Дидје Ибрагим Н'Донг

Дидје Ибрагим Н'Донггабонски фудбалер, играч од средниот ред на Дижон и на габонската репрезентација.

Дидје Н'Донг
Лични податоци
Роден на 17 јуни 1994(1994-06-17)(29 г.)
Роден во Ламбарене, Габон
Држава Габон Габон
Висина &100000000000001790000001,79 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Дижон Дижон
Број 22
Младинска кариера
Лорјан Лорјан
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2011-2015 КС Сфаксен КС Сфаксен 40 (2)
2015-2016 Лорјан Лорјан 48 (2)
2016-2018 Сандерленд Сандерленд 49 (1)
2018Вотфорд Вотфорд 0 (0)
2018-2019 Генгамп Генгамп 12 (0)
2019- Дижон Дижон 0 (0)
Репрезентација
2013 Габон Габон 20 6 (0)
2015- Габон Габон 20 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 16 јануари 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 16 јануари 2012

Клупска кариера уреди

КС Сфаксен уреди

Роден во Ламбарене, Западен Габон, Н'Донг се преселил во Тунис на многу рана возраст, каде што го ја започнал својата професионална фудбалска кариера играјќи за КС Сфаксен во туниското првенство. Своето професионално деби го направил во сезоната 2011-2012 под водство на тренерот Набил Куки, играјќи како стартер 80 минути во натпревар против Каируан на 26 септември 2012.[1]

Иако тоа бил неговиот единствен настап за сезоната, во текот на следната тој играл многу повеќе под водство на тренерот Руд Крол. Тој бил стартер во 12 од 14 натпревари во лигата (пропуштајќи ги останатите два поради суспензија по заработениот црвен картон во натпреварот од шестото коло против Гафса) и во сите 6 во плејофот постигнувајќи еден гол на 14 април 2014 во победата со 2-0 на гостувањето против Стад Тунисиен и помагајќи му на СФаксен да ја освои осмата титулата во историјата на клубот.[2]

Лорјан уреди

На 3 јануари 2015, Н'Донг потпишал 4 и пол годишен договор со францускиот прволигаш Лорјан.[3] Своето деби го имал на 7 февруари 2015 во победата со 3-1 на гости кај Рем, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Рафидин Абдула во 70-тата минута од натпреварот.[4] Својата прва полусезона во Европа ја завршил со 12 настапи сите во француското првенство.

Следната сезона бил постојан стартер за Лорјан започнувајќи во 34 натпревари. Својот прв погодок за клубот го постигнал на 20 септември 2015 во победата со 3-2 на гостувањето кај Монако во Лига 1 со прекрасен удар од преку 25 метри далечина.[5] На 7 ноември 2015 тој бил стрелец и во победата над Троја со 4-1 на Стад ду Мустуар.

Сандерленд уреди

На 31 август 2016, тој потпишал перманентен петгодишен договор со Сандерленд, за сума од 13.6 милиони фунти.[6] Со тоа станал најскапиот трансфер на црните мачки во историјата на клубот.

Репрезентативна кариера уреди

Дебитирал за габонската репрезентација во на 14 ноември 2012 година, во пријателски натпревар против Португалија кој завршил 2-2. Играл на Африканскиот куп на нациите во 2015 и 2017.

Хронологија на репрезентативните настапи уреди

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Габон
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
14-11-2012 Либрвил Габон   2 – 2   Португалија Пријателска -   90'
10-01-2013 Вакра Тунис   1 – 1   Габон Пријателска -   63'   83'
08-06-2013 Либрвил Габон   0 – 0   Конго Квал. за СП 2014 -   32'   83'
15-06-2013 Либрвил Габон   4 – 1   Нигер Квал. за СП 2014 -
07-09-2013 Уагадугу Буркина Фасо   1 – 0   Габон Квал. за СП 2014 -
06-09-2014 Либрвил Габон   1 – 0   Ангола Квал. за АКН 2015 -
10-09-2014 Масеру Лесото   1 – 1   Габон Квал. за АКН 2015 -
11-10-2014 Либрвил Габон   2 – 0   Буркина Фасо Квал. за АКН 2015 -
15-10-2014 Уагадугу Буркина Фасо   1 – 1   Габон Квал. за АКН 2015 -
15-11-2014 Луанда Ангола   1 – 1   Габон Квал. за АКН 2015 -   49'
19-11-2014 Либрвил Габон   4 – 2   Лесото Квал. за АКН 2015 -
17-01-2015 Бата Буркина Фасо   0 – 2   Габон Африкански куп на нации 2015 - Прва фаза -   39'  63'
21-01-2015 Бата Габон   0 – 1   Конго Африкански куп на нации 2015 - Прва фаза -   56'
25-01-2015 Бата Габон   0 – 2   Екваторска Гвинеја Африкански куп на нации 2015 - Прва фаза -   69'
30-03-2015 Либрвил Габон   0 – 0   Белорусија Пријателска -
11-11-2015 Мапуто Мозамбик   1 – 0   Габон Квал. за СП 2018 -
14-11-2015 Либрвил Габон   1 – 0
(4 – 3 пен.)
  Мозамбик Квал. за СП 2018 -
25-3-2016 Франсвил Габон   2 – 1   Сиера Леоне Пријателска -
8-10-2016 Франсвил Габон   0 – 0   Мароко Квал. за СП 2018 -   76'
14-01-2017 Либрвил Габон   1 – 1   Гвинеја-Бисао Африкански куп на нации 2017 - Прва фаза -
Вкупно Настапи 20 Голови 0

Клупска статистика уреди

Статистиката е ажурирана на 15 јануари 2017.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2011-2012   Сфаксен Л1 1 0 КT 0 0 - - - - - - 1 0
2012-2013 Л1 12+6[7] 1+0 КТ 0 0 - - - - - - 18 1
2013-2014 Л1 16 1 КТ 8 1 ЛШ 8 0 КС 0 0 32 2
2014-2015 јан. Л1 5 0 КТ 0 0 - - - - - - 5 0
Вкупно Сфаксен 40 2 8 1 8 0 0 0 56 3
јан. 2014-2015   Лорјан Л1 12 0 КФ+ЛКФ 0+0 0+0 - - - - - - 12 0
2015-2016 Л1 34 2 КФ+ЛКФ 5+1 0+0 - - - - - - 40 2
авг. 2016 Л1 2 0 КФ+ЛКФ 0+0 0+0 - - - - - - 2 0
Вкупно Лорјан 48 2 6 0 - - - - 54 2
2016-2017   Сандерленд ПЛ 16 0 ФА+ЛК 0+2 0+0 - - - - - - - -
Вкупно во кариерата 104 4 16 1 8 0 0 0 128 5

Титули уреди

  КС Сфаксен уреди

Наводи уреди

  1. „LiveTicker: JS Kairouan - Club Sportif Sfaxien“. Worldfootball.net. Посетено на 2013-06-25.
  2. „Didier Ibrahim Ndong champion de Tunisie avec le CS Sfaxien“. Les Panthernautes. Архивирано од изворникот на 2015-09-30. Посетено на 2013-06-22.
  3. http://www.bbc.co.uk/sport/0/football/30666857
  4. Stade Reims - FC Lorient 1-3
  5. Голот на Н'Донг против Монако на youtube
  6. http://www.skysports.com/football/news/11695/10559098/sunderland-close-on-didier-ndong-john-ruddy-steven-naismith-and-yann-mvila
  7. 6 настапи во плејофот

Надворешни врски уреди