Икар (ѕвезда)

ѕвезда во соѕвездието Лав

Икар (MACS J1149+2223 Lensed Star 1 или MACS J1149 LS1) — поранешна сина суперџиновска ѕвезда во соѕвездието Лав. Го зазема 9. место по оддалеченост на 9 милијарди светлосни години од Земјата (црв. помест. z=1,49).[2][3][4][5][6][7] Нејзината светлина е израчена 14,4 милијарди години по Големата експлозија.[6] Според сооткривачот Патрик Кели, оваа ѕвезда е барем стотина пати подалечна од следната најдалечна ѕвезда (која не е супернова), и претставува првата поединечна ѕвезда видена со увеличување.[3][6]

Икар
MACS J1149 Lensed Star 1

Снимките на кои е откриена ѕвездата Икар
Податоци од набљудување
Епоха J2000[1]      Рамноденица J2000[1]
Соѕвездие Лав[1][2]
Ректасцензија 11ч 49м &1000000000000354500000035,45с (приб.)[1]
Деклинација 22° 23′ &1000000000000448400000044,84″ (приб.)[1]
Особености
Спектрален тип B[2]
Податоци
Температура11.000 - 14.000[2] K
Други ознаки
Наводи во бази
SIMBADJ1149 Lensed Star 1 — податоци
Споредба на спектарот на Икар со спектар на модел на син суперџин.

Преглед

уреди

Ѕвездата е откриена при проучувањето на суперновата SN Рефсдал со вселенскиот телескоп „Хабл“. Собирањето слики од оваа супернова почнало во 2004 г. но овој извор светлина е откриен неодамна, од сликите направени во 2013 г. и истиот станал посјаен во 2016 г. Утврдено е дека точкестиот извор е осамена ѕвезда увеличена за 2.000 пати со гравитациска леќа.[2][3][4][5][6][8] Светлината од LS1 е увеличена не само поради огромната вкупна маса на галактичкото јато MACS J1149+2223 (оддалечено 5 милијарди светлосни години), туку и од компактниот објект од три Сончеви маси во состав на самото јато кој поминал преку видното поле — појава наречена гравитациска микролеќа.[6][8][9] При нормални услови, од оваа далечина можат да се пронајдат само објекти како цели галаксии или супернови, но во овој случај светлината била достатно зголемена поради микролеќата. Не забележувајќи колебање во температурата, заклучено е дека светлината доаѓа од стабилна ѕвезда наместо од супернова. Температурата исто така им овозможила на астрономите да ја класификуваат ѕвездата како син суперџин.[10]

Забележаната светлина од ѕвездата потекнува од времето кога вселената била четирипати помлада од денес (13,8 милијарди години). Се претпоставува дека сличните откритија на микролеќи ќе помогнат во откривањето на најраните ѕвезди во вселената.[10] Икар повеќе не постои како син суперџин, знаејќи го животниот век на ваквите ѕвезди.[10]

Ѕвездата е нарчена по истоимената личност од старогрчката митологија.[7]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Kelly, P. L.; и др. (2015). „Multiple images of a highly magnified supernova formed by an early-type cluster galaxy lens“. Science. 347 (6226): 1123–1126. arXiv:1411.6009. Bibcode:2015Sci...347.1123K. doi:10.1126/science.aaa3350. PMID 25745167.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Kelly, Patrick L; и др. (2 April 2018). „Extreme magnification of an individual star at redshift 1.5 by a galaxy-cluster lens“. Nature. 2: 334–342. doi:10.1038/s41550-018-0430-3. Посетено на 2 April 2018.
  3. 3,0 3,1 3,2 Jenkins, Ann; Villard, Ray; Kelly, Patrick (2 April 2018). „Hubble Uncovers the Farthest Star Ever Seen“. NASA. Посетено на 2 April 2018.
  4. 4,0 4,1 Howell, Elizabeth (2 April 2018). „Rare Cosmic Alignment Reveals Most Distant Star Ever Seen“. Space.com. Посетено на 2 April 2018.
  5. 5,0 5,1 Sanders, Robert (2 April 2018). „Hubble peers through cosmic lens to capture most distant star ever seen“. Berkeley News. Посетено на 2 April 2018.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 Parks, Jake (2 April 2018). „Hubble spots farthest star ever seen“. Astronomy. Посетено на 2 April 2018.
  7. 7,0 7,1 Dunham, Will (2 April 2018). „Most distant star ever detected sits halfway across the universe“. Reuters. Посетено на 3 April 2018.
  8. 8,0 8,1 Diego, J.M.; и др. (2 April 2018). „Dark Matter Under the Microscope: Constraining compact dark matter with caustic crossing events“. ApJ. doi:10.3847/1538-4357/aab617. Посетено на 3 April 2018.
  9. „Hubble uses cosmic lens to discover most distant star ever observed“. Mathias Jäger. spacetelescope.org. 2 April 2018. Архивирано од изворникот на 2018-05-29. Посетено на 3 April 2018.
  10. 10,0 10,1 10,2 Guarino, Ben (3 April 2018). „This star is the farthest ever seen. It's 9 billion light-years away“. The Washington Post. Посетено на 3 April 2018.

Надворешни врски

уреди