Горно Крушари
Горно Крушари или Горно Крушаре (грчки: Έσω Αχλαδοχώρι; до 1926 г. Έσω Κρουσάρ, Есо Крусар или Άνω Κρούσαρι, Ано Крусари[1]) — поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол во областа Централна Македонија, Грција.
Горно Крушари Έσω Αχλαδοχώρι | |
---|---|
Координати: 40°43.25′N 22°13.37′E / 40.72083° СГШ; 22.22283° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постолски |
Општина | Постол |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало во Солунското Поле, југозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар) и јужно од главниот пат за Воден.[2]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX век Горно Крушари било село во Ениџевардарската каза. На австриската воена карта е означено како Крушар (Krušar), а на картата на Кондојанис — Крусари (Κρουσάρι), што значи дека тие извори не го сметаат за одделно од Крушари (или Армутчи; денес Амбелес).
Во Грција
уредиВо 1912 г. е окупирано од грчки единици. Регистрирано е како населба со христијанска и муслиманска вероисповед, и македонски и ромски јазик. По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција, кога е заведена како село со 45 мажи и 40 жени. Во својот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ го заведува селото со 5 македонски христијански и 4 ромски муслимански куќи (погрешно наведувајќи ги ромските како турски).[2] Во 1924 г. муслиманските жители се иселени во Турција и селото е напуштено. Во 1926 г. грчките власти му го менуваат името, преведувајќи го како Есо Ахладохорион, т.е. Внатрешно Крушево.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Έσω Κρουσάρ – Έσω Αχλαδοχώρι
- ↑ 2,0 2,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 66.
- ↑ „Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927“. lithoksou.net. Посетено на 10 јули 2019.