Речник на македонската народна поезија

Речник на македонската народна поезија – речник на македонската народна поезија. Досега се издадени три тома, том I (А-Г) во 1983, том II (Д-Ѕ) во 1987 и том III (И-Г) во 1993 година. Издавач е Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ под редакција на Тодор Димитровски[1]

Речник на македонската народна поезија
ЗемјаМакедонија
Јазикмакедонски
Жанрречник
ИздавачИнститут за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Издадена
том I – 1983, том II – 1987, том III – 1993 во Скопје
Страницитом I – XXIV+452, том II – VI+506, том III – 529

Речникот бил планиран да го содржи претежниот дел од лексиката на македонската народна поезија, а негова цел била: [2]

  • да го определи обемот на зборовниот фонд на нашите народни песни и ја посочи употребата и значењата на зборовите во нив, потврдувајќи ги редовно со илустрирани примери;
  • да придонесе за проучување на лексиката на нашиот народно-поетски јазик од повеќе аспекти (лингвистичко-стилистички и др.) – „една опширна и скоро неначната област за изучување“. Приведувајќи ги – посебно кај именките и придавките – синтагмите во кои се вклучува зборовната единица, Речникот дава богат материјал за изучување на метафориката на нашата народна поезија, на нејзините изразни средства;
  • да се покаже дека низа зборови во современиот литературен јазик не се, како што понекаде се мисли, заемки од соседните словенски литературни јазици, туку се зборови што во определена епоха ги снемало од разговорниот јазик, но се зачувале во нашите народни песни;
  • да даде свој придонес во развојот на литературниот (стандардниот) јазик со тоа што ќе изнесе на видело не мал број непознати или подзаборавени зборови коишто, пласирани во пишаната уметничка и друга реч, ќе ја доживеат својата ренесанса.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Речници на семрежното место на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“
  2. Речник на македонската народна поезија. I. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 452.