Атлантско-конгоански јазици
(Пренасочено од Атлантско–конгоански јазици)
Атлантско–конгоанските јазици се главна јазична група во нигер–конгоанското семејство со именски класи стереотипни за тоа семејство. Ги опфаќаат сите нигер-конгоански јазици освен групите манде, догонските, иџоидните и дел од кордофанските.
атлантско–конгоански јазици | |
---|---|
Географска распространетост: | потсахарска Африка |
Класификација: | нигер-конгоански
|
Гранки: |
фали (адамава)
лафофа (кордофански)
талодиско–хејбанска (кордофански)
саванска (привр.)
? лал
|
Ethnologue: | 69-16 |
ISO 639-5: | alv |
Без кордофанските, оваа група традиционално се дели на атлантски и волта-конгоански јазични гранки, но прашање е дали овие се исправни генеолошки јазли.