Сисигамба била мајката на персискиот крал Дариј III, чие царство било освоено од Александар III Македонски.

Сисигамба на сликата Семејството на Дариј пред Александар од Паоло Веронезе, 1570

Во Битката кај Ис (333 п.н.е.), персиската војска била поразена и Дариј се дал во бегство, оставајќи го својот харем заедно со неговата жена Статеира I, мајката и децата, на милост и немилост на Александар. Квинт Куртиј Руф нѐ информира за реакцијата на Сисигамба за ова напуштање; Таа никогаш не му простила на Дариј, а кога била повикана да ја жали смртта на својот син таа рекла: „Имам само еден син (Александар) - кралот на сета Персија“. Подоцна таа ја омажила нејзината внука за Александар, а кога чула за неговата смрт, Сисигамба се запечатила во нејзините одаи и умрела од жалост и глад.

Поврзано

уреди