Душко Поповиќ (српски: Душко Поповић; Врање, Србија, 3 јануари 1913 - Тирана, Албанија, 17 мај 1943)[1] бил македонски и југословенски комунист и партизан.

Душко Поповиќ
Душко Поповић
Роден 3 јануари 1913
Врање,  Србија
Починал 17 мај 1943
Тирана,  Албанија
Занимање комунист и партизан
Споменик на местото каде била куќата на Поповиќ во Скопје

Животопис

уреди

Поповиќ е роден во Врање, Србија во 1913 година. Имал нешто повеќе од една година кога неговото семејство се преселило во Скопје. Завршил основно училиште и гимназија во Скопје, а во 1932 година се запишал на Филозофскиот факултет во Скопје. Во 1934 година е примен за член на КПЈ. Како студент активно работел во движењето на напредните студенти. Правилно ја разбрал ситуацијата во која се наоѓал македонскиот народ, чие револуционерно минато добро го познавал. Со својата неуморна работа придонесол за правилното ориентирање на напредната македонска интелигенција. Како и многу други, силно ги чувствувал тешкотиите на кои биле изложени работните маси од градот и селото. Како истакнат организатор против режимот, полицијата постојано го гонела.[2] На 26 јануари 1935 година е уапсен и во јуни 1935 година е осуден на една и пол година затвор. Казната ја издржувал во Сремска Митровица. Од затвор излегува на 27 јули 1936 година.[3] По издржувањето на казната неуморно работел за организационо зацврстување на студентското движење. По негова иницијатива бил организиран првиот состанок на студентите од сите градови на Македонија, што се одржал во летото 1936 година во Охрид. Кога германските нацисти ја нападнале Чехословачка во 1938 година, станал еден од организаторите на акцијата за пријавување на доброволци за одбрана и помош на народот од оваа земја. И самиот се јавил за доброволец, заедно со неколку стотини младинци. Во наредната 1939 година, придонел да се осудат италијанските фашисти, кои ја нападнале и ја окупирале Албанија.[2] Во 1939 година станува член на редакцијата на „Наша реч“. Бил организатор на протестните демонстрации. Учествувал на општонародните демонстрации од 27 март 1941 година во Скопје.

Окупација на Македонија

уреди

По окупацијата на Македонија во 1941 година преминал во илегала и делувал прво во Скопје, а од есента 1941 година во Западна Македонија, во Гостивар. Во 1943 година бил еден од организаторите на Мавровско-гостиварскиот партизански одред „Кораб“ и негов инструктор. На 27 април 1943 година е уапсен по битката со балистите во Ново Село, Гостиварско. Спроведен е во затворот во Тирана, осуден е на смрт и е обесен на 17 мај 1943 година, заедно со петмина други соборци.[3] По повод неговата ликвидација, албанското население протестирало и демонстрирало по улиците на Тирана.[2]

Во негова чест неколку македонски улици го носат неговото име, а на местото каде што била неговата куќа во Скопје, во Ново Маало, е поставено спомен-обележје.[4]

Наводи

уреди
  1. Дејан Алексиќ „Душко Поповиќ-Ѓоко: прилог кон биографијата“, Скопје, 1985, 69 стр.
  2. 2,0 2,1 2,2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 116–117. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. 3,0 3,1 Антун Колендиќ „Рацин на робија“
  4. Крсто Здравковски „Да не се заборави: споменици и спомен белези од НОВ во Скопје“, Скопје, 1982, 90-91 стр.