Ернест Петрич
Д-р Ернест Петрич (18 ноември 1936) — словенечки судија, правник, професор, и дипломат. Роден е во Тржич, тогашно Кралство Југославија близу граница со Австрија. Тој е еден од словенечките највлијателни правни експерти во Владеење на правото,[1][2] и пионер во Меѓународно право[3] применето на човековото право,[4] малцински права,[5][6][7][8][9][10] и право на самоопределување,[11][12] (јус когенс) на народите. Дипломирал и Докторирал на Љубљанскиот Правен факултет на тема Das Recht auf die Heimat kot pojem mednarodnega prava : (s posebnim ozirom na usodo nekdanje nemške manjšine v Jugoslaviji) Архивирано на 15 март 2014 г. 1965. По долга правна и дипломатска кариера ја презел должноста на судија на Уставен Суд на Република Словенија каде бил и претседател до 10 Ноември 2013 година.
Судија на Уставен Суд на Република Словенија | |
---|---|
На должноста | |
Стапил 25 април 2008 | |
Претседател на Уставен Суд на Република Словенија | |
На должноста 11 ноември 2010 – 10 ноември 2013 | |
Наследник | Мирослав Мозетич |
Претседател на Одбор на Гувернери на Меѓународна агенција за атомска енергија IAEA | |
На должноста 2006 – 2007 | |
Претходник | Јукија Амано |
Наследник | Миленко Скокнич |
член на Меѓународна Правна Комисија при ОН | |
На должноста 2007 – 2011 | |
На должноста 2012 – 2016 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | 18 ноември 1936 Тржич, Кралство Југославија денес Словенија |
Националност | Словенец |
Установа | Правен Факултет во Љубљана |
Професија | Правник |
Портал | Уставен Суд на Словенија |
Академска кариера
уредиПо службување во Институтот за Национални Прашање(1961-1964), бил Асистент од 1965 до 1967, потоа вонреден Професор (1972-1975) за на крај да биде редовен професор на Меѓународно Право и Меѓународни Односи на Факултет за Социолошки науки на Универзитетот во Љубљана(1976-1983). На овој Факултет прво бил директор за истражувања, па продекан, и на крај Декан(1986-1988). Понекогаш предавал на Правниот факултет при Универзитет во Љубљана, а како гостин на повеќе престижни странски Универзитети. Три години (1983-1986) предавал меѓународно право на Правен Факултет Архивирано на 8 февруари 2014 г. на Универзитет во Адис Абеба.
Бил на напредни студии на повеќе Универзитети во Виена, Хајделберг, Хаг и Солун.[13]
Меѓународно Право
уредиЧлен е на Меѓународна Правна Комисија[14][15], каде членуваат 34 меѓународно истакнати правни експерти од целиот свет, претставувајќи разни правни системи. Во оваа комисија активно учествува на работи од идни меѓународно-правни регулативи од приговори до задржување на договори, депортација на странци, одговорност на меѓународни органозации,ефектите од вооружени конфликти на договори, меѓународната правна заштита на природните ресурси, особено, подземни води ресурси кои се протегаат на површина од неколку држави, како и во однос на проблемот на екстрадиција и пресудување. Тој служел како претседател на Комисијата 2008-2009, во моментов тој е член во втор мандат.
Јавна и дипломатска служба
уредиПомеѓу 1967 и 1972 година бил член на словенечката Влада, во која д-р Петрич е одговорен за областа на науката и технологијата. Тој исто така бил експерт при владите на Колумбија (1972) и УНЕСКО експерт во Ирак (1975). Од 1989 до 1991 година тој беше југословенски амбасадор во Индија и Непал и со осамостојувањето на Словенија бил нејзин прв амбасадор во САД и Мексико, (1992-1997).[16] Од 1997 до 2000 година бил државен секретар во Министерството за надворешни работи. За време на мандатот на Словенија во ОН Советот за безбедност (1998-1999), ја усмерувал работната група за ОН во Министерство за надворешни работи на Словенија. Од 2000 тој бил постојан претставник / амбасадор во ОН (Њујорк) и Бразил (2000-2002). Од 2002 тој беше претставник во различни ОН агенции во Виена. Во 2006 и 2007 година тој претседаваше со Советот на гувернери на Меѓународна агенција за атомска енергија.[17]
Библиографија
уредиКниги
- Petrič, Ernest (1966). The rights of national minorities as defined in the statutes of the communes (англиски). Ljubljana: Inštitut za narodnostna vprašanja. стр. 75–102. ISSN 0034-0251. OCLC 442596343.
- Petrič, Ernest (1976). The principle of the right of peoples to self-determination (англиски). Thessaloniki: Institute of International Public Law and International Relations of Thessaloniki.
- Petrič, Ernest (1977). Mednarodnopravno varstvo narodnih manjšin. Sociološka in politološka knjižnica (словенечки). 7. Maribor: Zalozba Obzorja. стр. 426.
- Petrič, Ernest; Pavel, Slamič; Karel, Šiškovič (1981). La positione giuridica internazionale della minoranza slovena in Italia. Gli Sloveni in Italia (италијански). Trieste: Editoriale stampa triestina. стр. 141.
- Petrič, Ernest (1984). Pravica do samoodločbe : mednarodni vidiki. Sociološka in politološka knjižnica (словенечки). 16. Maribor: Obzorja. стр. 301.
- Rahten, Andrej; Šumrada, Janez; Petrič, Ernest; Oven, Jacqueline; Leskovar, Matej, translator; Bataković, Dušan T.; Granda, Stane; Maver, Aleš, 1978- (2011), Velikih pet in nastanek Kraljevine Srbov, Hrvatov in Slovencev = Les cinq grands et la création du Royaume des Serbes, Croates et Slovènes / Andrej Rahten, Janez Šumrada (ur., éds.) ; [prevodi Jacqueline Oven, Matej Leskovar], Studia diplomatica Slovenica (словенечки и француски), 2, Loka pri Mengšu, Ljubljana: Center za evropsko prihodnost, Znanstvenoraziskovalni center Slovenske akademije znanosti in umetnosti, стр. 479, ISBN 978-961-92839-3-6, ISSN 1855-9174
- Petrič, Ernest (January 22, 2013). Foreign Policy: From Conception to Diplomatic Practice (англиски). Leiden: Martinus Nijhoff. стр. 318. ISBN 978-90-04-24549-5.[18]
- Petrič, Ernest (January 22, 2013). Foreign Policy: From Conception to Diplomatic Practice (англиски). Leiden: Martinus Nijhoff. стр. 318. ISBN 978-90-04-24550-1. eBook
Наводи
уреди- ↑ „Rule of Law Represents Best Hope for Building Peaceful, Prosperous Societies, Says Secretary-General as General Assembly Holds Thematic Debate“. un.org. 11 April 2011. Посетено на 2014-03-15.
- ↑ http://www.ukom.gov.si/fileadmin/ukom.gov.si/pageuploads/Sinfo/2013/Sinfo_2013_01.pdf Архивирано на 18 април 2013 г. Владеењето на правото започнува од сопствениот куќен праг / Ернест Петрич ; [разговарала] Весна Жаркович ; фото Станко Груден ,2013 (retrieved March 17, 2014)
- ↑ http://lup.lub.lu.se/luur/download?func=downloadFile&recordOId=4250117&fileOId=4250119 ʺLegal validityʺ of the ICJ advisory opinions : (in the context of the Republic of Macedonia's admission to the UN) in / Ernest Petrič,2012
- ↑ http://www.worldcat.org/title/rights-of-peoples-and-right-to-peace/oclc/442658493 Rights of peoples and right to peace / Ernest Petric,1983
- ↑ http://www.worldcat.org/title/analiza-polozaja-madzarske-in-italijanske-narodne-manjsine-ob-upostevanju-dinamike-razvoja-za-obdobje-1953-1962-1-pravni-del/oclc/438990688 Analiza položaja madžarske in italijanske narodne manjšine ob upoštevanju dinamike razvoja za obdobje 1953 do 1962. I. del / Ernest Petrič research report,1958
- ↑ Jugoslovanska socialistična praksa pri reševanju problemov narodnih manjšin / Ernest Petrič, članek - sestavni del,1962 ISSN Y500-0947
- ↑ Ob zakonu o manjšinskem šostvu / Ernest Petrič, članek - sestavni del,1962 ISSN 1318-0401
- ↑ http://www.worldcat.org/title/das-recht-auf-die-heimat-kot-pojem-mednarodnega-prava-s-posebnim-ozirom-na-usodo-nekdanje-nemske-manjsine-v-jugoslaviji/oclc/440832478 Das Recht auf die Heimat kot pojem mednarodnega prava : (s posebnim ozirom na usodo nekdanje nemške manjšine v Jugoslaviji) : doktorska disertacija / Ernest Petrič,1964
- ↑ http://www.worldcat.org/title/rights-of-national-minorities-as-defined-in-the-statues-of-the-communes/oclc/442596343 The rights of national minorities as defined in the statutes of the communes / E. Petrič, Ljubljana : Inštitut za narodnostna vprašanja, 1966
- ↑ http://cobiss4.izum.si/scripts/cobiss?ukaz=DISP&id=1655030979662899&rec=14&sid=4 The Helsinki conference and the national minorities / Ernest Petrič,1978 ISSN 0022-6084
- ↑ http://www.worldcat.org/title/principle-of-the-right-of-peoples-to-self-determination/oclc/441636537 The principle of the right of peoples to self-determination / E. Petrič,[S.l.] : Institute of International Public Law and International Relations of Thessaloniki, [1976]
- ↑ http://www.worldcat.org/title/self-determination-security-and-integrity-of-sovereign-states/oclc/442579475 Self-determination, security and integrity of sovereign states / Ernest Petrič,1991
- ↑ „Institute of International Public Law and International Relations“. institut-iplir.gr. Архивирано од изворникот на 2014-03-21. Посетено на 2014-03-15.
- ↑ „International Law Commission“. un.org. Посетено на 2014-03-15.
- ↑ „Petriču mandat v Združenih narodih | Slovenskenovice.si“. slovenskenovice.si. Посетено на 2014-03-15.
- ↑ „Dr Ernest Petrič | Ministry of Foreign Affairs“. mzz.gov.si. Архивирано од изворникот на 2014-03-15. Посетено на 2014-03-15.
- ↑ „Bio of Ernest Petrič“. iaea.org. Посетено на 2014-03-15.
- ↑ „Foreign Policy: From Conception to Diplomatic Practice: Ernest Petri: 9789004245495: Amazon.com: Books“. amazon.com. Посетено на 2014-03-15.
Надворешни врски
уреди- Уставен суд на Словенија Архивирано на 15 март 2014 г.
- Биографија на страницата на Меѓународна агенција за атомска енергија
- Меѓународна правна комисија
- Мрежно место на Хашката академија за меѓународно право
- Надворешна политика од концепт до дипломатска пракса
- Гугл Научник
- Од РТВ Словенија промена на претседател на Уставен суд на Словенија