Споменик „Илинден“

споменичен комплекс во Крушево
(Пренасочено од Македониум)

„Илинден“ или Македониум — споменички комплекс во Крушево. Споменикот бил откриен на 2 август 1974 година на денот на триесетгодишнината на заседанието на АСНОМ и 71 годишнина од Илинденското Востание.[1] Споменикот е создаден од страна на Јордан Грабулоски и Искра Грабулоска. Споменикот ја означува непокорноста, борбата и вечната стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава.

Споменик „Илинден“
Македониум
Македониум - Крушево.jpg
Споменикот Илинден
Карта
Општи податоци
ГрадКрушево
ЗемјаРепублика Македонија
СопственикОпштина Крушево
Проектирање и изградба
ИнженерЈордан Грабулоски и Искра Грабулоска

Споменикот Илинден се протега на 12 хектари и формата започнува со раскинати пранги продолжува преку криптата и колоритно – мозаичната керамопластична сцената, па завршува со купола извишена 1320 метри надморска височина, од каде се протега инзвореден поглед кон градот Крушево. Внатрешноста на куполата импресионира со своите релјефи, витражите со вечниот пламен и звуците на ораториумот „Сонце на прастарата земја“ од Тома Прошев. Денес во самата купола се наоѓа гробот на Никола Карев и споменица и биста на Тоше Проески.

ГалеријаУреди

НаводиУреди

  1. „Споменик „Илинден" Крушево“. www.visitpelagonia.mk. Архивирано од изворникот на 2013-07-09. Посетено на 2012-08-02.

Надворешни врскиУреди