Димитриј Димитриевски

македонски фудбалер

Димитриј Димитриевски (роден на 11 јули 2002 година) ― македонски средишен фудбалер. Тој е брат близнак на фудбалерот Михаил Димитриевски.

Димитриј Димитриевски
Димитриј Димитриевски како играч на Брегалница 2008
Лични податоци
Роден на 11 јули 2002(2002-07-11)(22 г.)
Роден во Велес, Македонија
Висина 1.75 м
Позиција Среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Брегалница 2008
Младинска кариера
2017-2019 Њу Старс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2019-2021 Њу Старс
2021 Македонија Ѓорче Петров 1932
2022 Кит-Го Пехчево
2022- Брегалница 2008

Клупска кариера

уреди

Во 2017 година, Димитриевски се приклучил во младинските категории на Њу Старс од Скопје.

Во почетокот на 2019 година, односно во втората половина на сезоната 2018/19, Димитриевски заиграл за сениорскиот состав на Њу Старс која во моментот играл во четвртата по ранг ОФЛ Скопје. За време на сезоната 2019/20, Поради ширењето на пандемијата на COVID-19 од вирусот SARS-CoV-2, Фудбалската федерација на Македонија на 12 март 2020 одлучила, поради безбедноста на фудбалските работници, привремено да ги суспендира Општинските лиги и останатите натпреварувања организирани од Федерацијата.[1] Димитриевски и Њу Старс, како првопласирани при прекинот, биле извлечени да бидат унапредени во Третата лига.[2] Во сезоната 2020/21, како и сите екипи, Димитриевски и Њу Старс не ја довршиле сезоната поради задолжителните тестови за КОВИД-19.[3] Во август 2021 година, тој се преселил во Македонија Ѓорче Петров 1932 кој бил прволигаш.[4] Таму не останал долго бидејќи на полусезоната се преселил во второлигашот Кит-Го Пехчево. Во летото 2022 година, се преселил во прволигашот Брегалница 2008.[5] Следната сезона продолжил во штипскиот клуб.[6]

Наводи

уреди
  1. „Државното првенство во сите конкуренции се прекинува на неодредено време“. Фудбалска федерација на Македонија. 12 март 2020. Архивирано од изворникот на 2020-03-13. Посетено на 9 август 2023.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. „Draw for filling the 3.MFL North made“. macedonianfootball.com. 6 август 2020. Архивирано од изворникот на 2020-08-15. Посетено на 9 август 2023.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  3. „Фудбалските лиги повторно пред прекин?“. kajgana.com. 22 април 2021. Архивирано од изворникот на 2021-05-13. Посетено на 9 август 2023.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  4. „Бразилец доаѓа во Македонија Ѓорче Петров“. lider.mk. 7 август 2021. Архивирано од изворникот 2023-08-09. Посетено на 9 август 2023.
  5. „Евро-гол на Димитриевски, Брегалница го победи Пелистер со 3-1“. ekipa.mk. 4 февруари 2023. Архивирано од изворникот 2023-08-09. Посетено на 9 август 2023.
  6. Горан Упале (6 август 2023). „Димитриевски и Андерсон стрелаа, Брегалница го надигра Силекс во Штип!“. gol.mk. Архивирано од изворникот 2023-08-06. Посетено на 9 август 2023.

Надворешни врски

уреди