Шинаси Деребеј
Шинаси Деребеј (турски: Şinasi Derebey; р. 1944 во Штип) — македонско-германски научник и информатичар од турско потекло. Тој е основач на компанијата SAM97 GmbH и Дигиталниот речник на македонскиот јазик.
Шинаси Деребеј Şinasi Derebey | |
---|---|
Деребеј на предавање во МАНУ во 2016 | |
Роден(а) | 1944 Штип, Македонија |
Националност | Турчин |
Државјанство | германско |
Занимање | информатичар |
Познат(а) по | ДРМЈ |
Роден во еснафско турско семејство Деребеј, кое имало три деца: два сина Шинаси и Илкер, и една ќерка Ѓунел. Живееле во Штип до 1958 година, а потоа се преселиле во Скопје. Основно училиште завршил во ОУ „Димитар Влахов“ во Штип, а матурирал во СУ „Цветан Димов“ во Скопје. По Скопскиот земјотрес, Шинаси Деребеј заминал во Берлин, Германија. Студирал и завршил информатика во Дрезден, бил консултант во Сименс, па во Сименс Никсдорф. 12 години престојувал во САД, за повторно да се врати во Сименс во Берлин, а после тоа основал и своја сопствена компанија, SAM97 GmbH, поврзана со информатика и компјутерска лингвистика.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |