Систем за варење

(Пренасочено од Дигестивен тракт)

Варење или дигестија претставува сложен физиолошки процес, каде што хранливите материи, под влијание на физичката и хемиската обработка се претвораат во форми погодни за ресорпција и транспорт преку крвта и лимфата. Механичка преработка на храната се состои во ситнењето, влажнењето, мешањето и растворање на нејзините состојки. Хемиска преработка се состои од сложен низ последователни процеси, до разложување на сложените молекули на јаглехидратите, мастите и белковините до попрости хемиски соединенија погодни за ресорпција и транспорт преку крвта и лимфата.

Човековиот систем за варење

Органи за варење

уреди

Органите на системот за варење можат да се поделат на две групи:

Дигестивни ферменти

уреди

Разградувањето на хранливите материи надвор од организмот може да се оствари на високи температури и во присуство на силни бази или киселини. Меѓутоа, истите материи лесно и релативно брзо се разложуваат во дигестивниот систем под влијание на дигестивните сокови. Јаглехидратите се распаѓаат на моносахариди, белковините на аминокиселини, а мастите на глицерол и масни киселини. Ваквото лесно и брзо разградување на хранливите материи се должи на присуството на специфични материи во дигестивните сокови, наречени ферменти.Ферментите од дигестивниот тракт се делат на три групи.

  • амилази - Учествуваат во разградбата на јаглехидратите;
  • протеази - Учествуваат во разградбата на белковините;
  • липази - Учествуваат во разградбата на мастите.

Варење во усната празнина

уреди

По внесување на храната во усната празнина прво се определува вкусот, од што зависи дали храната ќе биде задржана или отстранета.
Во усната празнина започнува варење на храната. Нејзиниот престој во усната празнина е кус и трае 10-20 секунди. Храната трпи механичка и хемиска обработка. Физичката обработка на храната се состои во нејзиното ситнење (џвакање). При џвакањето храната се навлажнува со плунка.
Плунката (салива) претставува секрет на три пара плунковни жлезди, доушни, подвилични, подјазични. Плунката претставува бистра, безбојна, лесно леплива течност со реакција која може да биде лесно алкална и лесно кисела. Најголем дел од плунката отпаѓа на вода (98, 5-99 %). Остатокот го сочунуваат неорганските материи. Неорганските материи се состојат од солите на натриум, калиум, калциум и др. Во плунката се наоѓа лесно леплива материја муцин. Во процесот на џвакањето храната се натопува со плунка и се формира залак (болус) површината на залакот се обложува со плунка, а присуството на муцинот во залакот му овозможува лесно лизгање низ голтникот и хранопроводот.

Плунковните жлезди лачат фермент птијалин или амилаза. Во присуство на овој фермент, скробот амулум се разлага до дисахаридот малтоза.

Голтање

уреди

Голтањето претставува сложен физиолошки акт и се дели на три фази.

  • букална (волева);
  • фариенгална (волева);
  • езофагеална (рефлексна).
Желудник
 
Желудникот во човечкото тело.
 
Податоци
живецceliac ganglia, vagus
Лимфаceliac preaortic lymph nodes
Назнаки
ЛатинскиVentricular
СтарогрчкиGaster
MeSHA03.556.875.875
TAA05.0.00.000
THH3.04
FMAFMA:7152

Варење во желудникот

уреди

Желудникот претставува дел од дигестивниот тракт сместен меѓу хранопроводот и тенкото црево. Тој служи како резервоар за храна, а во исто време и како место каде што храната се меша со желудочниот сок. Создадената полутечна мешавина на храна со желудочниот сок се нарекува химус. Во желудникот се врши и разложување на некои хранливи материи под дејство на ензими. Храната во желудникот се задржува 4-10 часа.
Желудечен сок. Жлездите на желудочната лигавица дневно лачат околу 1 - 1,5 литри сок. Лачењето е постојано, а во тек на процесот на варење на храна тоа се засилува.
Постојат три вида желудочни клетки.

  • главни - лачат ензими (главно пепсин);
  • обложни - лачат хлороводородна киселина (HCl);
  • споредни - лачат лигава материја наречена муцин.

Желудочен сок е бистра, безбојна течност со силно кисел вкус. Главните состојки на желудочниот сок се: вода, минерални материи, хлороводородна киселина, ферменти и ...
Желудочниот сок содржи три ферменти.

  • пепсин - пепсинот е протеолитичен фермент. Тој ја започнува разградбата на белковините до албумози и пептони, а целосно разградување се остварува под влијание на протеолитичките ферменти присутни во панкреасниот сок;
  • лабфермент - лабферментот е задолжен за згрутчување и засирување на млекото;
  • липаза - липазата (липолитичен фермент) од желудечниот сок зема учество во варењето на емулгираните масти од млекото разградувајќи ги со глицерин и масни киселини.
    Останатите масти се разградуваат во тенкото црево под влијание на цревната и панкреасната липаза. Улогата на муцинот се состои во чувањето на желудочната лигавица од дејството на хлороводородната киселина.

Механизам на лачење на желудочниот сок

уреди

При внесување на храната лачењето на желудочниот сок станува пообилно и се остварува во три фази: ```цефалична```, ```желудочна``` и ```цревна```.

Цефалична

уреди

Цефаличната фаза претставува сложена, рефлексна фаза на секреторната активност на желудникот. Разговор, пријатен мирис или гледање на некое вкусно јадење, предизвикуваат кај гладен човек засилено лачење на желудочниот сок. Тоа е т.н. условно рефлекторно лачење на желудочниот сок или психичко лачење, бидејќи лачењето започнува пред храната да навлезе во дигестивниот систем. По внесувањето на храната во усната празнина, таа ги дразни рецепторите што се сместени во усната лигавица, а создадените импулси по нервен пат се пренесуваат до соодветните центри во продолжениот мозок. Од продолжениот мозок, преку нервус вагус, стимулирачките импулси се носат до жлездите во желудникот. Цефаличната фаза е безусловна.

Желудочна или хемиска

уреди

Со навлегувањето на храната во желудникот, по пат на механичко дразнење на желудочна лигавица ја засилува нејзината секреција. Освен тоа некои материи од храната или некои производи на нејзиното разградување, дејствуваат врз лигавицата во желудникот што доведува до продукција и ослободување на хормонот гастрин. Гастринот преку крвта доаѓа до желудочните жлезди и ги симулира да создаваат поголеми количини на желудочен сок.

Цревна фаза

уреди

Храната и производите од нејзиното варење, навлегуваат во тенкото црево и влијаат врз лачењето на желудочниот сок, било по нервен или по хуморален пат.
Преку ентерогастричкиот рефлекс , во кој земаат учество и симпатичките нерви и вагус се врши инхибиција на желудочната секреција. Таа се остварува и по хумотален пат, преку хормонот ентерогастрон. Инхибиторното дејство врз желудочната секреција имаат уште два вида хормона: секретин и холецистокинин-панкреозимин.

Моторни функции на желудникот

уреди

Мускулните финкции на желидникот се трикратни:

  • желудникот служи како резервоар на големи количества храна сè до моментот на нејзиното префрлање во дисталните делови на гастроинтестиналниот тракт;
  • мешање на храната со желудочните секрети и создавање на полуцврста кашеста маса - химус;
  • бавен транспорт на храната од желудникот до дванаесетпалечното црево.

Постојат два вида движења: тонички и перисталитички.
Мускулатурата на желидникот се наоѓа во состојба на постојана напнатост (тонус) дури и во случаи кога е наполно празен. Со навлегувањето на храната во желудникот, неговите мускулни влакна се истегнуваат, а со тоа се зболемува и волуменот на желудочната празнина. Ова истегање на мускулните влакна не го менува тонусот на желудочната мускулатура без оглед дали е празен или полн.
Улогата на тоничките движења кои се појавуваат на секои 20 секунди се состои во мешање на храната, додека паристалтичките движења имаат за цел да ја туркаат и исфрлаат храната од желудникот. Бројот на паристалтичките движења изнесува 3 – 6 во минута.

Празнење на желудникот

уреди

Празнење на желудникот се остварува во порции, а зависи од количината и хемискиот состав на химусот. Навлегувањето на првата количина од химусот во дванаесетпалечното црево дејствува по механички (рефлекс преку вагус) и хемиски пат (ентерогастрон и секретин) врз понатаможното празнење на желудникот. Празнењето на желудникот е забавено во случаи кога химусот е покусел отколку што е нотмално, кога содржи повеќе маснотии и белковини или доколку е хипертоничен или хипотоничен. Брзината на празнењето на желудникот зависи од видот на храната.

Повраќање

уреди

Повраќање (вомитус) претставува сложен рефлексен акт со кој содржината на желудникот, а делумно и од почетниот дел од цревата се исфрла надвор преку устата. Понекогаш дел од содржината се исфрла и преку носните отвори. Пред повраќањето човекот чувствува мака,гадење и изнемоштеност. Ова чувство е придружено со бледило, потење и зголемено лачење на плунката. Поттик за повраќање се јавува при дразнење на голтникот, коренот на јазикот, лигавицата на желудникот, цревата итн. Импулсите се пренесуваат до центарот за повраќање во продолжениот мозок, а од тука еферентните нерви до мускулите што учествуваат во актот на повраќање. Повраќањето започнува со отворање на кардијалниот сфинктер, поради силната мускулна контракција од предниот абдомијален ѕид со што желудникот се потиснува кон дијафрагмата. Желудочната содржина, преку отворената кардија се уфрлува во хранопроводот, низ кој со антиперисталтичките движења содржината се пренесува во голтник, усна празнина и најпосле се исфрла на надвор.

Варење во дванаесетпалечното црево

уреди

Врз хранливата каша (химус) што доаѓа од желудникот во дваесетпалечното црево дејствуваат жолчката, цревниот и панкреасниот сок.
Улогата на дванаесетпалечното црево и другиот дел од тенкото црево е значајна, бидејќи во нив продолжува варењето на хранливите материи. Под влијание на цревните и панкреасните сокови, хранливите материи, белковините, маснотиите и јаглехидратите се разложуваат до материи погодни за ресорпција преку крвта и лимфата.

Надворешни врски

уреди

Варење на храната Архивирано на 31 мај 2012 г.

Дигестивен систем - видео анимација Архивирано на 18 август 2013 г.

  1. Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование - стр. 56