Требенишко кале
„Требенишко кале“
| |
Местоположба | 41°12′11″N 20°46′06″E / 41.20306° СГШ; 20.76833° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Требеништа |
Општина | Дебрца |
Тип |
|
Период | бронзено време |
железно време | |
хеленистичко време | |
римско време | |
Портал „Археологија“ |
Требенишко кале — археолошко наоѓалиште во селото Требеништа, Општина Дебрца. Претставува утврдена населба од бронзеното, железното, хеленистичкото и римското време.[1]
На југоисточната страна над селото се издига висок рид со надморска височина од 1.080 м, со кој практично завршува Вишовска Планина. Врвот му е зарамнет и на него се гледаат остатоци од ѕидови на тврдина, градена од кршен камен и варов малтер, на кои се распознаваат неколку фази на градба и интервенции. По целата површина на населбата се забележуваат фрагменти од керамички садови од различна временска и културна провениенција. Оние во средиштето се од неолитското, бронзеното и железното време, а оние по падините од јужната и западната страна од хеленистичкото и римското време. На понискиот дел од јужната падина се наоѓа некропола на која со ископувањата во 1953/54 година биле откриени и истражени 17 гробни целости, а на повисокиот дел од истата падина била пронајдена римска некропола. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Охрид.[2]
Поврзано
уреди- Алистрати — средновековна црква и некропола;
- Дере - Кај Чешмата — населба од бронзеното време;
- Забрдо — населба од железното време, населба и некропола од хеленистичкото и римското време и населба од раниот Среден век;
- Св. Мартинија — старохристијански сакрален објект;
- Црква — раносредновековна некропола;
- Црквиште — средновековна црква;
- Требеништа — античка некропола;
- Требеништа;
- Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
уреди- ↑ Дебрца
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 277, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069