Грегори Џејмс "Грег" Радерфорд, РБИ (роден на 17 ноември 1986 г.)[2][3] е британски атлетичар кој се натпреварува во дисциплината скок во далечина, а исто така се натпреварува и во спринтерските дисциплини.

Грег Радерфорд
РБИ
Радерфорд на победничката парада по игрите во Лондон 2012
Лични податоци
Полно имеГрегори Џејмс Радерфорд
Роден(а)17 ноември 1986(1986-11-17)(38 г.)
Милтон Кинс, Англија
Висина&100000000000001880000001,88 м
Тежина87 kg (192 lb)
Спорт
Земја Англија
 Обединето Кралство
КлубАК Маршал Милтон Кинс
Успеси и титули
Лични рекордиСкок во далечина 8.51 метри (2014)
100 метри 10.26 (2010)[1]

Тој ги освоил златните медали во скок во далечина на Летните олимписки игри 2012, игрите на Комонвелтот 2014, Европско првенство 2014 и на Светското првенство 2015. Радерфорд е моментален британски рекордер во дисциплината скок во далечина, со прескокнати 8.51 метри.

Ран живот

уреди

Радерфорд е роден во Блечли, Милтон Кинс на 17 ноември 1986 година.[4] Тој е правнук на фудбалерот Џок Радерфорд, кој освоил три титули во првата лига на Англија со Њукасл Јунајтед и настапил 11 пати за репрезентацијата на Англија, и исто така тој е најстариот играч што некогаш играл во дресот на Арсенал.[5] Неговиот дедо исто така играл за Арсенал.[6] Додека бил млад Радерфорд играл фудбал, рагби и бадминтон.[7] Како тинејџер тој бил на проба во фудбалскиот клуб Астон Вила, но сепак решил својата кариера да ја продолжи во атлетиката.[8]

Кариера

уреди

2005–2007

уреди

На 18. годишна возраст, Радерфорд станал најмладиот победник во скок во далечина на аматеркото првенство на Англија.[7] Тој исто така станал европски јуниорски шампион истата година, поставувајќи нов британски јуниорски рекорд од 8.14 метри.[8]

Радерфорд бил избран во атлетскиот тим на Англија на игрите на Комонвелтот 2006,[8] каде завршил на 8. место.[3] Истата година тој повторно победил на аматеркото првенство на Англија со скок од 8.26 метри.[9] На 8 август 2006, тој го освоил сребрениот медал на Европското првенство во Гетеборг со скок од 8.13 метри.[10]

Радерфорд поголемиот дел од 2007 ја пропуштил поради низа на повреди, вклучувајќи ја повредата на зглобот, за која морал да оди на операција во февруари.[11] Тој настапил на Светското првенство 2007, но не се пласирал во финалето, завршувајќи го својот настап на 21. место во квалификациите.[12]

2008–2011

уреди
 
Радерфорд на трка на 100 метри

На 12 јули 2008, Радерфорд победил на аматерското првенство на Англија, постигнувајќи ја олимписката квалификациска норма од 8.20 метри.[13] Две недели подоцна, тој остварил победа на лондонскиот гранд при митинг со прескокната должина од 8.16 метри.[14] На Летните олимписки игри 2008 во Пекинг, Радерфорд како третопласиран успеал да се пласира во финалето со скок од 8.16 метри. Во финалето, тој не успеал да забележи резултат во првите две рунди, а во третата рунда остварил резултат од 7.84 метри кој не бил доволен за влез во најдобрите осум и за нови три рунди, со што натпреварувањето го завршил на 10. место.[15]

Радерфорд поставил нов британски рекорд од 8.30 метри на 20 август 2009 во квалификациите на Светското првенство 2009 во Берлин,[16] подобрувајќи го претходниот рекорд на Крис Томлинсон за 1 сантиметар.[17] Тој не успеал да го повтори скокот во финалето, завршувајќи на 5. место со скоко од 8.17 метри.[18] Радерфорд не настапил на Европското првенство 2010 поради повреда на стапалото.[19]

Радерфорд го подобрил својот најдобар резултат во скок во далечина на 8.32 метри во јуни 2011 на митингот од дијаманската лига во Јуџин, но тој не бил признаен како британски рекорд поради јачината на ветерот.[20] Во јули 2011, Крис Томлинсон го соборил британскиот рекорд на Радерфорд прескокнувајќи 8.35 метри во Париз.[21] На Светското првенство 2011 во Тегу, Радерфорд се здобил со повреда на тетивата на коленото со што морал предвреме да го заврши натпреварувањето.[17]

 
Радерфорд ја слави победата на игрите во Лондон 2012

Радерфорд го израмнил британскиот рекорд на Крис Томлинсон на 3 мај 2012 прескокнувајќи 8.35 на митингот во Чула Виста.[22]

 
Златни поштенски сандачиња во Милтон Кинс во чест на Радерфорд

На игрите во Лондон 2012, Радерфорд се пласирал во финалето како четвртопласиран со постигнатиот скок од 8.08 метри.[23] Во финалето, тој стекнал предност пред останатите со скокот од 8.21 метри во втората рунда, а веќе во четвртата рунда прескокнал 8.31 метри, кои биле доволни за златниот медал.[24] Радерфорд станал само вториот британец со златен медал во дисциплината скок во далечина,[25] по Лин Дејвис кој освоил златен медал во 1964. И покрај тоа што прескокнатата далечина од 8.31 метри била најслаба по 1972,[24] таа била 15 сантиметри подобра од второпласираниот Мичел Вол[26][27] Златниот медал на Радерфорд бил еден од трите златни медали кои биле освоени од страна на британските атлетичари вечерта на 4 август 2012 (другите два биле освоени од Џесика Енис во седмобој и од Мо Фарах на трката на 10.000 метри).[28]

По освојувањето на златниот медал, Радерфорд (како и останатите британски олимписки шампиони) добил своја поштенска марка и две поштенски сандачиња во Милтон Кинс биле обоени во златна боја во негова чест.[29]

Радерфорд повторно се здобил со повреда на тетивата на коленото на митингот од дијамандската лига во Париз, при што бил приморан да се повлече од натпреварувањето.[30] Британската атлетска федерација го одложила објавувањето на тимот кој ќе настапува на Светското првенство 2013 поради неговата повреда, но на 30 јули, Радерфорд ги поминал здравствените тестови и бил вметнат во списокот.[31] На првенството, Радерфорд не успеал да се пласира во финалето и завршил на 14. место со скок од 7.87 метри.[32]

Кон крајот на 2013, британецот го назначил Џонас Тавија-Доду за негов тренер, откако претходно во годината ја прекинал соработката со тренерот Дан Фаф. Одлуката на Радерфорд да работи со тренер специјализиран за спринтерските дисциплини била инспирирана од советот кој го добил од поранешниот светски и олимписки шампион во скок во далечина, Двајт Филипс.[33]

Во февруари 2014, Радерфорд изјавил дека сака да се проба на зимските дисципли боб и скелетон, со надеж дека ќе успее да се квалификува за Зимските олимписки игри 2018. Во април, на митингот во Чула Виста, Калифорнија, Радерфорд постигнал нов британски рекорд од 8.51 метри.[34] Овој негов рекорд бил оспорен од страна на неговиот соперник Крис Томлинсон, кој покажал видео доказ дека скокот е неисправен, но британската федерација решила дека видео доказот е неубедлив, и рекордот бил официјално признат.[35]

Радерфорд го освоил златниот медал на игрите на Комонвлетот во јули со постигнат скок од 8.20 метри.[36] Подоцна во годината, тој станал европски шампион, освојувајќи го златниот медал на Европското првенство 2014 со постигнат скок од 8.29 метри.[37]

Во февруари 2015, Радерфорд победил на митингот во Бирмингем во сала со скок од 8.17 метри, со што го подобрил сопствениот најдобар резултат во сала.[38] Во јуни тој победил на митинзитe од дијамантската лига во Бирмингем со скок од 8.35 метри,[39] и Осло со скок од 8.25 метри.[40]

Радерфорд го освоил златниот медал на Светското првенство 2015 со скок од 8.41 метри. Тој станал еден од шесте натпреварувачи кои скокнале преку 8.40 метри на Светските првенства во овој век. Со оваа победа тој станал петтиот британски атлетичар кој во исто време ги поседува олимписката, светската, европската и титулата од игрите на Комонвелтот, по Дејли Томпсон, Линфорд Кристи, Сали Ганел и Џонатан Едвардс.[41]

Една недела подоцна, Радерфорд победил на последниот митинг од дијамантската лига, во Цирих. Со оваа победа, тој ја потврдил вкупната победа во дијамантската лига во скок во далечина, со што станал првиот британски атлетичар воопшто кој во исто време ги поседува сите можни титули на отворено - државната, олимписката, светската, европската, титулата од игрите на Комонвелтот и титулата од дијамантската лига.[42]

Одликувања

уреди

Радерфорд бил назначен за член на Редот на Британската Империја (РБИ) во 2013, за неговите одлични резултати во атлетиката.[2] Во јули 2013, на Радерфорд му бил доделен почесен докторат по наука од Универзитетот Бедфордшир.[43]

Личен живот

уреди

Радерфорд живее во Вобурн Сендс, мал град во околината на Милтон Кинс.[44][45] Тој и неговата девојка Сузи Верил имаат син, роден во 2014.[46]

Радерфорд е навивач на Манчестер Јунајтед.[47] Тој е спортски амбасадор на глобалната спортска хуманитарна организација Right To Play. Во август 2014, Радерфорд бил еден од 200. јавни личности кои биле потписници на писмо до весникот The Guardian, спротивставувајќи се на септемврискиот референдум за независнот на Шкотска.[48]

Статистика

уреди

Лични рекорди

уреди
Дисциплина Резултат Место Датум Белешка
60 метри (во сала) 6.68 секунди[49] Бирмингем, Обединето Кралство 21 февруари 2009
100 метри 10.26 секунди Гејтсхед, Обединето Кралство 18 септември 2010
Скок во далечина 8.51 метри Чула Виста, САД 25 април 2014 Британски рекорд

Достигнувања

уреди
Год Првенство Место Резултат Позиција
2005 Европско јуниорско првенство Каунас, Литванија 1. место 8.14 метри
2006 Игри на Комонвелтот Мелбурн, Австралија 8. место 7.85 метри
Европско првенство Гетеборг, Шведска 2. место 8.13 метри
2008 Летни олимписки игри Пекинг, Кина 10. место 7.84 метри
2009 Светско првенство Берлин, Германија 5. место 8.17 метри
2010 Игри на Комонвелтот Њу Делхи, Индија 2. место 8.22 метри
2012 Летни олимписки игри Лондон, Англија 1. место 8.31 метри
2014 Игри на Комонвелтот Глазгов, Шкотска 1. место 8.20 метри
Европско првенство Цирих, Швајцарија 1. место 8.29 метри
2015 Светско првенство Пекинг, Кина 1. место 8.41 метри

Наводи

уреди
  1. Wenig, Jörg (5 August 2012). „Rutherford: 'This is what I have dreamt of my entire life'. Светска атлетска федерација. Посетено на 18 March 2013.[мртва врска]
  2. 2,0 2,1 „No. 60367“. The London Gazette (invalid |supp= (help)). 29 декември 2012. London Gazette uses unsupported parameters (help)
  3. 3,0 3,1 „Men's Long Jump Final“. Melbourne 2006 Commonwealth Games Corporation. Архивирано од изворникот на 2012-09-26. Посетено на 8 August 2012.
  4. Mullin, Cheryl (5 August 2012). „Greg Rutherford hails Olympic victories a 'great night for athletics'. Evening Chronicle. Посетено на 5 August 2012.
  5. „Golden Greg keen to cap Games triumph“. Press Association. 5 August 2012. Архивирано од изворникот на 5 August 2012. Посетено на 6 August 2012.
  6. Vadukut, Sidin (5 August 2012). „Right returns to the right investment“. Livemint. Посетено на 6 August 2012.
  7. 7,0 7,1 „Greg Rutherford“. The Daily Telegraph. Посетено на 5 August 2012.
  8. 8,0 8,1 8,2 Hart, Simon (19 March 2006). „Commonwealth Games: Rutherford ready for jump up to the next level“. The Daily Telegraph. Посетено на 5 August 2012.
  9. „AAA Championships (Men)“. gbrathletics.com. Athletics Weekly. Посетено на 8 August 2012.
  10. Mackay, Duncan (9 August 2006). „Rutherford's silver offers Britain hope on a dark day“. The Guardian. Посетено на 5 August 2012.
  11. „Rutherford braced for trials test“. BBC Sport. 19 July 2007. Посетено на 8 August 2012.
  12. „Who is long jumper Greg Rutherford?“. BBC Sport. 4 August 2012. Посетено на 8 August 2012.
  13. „Rutherford finds form at trials“. BBC Sport. 12 July 2008. Посетено на 5 August 2012.
  14. Turnbull, Simon (27 July 2008). „Rutherford lifts himself with hopes of history“. The Independent. Посетено на 6 August 2012.
  15. „No Olympic medal for Rutherford“. MK News. 18 August 2008. Архивирано од изворникот на 2013-04-21. Посетено на 8 August 2012.
  16. Kessel, Anna (21 August 2009). „Greg Rutherford makes his great leap forward“. The Guardian. Посетено на 5 August 2012.
  17. 17,0 17,1 Jones, Cass (5 August 2012). „London 2012: Greg Rutherford overcomes injury to clinch gold“. The Observer. Посетено на 8 August 2012.
  18. „GB quartet seal stunning bronze“. BBC Sport. 22 August 2009. Посетено на 5 August 2012.
  19. „Commonwealth Games – Rutherford leaps to silver“. Eurosport. 9 October 2010. Посетено на 5 August 2012.
  20. „Eugene as it happened“. BBC Sport. 4 June 2011. Посетено на 6 August 2011.
  21. Hart, Simon (8 July 2011). „Cold start can't stop cruising Usain Bolt while Chris Tomlinson sets British long jump record“. The Daily Telegraph. Посетено на 9 August 2012.
  22. „Greg Rutherford equals British long jump record ahead of London 2012“. The Guardian. 4 May 2012. Посетено на 5 August 2012.
  23. „Ennis pleased by heptathlon lead“. ESPN Star Sports. 3 August 2012. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 8 August 2012.
  24. 24,0 24,1 Arcoleo, Laura (4 August 2012). „London 2012 – Event Report – Men's Long Jump Final“. IAAF. Посетено на 5 August 2012.
  25. Mulvenney, Nick (4 August 2012). „Rutherford leaps to join British gold rush“. Reuters. Архивирано од изворникот на 2014-08-08. Посетено на 8 August 2012.
  26. Dutta, Kunal (5 August 2012). „Rutherford comes good and takes surprise gold in long jump“. The Independent. Посетено на 15 August 2012.
  27. „Rutherford leaps to long jump gold“. ESPN. 4 August 2012. Архивирано од изворникот на 2014-08-10. Посетено на 8 August 2012.
  28. „Ennis, Farah, Rutherford light up London 2012 Olympics for GB“. BBC Sport. 4 August 2012. Посетено на 15 August 2012.
  29. „Stamp and postbox for golden boy Rutherford“. MK News. 6 August 2012. Посетено на 15 August 2012.
  30. Cryer, Andy (6 July 2013). „Usain Bolt wins Diamond League Paris 200m in fastest time of year“. BBC Sport. Посетено на 30 July 2013.
  31. „Greg Rutherford selected for World Championships“. BBC Sport. 30 July 2013. Посетено на 30 July 2013.
  32. „Greg Rutherford backs Worlds selection after failing to reach final“. BBC Sport. 14 August 2013. Посетено на 14 August 2013.
  33. Hart, Simon (25 April 2014). „Greg Rutherford shatters British long jump record with leap of 8.51 metres in San Diego“. telegraph.co.uk. Посетено на 27 April 2014.
  34. „Greg Rutherford sets outright British long jump record“. BBC Sport. 25 April 2014. Посетено на 25 April 2014.
  35. „BBC Sport - Long Jump: Greg Rutherford record deemed legal“. Bbc.co.uk. 2014-05-27. Посетено на 2014-08-26.
  36. „Glasgow 2014: Greg Rutherford leaps to Commonwealth gold“. BBC Sport. 30 July 2014. Посетено на 30 July 2014.
  37. „European Championships: Greg Rutherford wins long jump gold“. BBC Sport. 17 August 2014. Посетено на 17 August 2014.
  38. „Birmingham Indoor Grand Prix: Greg Rutherford wins long jump“. BBC Sport. 21 February 2015. Посетено на 20 June 2015.
  39. „Greg Rutherford leads British charge in Birmingham“. ESPN. 7 June 2015. Посетено на 20 June 2015.
  40. „Greg Rutherford & Laura Muir win Oslo Diamond League“. BBC Sport. 11 June 2015. Посетено на 20 June 2015.
  41. „Greg Rutherford wins long jump gold at world championships to join elite group“. The Guardian. 25 August 2015. Посетено на 25 August 2015.
  42. „Greg Rutherford wins Zurich long jump and clinches Diamond Race title“. The Guardian. Press Association. 3 September 2015. Посетено на 5 September 2015.
  43. „Greg Rutherford awarded honorary doctorate“. BBC News Online. 17 July 2013. Посетено на 18 July 2013.
  44. „Greg Rutherford: mayor pays tribute after golden triumph“. MK News. 6 August 2012. Посетено на 8 August 2012.
  45. „Greg Rutherford: Inspiring a golden generation of Milton Keynes athletes“. Milton Keynes Citizen. 8 August 2012. Архивирано од изворникот на 2015-12-22. Посетено на 8 August 2012.
  46. „New baby boy for Milton Keynes Olympian Greg Rutherford and girlfriend Susie Verill“. MK News. 20 October 2014. Посетено на 2 April 2015.
  47. „Greg Rutherford interview“. Sport. 2 August 2012. Архивирано од изворникот на 2013-09-27. Посетено на 15 August 2012.
  48. „Celebrities' open letter to Scotland – full text and list of signatories | Politics“. theguardian.com. 2014-08-07. Посетено на 2014-08-26.
  49. „Greg Rutherford“. Diamond League AG. Посетено на 15 August 2012.

Надворешни врски

уреди