Давид Калпачки

македонски фудбалер

Давид Калпачки (роден на 1 јуни 2000 година) ― македонски средишен фудбалер.

Давид Калпачки
Давид Калпачки како играч на Брегалница 2008
Лични податоци
Роден на 1 јуни 2000(2000-06-01)(24 г.)
Роден во Берово, Македонија
Висина 1.76 м
Позиција Среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Брегалница 2008
Младинска кариера
2013-2017 Хоризонт Турново
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2017-2021 Беласица
2021-2022 Крка
2022 Скопје
2023 Брегалница 2008
Репрезентација
Македонија под 21 година

Клупска кариера

уреди

Во 2013 година се приклучил во младинските категории на Хоризонт Турново и таму бил до 2017 година. Во втората половина на 2016/17, тој се преселил во третолигашот Беласица. Таа сезона, Калпачки со Беласица станал првак во Третата лига - Исток и се унапредиле во Втората лига - Исток. Во сезоната 2017/18, Калпачки и Беласица станале прваци и обезбедиле директен пласман во Првата лига. Сезоната 2018/19, Беласица завршила на претпоследното 9. место, и со тоа Калпачки и неговата екипа, повторно се вратиле во Втората лига. Во сезоната 2019/20, поради ширењето на пандемијата на COVID-19 од вирусот SARS-CoV-2, Фудбалската федерација на Македонија на 12 март 2020 (после 17 одиграни кола) одлучила, поради безбедноста на фудбалските работници, привремено да ја суспендира Втората лига и останатите натпреварувања организирани од Федерацијата.[1] На 26 мај, Федерацијата одлучила дека Првенството воопшто нема да се продолжи.[2][3] Три дена подоцна, Федерацијата одлучила дека првите моментално пласирани екипи од лигите, Пелистер и Беласица, ќе бидат унапредени.[4][5] Со тоа, Калпачки станал прволигашки фудбалер. Калпачки и Беласица, повторно, не успеале да опстојат во Првата лига бидејќи завршиле на последното 12. место во сезоната 2020/21. Во јули 2021 година, тој се преселил во словенечка Крка, екипа која играла во Втората словенечка лига, и таму останал една сезона. Сезоната 2022/23, Калпачки се вратил во Македонија и потпишал за прволигашот Скопје. Таму не останал долго бидејќи во втората половина на истата сезона, се преселил во Брегалница 2008.[6][7] Со Брегалница 2008 продолжил да настапува во сезоната 2023/24.

Репрезентативна кариера

уреди

Тој бил член на македонската репрезентација под 21 година.[6][8]

Почести

уреди

Наводи

уреди
  1. „Државното првенство во сите конкуренции се прекинува на неодредено време“. Фудбалска федерација на Македонија преку web.archive.org. 12 март 2020. Архивирано од изворникот на 2020-03-13. Посетено на 9 август 2023.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. „ФФМ одлучи: Првата лига продолжува со плеј-оф и плеј-аут, без испаѓање“. ekipa.mk преку web.archive.org. 26 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-27. Посетено на 9 август 2023.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  3. „ОФИЦИЈАЛНО: ПМФЛ продолжува, ќе се игра цело лето и БЕЗ ИСПАЃАЊЕ!“. gol.mk преку web.archive.org. 26 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-27. Посетено на 9 август 2023.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  4. „УО на ФФМ: Првата лига ќе заврши со плеј-оф и плеј-аут, следната сезона ПМФЛ со 12 екипи“. ekipa.mk преку web.archive.org. 29 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-02. Посетено на 9 август 2023.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  5. „ПМФЛ ќе брои 12 екипи, Пелистер и Беласица повратници во елитата!“. gol.mk преку web.archive.org. 29 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-02. Посетено на 9 август 2023.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  6. 6,0 6,1 „Давид Калпачки, прво засилување за Брегалница за пролетниот дел од шампионатот“. maskimagazin.faktor.mk. 2 јануари 2023. Посетено на 9 август 2023.
  7. „Давид Калпачки, прво засилување на Брегалница“. televizijastar.com. 3 јануари 2023. Архивирано од изворникот 2023-08-09. Посетено на 9 август 2023.
  8. „КАЛПАЧКИ И ИВАНОВСКИ ВО 🇲🇰 У21!“. Беласица. 22 декември 2020. Посетено на 9 август 2023.

Надворешни врски

уреди