Еве (Èʋe или Èʋegbe [èβeɡ͡be])[2] е јазик од нигер-конгоанското семејство застапен во југоисточна Гана и јужно Того и има над три милиони говорници.[3] Претставува дел од група поблиски јазици наречена гбе; другиот главен јазик во групата е фон (од Бенин). Како највеќето супсахарски јазици, еве е тонски јазик.

Еве
Èʋegbe
Застапен воГана, Того
Подрачјејужна Гана, источно од реката Волта, јужно Того
НародЕве
Говорници(3,1 милиони во 1991–2003 г.)[1]
Јазично семејство
Писмолатиница
Јазични кодови
ISO 639-1ee
ISO 639-2ewe
ISO 639-3Разни:
ewe — еве
wci — васи
kef — кпеси
wud — вуду
Јазици од групата гбе

ДијалектиУреди

Најзастапени дијалекти на јазикот се товун, авлан, гбин, песи, кпандо, влин, хо, авено, во, кпелен, ве, дајин, агу, фодоме, ван, васи, адангбе (капо).

ГласовиУреди

СогласкиУреди

Дво-
уснени
Уснено-
забни
Венечни Свиени Предно-
непчени
Задно-
непчени
Уснено-
заднонепчени
Гласилна
Избувни безвучни p t k k͡p
звучни m ~ b d n ~ ɖ ɲ ~ j ŋ ~ ɡ ɡ͡b
Слеани безвучни t͡s
звучни d͡z
Струјни безвучни ɸ s x
звучни β z ɣ ~ w ʁ/ɦ
Приближни l ~ l̃

H е звучна струјна согласка што се опишува како ресичното [ʁ], голтничкото [ʕ] и гласилното [ɦ].

Носните согласки [m, n, ɲ, ŋ] не се јавуваат самостојно, туку само пред носни самогласки, па затоа понекогаш се вели дека јазикот нема носни согласки.

[ɣ] се јавува пред незаоблени (незадни) самогласки, а [w] се јавува пред заоблени (задни) самогласки.

Еве е еден од само неколку јазици во светот што разликуваат [f] наспроти [ɸ] и [v] наспроти [β].

/l/ може да се јави во согласни групи. Кога стои по преднојазична согласка, станува [ɾ] (или [ɾ̃].

СамогласкиУреди

Предни Задни
Затворени i, ĩ u, ũ
Полузатворени e, ẽ o, õ
Полуотворени ɛ, ɛ̃ ɔ, ɔ̃
Отворени a, ã

ТоновиУреди

Еве има три тона што даваат разлика во значењето. Тоновите не се бележат при пишувањето. Еве пример за три исти збора со разни тонови:

  • tó 'планина' (висок тон)
  • tǒ 'малтер' (нагорен тон)
  • tò 'бивол' (низок тон)

АзбукаУреди

Јазикот се пишува со африканската еталонска азбука, па затоа личи на комбинација од латиница и МФА.

A a B b D d Ɖ ɖ Dz dz E e Ɛ ɛ F f Ƒ ƒ G g Gb gb Ɣ ɣ
/a/ /b/ /d/ /ɖ/ /d͡z/ /e/, /ə/ /ɛ/ /f/ /ɸ/ /ɡ/ /ɡ͡b/ /ɣ/
H h I i K k Kp kp L l M m N n Ny ny Ŋ ŋ O o Ɔ ɔ P p
/h/ /i/ /k/ /k͡p/ /l/ /m/ /n/ /ɲ/ /ŋ/ /o/ /ɔ/ /p/
R r S s T t Ts ts U u V v Ʋ ʋ W w X x Y y Z z
/l/ /s/ /t/ /t͡s/ /u/ /v/ /β/ /w/ /x/ /j/ /z/

НаводиУреди

  1. еве - Ethnologue (XVI изд, 2009)
    васи - Ethnologue (XVI изд, 2009)
    кпеси - Ethnologue (XVI изд, 2009)
  2. [1], стр. 243
  3. Gordon, Raymond G., Jr. (ed.), 2005. Ethnologue: Languages of the World, Fifteenth edition. Dallas, Tex.: SIL International. Пристап: http://www.ethnologue.com/

БиблиографијаУреди

  • Ansre, Gilbert (1961) The Tonal Structure of Ewe. MA Thesis, Kennedy School of Missions of Hartford Seminary Foundation.
  • Ameka, Felix Kofi (2001) 'Ewe'. In Garry and Rubino (eds.), Fact About the World's Languages: An Encyclopedia of the World's Major Languages, Past and Present, 207-213. New York/Dublin: The H.W. Wilson Company.
  • Clements, George N. (1975) 'The logophoric pronoun in Ewe: Its role in discourse', Journal of West African Languages 10(2): 141-177
  • Collins, Chris. (1993) Topics in Ewe Syntax. Doctoral Dissertation, MIT.
  • Capo, Hounkpati B.C. (1991) A Comparative Phonology of Gbe, Publications in African Languages and Linguistics, 14. Berlin/New York: Foris Publications & Garome, Bénin: Labo Gbe (Int).
  • Pasch, Helma (1995) Kurzgrammatik des Ewe Köln: Köppe.
  • Westermann, Diedrich Hermann (1930) A Study of the Ewe Language London: Oxford University Press.

Надворешни врскиУреди

Издание на Википедија — слободната енциклопедија на еве