Еве (јазик)
Еве (Èʋe или Èʋegbe [èβeɡ͡be])[2] е јазик од нигер-конгоанското семејство застапен во југоисточна Гана и јужно Того и има над три милиони говорници.[3] Претставува дел од група поблиски јазици наречена гбе; другиот главен јазик во групата е фонскиот (од Бенин). Како највеќето потсахарски јазици, еве е тонски јазик.
Еве | |
---|---|
Èʋegbe | |
Застапен во | Гана, Того |
Подрачје | јужна Гана, источно од реката Волта, јужно Того |
Народ | Еве |
Говорници | (3,1 милиони во 1991–2003 г.)[1] |
Јазично семејство | |
Писмо | латиница |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | ee |
ISO 639-2 | ewe |
ISO 639-3 | Разни: ewe — еве wci — васи kef — кпеси wud — вуду |
| |
Дијалекти
уредиНајзастапени дијалекти на јазикот се товун, авлан, гбин, песи, кпандо, влин, хо, авено, во, кпелен, ве, дајин, агу, фодоме, ван, васи, адангбе (капо).
Гласови
уредиСогласки
уредиДво- уснени |
Уснено- забни |
Венечни | Свиени | Предно- непчени |
Задно- непчени |
Уснено- заднонепчени |
Гласилна | ||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Избувни | безвучни | p | t | k | k͡p | ||||
звучни | m ~ b | d | n ~ ɖ | ɲ ~ j | ŋ ~ ɡ | ɡ͡b | |||
Слеани | безвучни | t͡s | |||||||
звучни | d͡z | ||||||||
Струјни | безвучни | ɸ | f͈ | s | x | ||||
звучни | β | v͈ | z | ɣ ~ w | ʁ/ɦ | ||||
Приближни | l ~ l̃ |
H е звучна струјна согласка што се опишува како ресичното [ʁ], голтничкото [ʕ] и гласилното [ɦ].
Носните согласки [m, n, ɲ, ŋ] не се јавуваат самостојно, туку само пред носни самогласки, па затоа понекогаш се вели дека јазикот нема носни согласки.
[ɣ] се јавува пред незаоблени (незадни) самогласки, а [w] се јавува пред заоблени (задни) самогласки.
Еве е еден од само неколку јазици во светот што разликуваат [f] наспроти [ɸ] и [v] наспроти [β].
/l/ може да се јави во согласни групи. Кога стои по преднојазична согласка, станува [ɾ] (или [ɾ̃].
Самогласки
уредиПредни | Задни | |
---|---|---|
Затворени | i, ĩ | u, ũ |
Полузатворени | e, ẽ | o, õ |
Полуотворени | ɛ, ɛ̃ | ɔ, ɔ̃ |
Отворени | a, ã |
Тонови
уредиЕве има три тона што даваат разлика во значењето. Тоновите не се бележат при пишувањето. Еве пример за три исти збора со разни тонови:
- tó 'планина' (висок тон)
- tǒ 'малтер' (нагорен тон)
- tò 'бивол' (низок тон)
Азбука
уредиЈазикот се пишува со африканската еталонска азбука, па затоа личи на комбинација од латиница и МФА.
A a | B b | D d | Ɖ ɖ | Dz dz | E e | Ɛ ɛ | F f | Ƒ ƒ | G g | Gb gb | Ɣ ɣ |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
/a/ | /b/ | /d/ | /ɖ/ | /d͡z/ | /e/, /ə/ | /ɛ/ | /f/ | /ɸ/ | /ɡ/ | /ɡ͡b/ | /ɣ/ |
H h | I i | K k | Kp kp | L l | M m | N n | Ny ny | Ŋ ŋ | O o | Ɔ ɔ | P p |
/h/ | /i/ | /k/ | /k͡p/ | /l/ | /m/ | /n/ | /ɲ/ | /ŋ/ | /o/ | /ɔ/ | /p/ |
R r | S s | T t | Ts ts | U u | V v | Ʋ ʋ | W w | X x | Y y | Z z | |
/l/ | /s/ | /t/ | /t͡s/ | /u/ | /v/ | /β/ | /w/ | /x/ | /j/ | /z/ |
Наводи
уреди- ↑ еве - Ethnologue (XVI изд, 2009)
васи - Ethnologue (XVI изд, 2009)
кпеси - Ethnologue (XVI изд, 2009) - ↑ [1], стр. 243
- ↑ Gordon, Raymond G., Jr. (ed.), 2005. Ethnologue: Languages of the World, Fifteenth edition. Dallas, Tex.: SIL International. Пристап: http://www.ethnologue.com/
Библиографија
уреди- Ansre, Gilbert (1961) The Tonal Structure of Ewe. MA Thesis, Kennedy School of Missions of Hartford Seminary Foundation.
- Ameka, Felix Kofi (2001) 'Ewe'. In Garry and Rubino (eds.), Fact About the World's Languages: An Encyclopedia of the World's Major Languages, Past and Present, 207-213. New York/Dublin: The H.W. Wilson Company.
- Clements, George N. (1975) 'The logophoric pronoun in Ewe: Its role in discourse', Journal of West African Languages 10(2): 141-177
- Collins, Chris. (1993) Topics in Ewe Syntax. Doctoral Dissertation, MIT.
- Capo, Hounkpati B.C. (1991) A Comparative Phonology of Gbe, Publications in African Languages and Linguistics, 14. Berlin/New York: Foris Publications & Garome, Bénin: Labo Gbe (Int).
- Pasch, Helma (1995) Kurzgrammatik des Ewe Köln: Köppe.
- Westermann, Diedrich Hermann (1930) A Study of the Ewe Language London: Oxford University Press.
Надворешни врски
уредиИздание на Википедија — слободната енциклопедија на еве |
- Учебник - Основен еве за странски студенти Архивирано на 17 септември 2012 г. (англиски)
- Изучување на еве Архивирано на 18 ноември 2011 г. - Институт за африканистика при Келнскиот универзитет (германски)
- Еве Архивирано на 13 октомври 2012 г. - Ethnologue (англиски)
- Јазикот еве Архивирано на 11 октомври 2017 г. - Verba Africana (англиски)
- Еве-англиски поимник Архивирано на 15 мај 2010 г.