Толковен речник на македонскиот јазик
Толковен речник на македонскиот јазик – шесттомен толковник на македонскиот јазик. Речникот е издаден од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во периодот од 2003 до 2014 година под редакција на Кирил Конески (главен уредник), Живко Цветковски и Снежана Велковска (раководител на проектот)[1][2]. Истиот содржи 100 000 збора[2] и е првиот толковен речник на македонскиот јазик. Првиот речник на македонскиот јазик е „Речникот на македонскиот јазик со српскохрватски толкувања“ издаден во периодот од 1961 (I том) до 1966 година (III том) е со српскохрватски толкувања и содржи околу 65 000 збора.
Земја | Македонија |
---|---|
Јазик | македонски |
Издавач | Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ |
Издадена | од 2003 (I том) до 2014 година (VI том) во Скопје |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Речници на семрежното место на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“
- ↑ 2,0 2,1 Толковниот речник ја фиксира лексиката на македонскиот јазик на Дојче веле