Кралскиот грб на Канада го прогласил кралот Џорџ V на 21 ноември 1921. Канадскиот грб многу е сличен и изработен по моделот на грбот на Велика Британија, т.с Обединетото Кралство.

Грб на Канада
Подробно
Усвоен21 ноември 1921
Мотоdesiderantes meliorem patriam (сакаат подобра земја)

Симболи

уреди

Основниот штит на грбот носи симболи на Англија (три лавови и три леопарди), Шкотска (црвен лав и рамка на жолта позадина), Ирска (златна харфа) и Франција (жолти лалиња на сина позадина), што укажува на историските врски со Велика Британија и Франција. Долниот дел на штитот е карактеристично канадски - три јаворови листови на гранчиња, со црвена (првобитно зелена) боја

Траката околу штитот го носи мотото на Редот на Канада desiderantes meliorem patriam (сакаат подобра земја), затоа што Кралицата е суеверна на тој ред.

Шллемот на штитот е кралскиот шлем во златна боја и боите на Канада.

Лавот над шлемот е кралскиот лав кој го држи симболот на Канада, јаворовиот лист, и како таков се наоѓа на знамето на Генералниот гувернер на Канада, симболизирајќи го неговото крунисување

Држачите на штитот се Англискиот лав и Шкотксиот еднорог, кој ја го држи знамето на Велика Британија и знаме со стари француски симболи.

Долната трака го носи мотото на Канада a mari usque ad mare (од море до море).

Цветните мотиви под штитот и претставуваат националните цветови на Англија, Шкотска, Ирска и Франција