Честичка (граматика)
Честичка — неменлив збор што се придава на други зборови за да ги засилат или изменат во нивното значење или значењето на целата реченица.
Примери за честички според нивната намена се следните:
- со засилувачко значење: де, бе, ма, барем, пак, меѓутоа, просто;
- за потврдување: да;
- за негирање: не, ни ниту;
- со прашално значење: зар, ли, дали;
- за изделување: само, единствено;
- со количествено значење: точно, токму, скоро, речиси, рамно;
- со начинско: би, да, нека, ќе;
- со придружно: исто така, уште, притоа;
- за компарација: по-, нај- (се пишуваат заедно со зборот)
- со определено значење: имено, токму, баш;
- со неопределено значење: -било, -годе; и
- со показно значење: ете, еве, ене.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |