Александров мозаик

Александровиот мозаик, или Битката кај Ис, е римски поден мозаик откриен во куќата на Фаун во Помпеја, Италија.

Александров мозаик
Творец Филоксен или Апел од Кос (ориг. дело)
Година ок. 120-100 BC
Вид Мозаик
Димензии 272 см × 513 см
Место Национален археолошки музеј, Неапол, Италија

Обично е датиран помеѓу ок. 120 и 100 година п.н.е.[1] и ја прикажува битката помеѓу војските на Александар Велики и Дариј III од Персија.[2] Ова уметничко дело е комбинација на различни уметнички традиции како што се италски, хеленистички и римски. Мозаикот се смета за „римски“ врз основа на поширокиот контекст на времето и неговата локација во тогашната Римска Република.[1] Оригиналот се чува во Националниот археолошки музеј во Неапол. Се смета дека мозаикот е копија на постаро дело од доцниот 4ти или почетокот на 3-от век п.н.е., кое можеби било изработено од Филоксен или Апел од Кос.[3]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Cohen, Ada (1997). The Alexander Mosaic: Stories of Victory and Defeat. Fordham University Libraries: Cambridge University Press. стр. 1. ISBN 0-521-56339-9.
  2. Honour, H. and J. Fleming, (2009) A World History of Art. 7th edn. London: Laurence King Publishing, p. 178. ISBN 9781856695848
  3. Woodford, Susan. (1982) The Art of Greece and Rome. Cambridge: Cambridge University Press, p. 67. ISBN 0521298733