Деметриос Викелас

(Пренасочено од Деметриус Викелас)

Деметриос Викелас, а познат и како Бикелас (грчки: Δημήτριος Βικέλας; 15 февруари 1835[1] - 20 јули 1908) — грчки стопанственик и писател. Тој бил првиот претседател на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), од 1894 до 1896[2].

Деметриус Викелас

Роден е во Ермуполи на островот Сирос, во семејство со потекло од Бер, Егејска Македонија. По поминатото детство во Грција и Цариград, тој си ја пробал среќата во Лондон, каде што се оженил. Тогаш, тој се преселил во Париз на сметка на жена му. Оставајќи го бизнисот, се оддал на литературата и историјата. Пишувал и издал бројни новели, раскази и есеи коишто му доделиле висок углед. Бидејќи стекнал висок углед и живеел во Париз, Викелас бил избран за претставник на Грција на конгресот свикан од барон Пјер де Кубертен во јуни 1894 година. На конгресот било решено да се обноват Олимписките игри во Атина 1896 година, а за претседател на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) бил избран токму Деметриос Викелас. На таа функција останал до 1896 година по што останал да живее во Атина сè до неговата смрт во 1908 година.

Наводи

уреди
  1. Некои извори го користат датумот 1832 година (Llewellyn Smith, Olympics in Athens., 84)
  2. Findling, John E.; Pelle, Kimberly D.; Pelle, Kimberly D. (1996). Historical Dictionary of the Modern Olympic Movement (англиски). Greenwood Publishing Group. стр. 346. ISBN 978-0-313-28477-9. Demetrios Vikelas ... was the first president of the IOC. The creation of the IOC and his election as president in 1894 constitute the beginning of the modern Olympic movement.


Претседатели на МОК

Деметриос Викелас (1894–1896) | Пјер де Кубертен (1896–1925) | Годфроа де Блоне (1916–1919) | Анри де Баје-Латур (1925–1942) | Зигфрид Едстрем (1942–1952) | Ејвори Брендиџ (1952–1972) | Лорд Киланин (1972–1980) | Хуан Антонио Самаранч (1980–2001) | Жак Рог (2001–2013) | Томас Бах (2013–-)