Горна Статица
Горна Статица (грчки: Άνω Μελάς, Ано Мелас) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Костур на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција. Селото отсекогаш било македонско и до денес е населено исклучиво со Македонци.[2]
Горна Статица Άνω Μελάς | |
---|---|
Координати: 40°42.57′N 21°15.51′E / 40.70950° СГШ; 21.25850° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костур |
Општина | Костур |
Надм. вис. | 1.020 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 30 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСтатица е најсеверното село во општината и лежи на неколку километри северно од Статица, а на околу 30 км северно од градот Костур. Селото Корешта е 15 км на североисток. Сместено е во областа Корешта, во длабока клисура меѓу разграноците на Вич наречени Лисец, Голината и Лунџер.[2] Низ Горна Статица тече реката Бистрица.
Историја
уредиПо Балканските војни селото е припоено кон Грција. Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) во 1921 г. напишал дека во Горна Статица имало 60 куќи на словени (Македонци) христијани.[3] Сè до 1940 г. Горна Статица било маало на Статица и сите податоци се однесуваат на двете села.[2]
Црквата „Св. Спиридон“ е од XIX век.
Селото доста пострадало во Граѓанската војна (1946 - 1949). Дел од жителите загинале, а доста семејства и малолетни деца се преселиле во НР Македонија и источноевропските земји.[2] Горна статица сепак останува целосно македонска населба.
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 198 | 91 | 82 | 50 | 53 | 50 | 47 | 30 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 13. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 19.