Михаил Димитриевски

македонски фудбалер

Михаил Димитриевски (роден на 11 јули 2002 година) ― македонски одбранбен фудбалер. Тој е брат близнак на фудбалерот Димитриј Димитриевски.

Михаил Димитриевски
Михаил Димитриевски како играч на Брегалница 2008
Лични податоци
Роден на 11 јули 2002(2002-07-11)(22 г.)
Роден во Велес, Македонија
Висина 1.87 м[1]
Позиција Одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Брегалница 2008
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
-2021 Њу Старс
2021 Локомотива Бентоекспорт
2022 Кит-Го Пехчево
2022- Брегалница 2008
Репрезентација
2023 Македонија под 21 година

Клупска кариера

уреди

Како играч на третолигашот Њу Старс,[2] за време на сезоната 2020/21, како и сите екипи, Димитриевски и Њу Старс не ја довршиле сезоната поради задолжителните тестови за КОВИД-19.[3] Во август 2021 година, тој се преселил во Локомотива Бентоекспорт[2] и таму бил до крајот на првата полусезона. Во втората полусезона, во јануари, Димитриевски прво заминал во второлигашот Кит-Го Пехчево[2] и останал таму еден месец. Во февруари 2022 година, тој се префрлил во прволигашот Брегалница 2008. За сезоната 2022/23, во јуни 2022 година, Димитриевски потпишал професионален договор.[2] Следната сезона продолжил да игра во дресот на Брегалница 2008.[4]

Репрезентативна кариера

уреди

Во 2023 година, Димитриевски бил дел од македонската репрезентација под 21 година.

Наводи

уреди
  1. „4 Михаил Димитриевски“. Брегалница 2008. Архивирано од изворникот 2023-03-23. Посетено на 11 август 2023.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Брегалница ги освежува и младите сили: Професионален договор со Михаил Димитриевски“. kajgana.com. 21 јули 2022. Архивирано од изворникот 2022-07-21. Посетено на 11 август 2023.
  3. „Фудбалските лиги повторно пред прекин?“. kajgana.com. 22 април 2021. Архивирано од изворникот на 2021-05-13. Посетено на 11 август 2023.
  4. Горан Упале (6 август 2023). „Димитриевски и Андерсон стрелаа, Брегалница го надигра Силекс во Штип!“. gol.mk. Архивирано од изворникот 2023-08-06. Посетено на 11 август 2023.

Надворешни врски

уреди