантност на копнтрастот која секогаш успева да привлече обожаватели.[1]

„Девојката со јагне“ на една продажба на Пуртал во 1865, достигнала цена на од не помалку од 1,000,000 франци. Една од Грезовите ученици, Мадам Ле До, успеала успешно да го имитира стилот на нејзиниот учител; неговата ќерка и внука, Мадам де Валори исто така наследила некои аспекти од неговиот талент. Мадам де Валори во 1813 објавила една „водевилска комедија“ со наслов, „Грез, или селската невеста“, на која префиксирала забелешки за животот и делото на нејзиниот дедо, и Салоните на Дидро исто така содржат, покрај многу поединости, и приказна за расправијата на Грез со академиците на долго и широко. Грез им ја доверил репродукцијата на неговите слики на четирите најдобри графичари во тоа време, Масар Пере, Филипар, Галијар и Левазје, но исто така постојат и одлични графики на таа тема од други графичари како Кар и Ле Бас.[1]

Збирки

уреди

Освен во Лувр, голем дел од останатите Грезови слики стојат во Волесовата збирка, Лондон.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Чизом 1911.

Библиографија

уреди
  • Normand, J. B. Greuze (1892).
  • Emma Barker, Greuze and the Painting of Sentiment (Кембриџ: Cambridge University Press, 2005). ISBN 0-521-55508-6.