Егејско Море

море во состав на Средоземното Море
(Пренасочено од Егејско море)

Егејско Море или Бело Море — дел од Средоземното Море меѓу Егејска Македонија, Грција и Турција. Преку Босфор, Мраморното Море и Дарданелите е поврзано со Црното Море. Се претпоставува дека е колевка на две големи древни култури. По него е наречена Егејска Македонија — јужниот дел на Македонија кој денес е припоен кон Грција.

Егејско Море
Топографска карта на Егејско Море
ПодрачјеСредоземно Море
Координати39°N 25°E / 39° СГШ; 25° ИГД / 39; 25
ВидМоре
ЕтимологијаОд Егеј
Главни приливиИнахос, Илисос, Сперхеј, Пиниос, Бистрица, Вардар, Струма, Места, Марица
Главни истециСредоземно Море
Сливни земјиГрција, Турција; Македонија, Србија, Бугарија[1]
Најг. должина700 км
Најг. ширина400 км
Површина&10000000000000214000000214,000 км2
Најг. длабочина3,544 м
Острови150+
Населени местаДедеагач, Ајвалик, Бодрум, Чанаккале, Чешме, Дидим, Ираклион, Измир, Кавала, Кушадаси, Солун, Волос

Подоцна со морето владеле и Персијците, Македонците Римјаните, Византиците, Џеновјаните, Венецијанците и Османлиите. Денес, Егејското Море го делат Грција (поголем дел) и Турција (помалиот дел).

Етимологијата на Егејското Море најчесто се поврзува со името на митскот крал на Атина - Ајгеј.

Егејското Море како тема во уметноста

уреди
 
Панорамски поглед на Егејско Море од Санторини
  • „Шетајќи по брегот на Егејското Море“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Drainage Basin of the Mediterranean Sea“. Second Assessment of Transboundary Rivers, Lakes and Groundwaters (PDF) (Report). UNECE. August 2011.
  2. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 40.