Евангелие според Лука

(Пренасочено од Евангелие по Лука)

Евангелие по Лука (грчки: Κατὰ Λουκᾶν εὐαγγέλιον) или Евангелие според Лука (τὸ εὐαγγέλιον κατὰ Λουκᾶν) — третото и најдолго од четирите канонски евангелија во христијанската Библија од Новиот завет. Ова синоптичко евангелие го опишува животот и мисионерството на Исус од Назарет. Во негосе опишани настаните од раѓањето на Исус до неговото Воскресение.

Евангелие на светиот апостол Лука, Македонија, XII век

Авторот на ова евангелие е Апостол Лука, често нарекуван и Евангелист. По занимање, Лука бил лекар и долгододишен соработник со апостол Павле во Антиохија, Сирија. Во преден план, евангелието на Лука било наменето за христијанските заедници, кои се состоеле претежно од луѓе кои претходно верувле во паганските обичаи или пак евреи. Лука го создал евангелието на начин според кој читателот може во Исус да го препознае Бог. Некои делови, како Параболата за непослушниот син и Параболата за добриот Самаритјанин се споменуваат само во ова евангелие. Исто така, ова евангелие дава посебен акцент на молитвата и улогата на Светиот Дух.[1]

Освен ова евангелие, се смета дека апостол Лука ги напишал и Апостолските дела.[2]Всушност, Делата на светите апостоли и Евангелието на Лука во некои изданија на Библијата биле претставени како една книга.[3]И двата ракописи започннуваат со обраќањето на Лука кон “Теофил“ за кој се смета дека е или некоја титула односно чин или некоја личност, кој очигледно имал одредено претходно познавање за христијанството и можеби бил личност со некаков службен статус, со оглед на тоа што Лука му се обраќа со титулата „честити” ‡ истата титула со која Павле им се обраќал на Феликс и на Фест, римски управители во Јудеја.

Некои современи критичари сметаат дека апостол Лука, слично како Апостол Матеј, за создавањето на својот ракопис се потпирал врз основа на Евангелието според Марко. За создавањето на евангелието постојат повеќе тврдења. Некои сметаат дека тоа било направено некаде кон 60-тите години од I век,[4][5] или пак кон крајот на I век.[6]

Содржина

уреди

За време на владеењето на царот Ирод, живеат свештеникот Захарија и неговата жена Елисавета — прваедни и побожни старци кои немаат деца. Еднаш, за време на службата во храмот, на Захарија му се јавува ангелот Гавриил кој му кажува дека наскоро ќе му се роди синот Јован. Бидејќи Захарија се сомнева во тоа, ангелот му го одзема гласот и тој онемува. Во шестиот месец од бременоста на Елисавета, архангел Гаврил оди во Назарет, каде ја посетува Марија на која ѝ кажува дека наскоро ќе остане бремена со помош на Светиот Дух и дека ќе го роди синот Исус. Тогаш, Марија ја посетува својата роднина Елисавета, која исто така се исполнува со Светиот Дух. Марија останува кај Елисавета во текот на три месеци, а потоа се враќа дома. Елисавета, пак, го раѓа Јован и тогаш на Захарија му се враќа гласот. Јован расте и оди во пустината каде што останува до времето кога започнува да пророкува меѓу Израилците. Во 15. година од владеењето на време на пописот на населението, Јосиф и Марија заминуваат во Витлеем. Таму, Марија го раѓа Исус, а тогаш ангели им се покажуваат на група овчари, соопштувајќи им ја радосната вест. Овчарите му се поклонуваат на бебето, а потоа насекаде ја рашируваат веста за раѓањето на Месијата. По некое време, коаг Јосиф и Марија го носта бебето во храмот во Ерусалим, старецот Симеон препознава дека тој е спасителот и му се поклонува. Кога Исус има 12 години, за време на посетата на Еруслаим, Јосиф и Марија го забораваат детето во градот, а кога се враќаат назад, го наоѓаат како разговара во храмот со учителите, кои се восхитуваат на неговата мудрост.[7]

Во меѓувреме, Јован проповеда во околината на реката Јордан и ги крштева луѓето, повикувајќи ги на покајување на гревовите, а поради неговата активност, царот Ирод го затвора. Покрај другите, Јован го кршетва и Исус и во тој миг, над него слегува Светиот Дух во облик на гулаб, а глас од небото соопштува дека Исус е синот божји. Исус започнува да проповеда на возраст од околу 30 години. Тој минува 40 дена во пустината, каде постојано го искушува ѓаволот, но без успех. Потоа, Исус се враќа во Галилеја, каде се прославува со своите проповеди и со способноста да лекува болни и да ги изгонува демоните од луѓето, меѓутоа тој е лошо прифатен од неговите сограѓани во Назарет. Во една прилика, Исус му помага на рибарот Симон (Петар) да фати богат улов, а потоа, Петар и браќата Јаков и Јован стануваат негови ученици. Подоцна, од своите приврзаници, Исус ги избира 12. апостоли. Насекаде, тој прави невидени чуда: ја смирува бурата кога со брод плови преку езеро, воскреснува умрени, ослободува едне човек од демоните кои ги префрла во свињите, а тие потоа се дават во езерото, нахранува пе тилјади луѓе само со пет леба и две риби, итн. На своите ученици им ги најавува својата смрт и воскресението, а во присуство на Петар, Јаков и Јован се преобразува и во таа прилика разговара со Мојсеј и со пророкот Илија, а глас од небото објавува дека тој е синот божји. Покрај апостолите, Исус избира уште 70 ученици по што и едните и другите ги испраќа да проповедаат и да лекуваат болни. Во своите проповеди Исус често се служи со параболи, а најчеста мета на неговата критика е лицемерието на книжниците и фарисеите.[8]

Кога пристигнува во Ерусалим, Исус се упатува во храмот и ги изгонува трговците. Таму, тој држи проповеди поради кои го замразуваат свештениците, но не можат да му наштетат поради големата народна поддршка. На своите следбеници, Исус им ги кажува знаците според кои ќе ги препознаат крајот на светот и доаѓањето на божјото царство. Апостолот Јуда Искариот се договара со првосвештениците да им го предаде Исус. За време на празничната вечера на Пасха, Исус им кажува на апостолите дека ќе биде предаден и дека Петар трипати ќе се откаже од него. По вечерата, тој се повлекува во молитва, додека апостолите заспиваат. Тогаш, доаѓа многуброен народ, предводен од Јуда, кој го заробува Исуса и го носи кај првосвештениците. Апостолот Петар го следи, но кога народот го препознава, тој трипати одречува дека го познава Исус. Свештениците и народот му се потсмеваат на Исус, а потоа го предаваат на управникот Пилат со обвинение дека го поттикува народот на бунт против власта. Пилат го испраќа Исуса кај царот Ирод, кој го понизува, а потоа повторно го враќа кај Пилат. Бидејќи не може да најде никаква вина кај Исус, Пилат сака да го ослободи, но насобраниот народ бара смртна казна за него и Пилат мора да попушти. Затоа, заробениот Исус го носат на местото наречено Черепница, каде го распнуваат на крст, заедно со двајца злосторници при што едниот го исмејува Исуса, додека другиот го поддржува. Тогаш настапува мрак на земјата и набргу Исус умира. Еден негов следбеник, Јосиф од Ариматеја, добива дозвола од Пилат да го земе Исусовото тело и го погребува. Рано во недела, три жени, Марија Магдалена, Марија Јаковова и Јоана, влегуваат во гробницата, но таа е празна, а двајца ангела им кажуваат дека Исус воскреснал. Жените им ја пренесуваат веста на Исусовите апостоли, но тие не веруваат, па Петар оди на гробот и се уверува дека го нема Исусовото тело. Во тоа време, двајца луѓе патуваат од Еруслаим кон едно село и патем им се придружува Исус, кој им го објаснува светото писмо. Тие се враќаат во Ерусалим и им раскажуваат на апостолите. Тогаш, пред нив се покажува Исус, кој ги носи апостолите надвор од градот, ги благословува и се вознесува на небото.[9]

Наводи

уреди
  1. Donald Guthrie, New Testament Introduction (Leicester, England: Apollos, 1990), p. 105.
  2. Udo Schnelle, The History and Theology of the New Testament Writings, p. 259.
  3. The Books of The Bible (Colorado Springs: International Bible Society, 2007); The Original New Testament (San Francisco: Harper & Row, 1985).
  4. D. R. W. Wood, New Bible Dictionary (InterVarsity Press, 1996), 704.
  5. Carson, D.A.; Moo, Dougals J. (1992). "4" (in English). An introduction to the New Testament. Morris, Leon. Grand Rapids, MI: Zondervan. pp. 116. ISBN 0-310-51940-3.
  6. Harris, Stephen L., Understanding the Bible. Palo Alto: Mayfield. 1985. "The Gospels" p. 266-268
  7. „Новиот завет на нашиот Господ Исус Христос“, во: Свето писмо на Стариот и на новиот завет (трето издание). Свиндон: Британско и инострано библиско друштво, Скопје: Македонска книга, 1998, стр. 66-70.
  8. „Новиот завет на нашиот Господ Исус Христос“, во: Свето писмо на Стариот и на новиот завет (трето издание). Свиндон: Британско и инострано библиско друштво, Скопје: Македонска книга, 1998, стр. 70-94.
  9. „Новиот завет на нашиот Господ Исус Христос“, во: Свето писмо на Стариот и на новиот завет (трето издание). Свиндон: Британско и инострано библиско друштво, Скопје: Македонска книга, 1998, стр. 94-104.