Парабола (книжевност)

Парабола (од грчкиот збор парабола - споредба, пример) — во книжевноста е стилска фигура или слика. Слично на басната, има иста цел, да поучува, но сепак се разликува од неа. Во параболата носители на дејството најчесто се луѓе; таа е поопширна и напишана во повозвишен стил; изразува некоја возвишена вистина; повеќе учи што треба да прават луѓето, за разлика од басната која повеќе укажува на човечките пороци и недостатоци. Целта на параболата е да укаже на некоја верска или морална вистина. Дејството во параболата е веројатно и се поклопува со стварниот живот, бидејќи носители на дејството се луѓето. Како и басната, параболата има пренесено, алегорично значење, само што во неа алегоријата не се разрешува, како што понекогаш изгледа во басна, бидејќи може лесно да се погоди. Исто како и басната, параболата може да се напише во стих или проза.

Сцена од Параболата за блудниот син.

Познати се параболите од Светото писмо: за сејачот и семето, за блудниот син, за милостивиот Самарјанин. Параболата се појавува и во фикцијата. Параболи пишувале и големите писатели: Гелерт, Хердер, Гете, Шилер, Шамисо, Толстој, итн.

Поврзано

уреди