Горгопик
Горгопик или Горгоп (грчки: Γοργόπη, Горгопи) — село во областа Бојмија, Гевгелиско, а денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ во Егејска Македонија, Грција.
Горопик | |
---|---|
Координати: 40°57′N 22°31′E / 40.950° СГШ; 22.517° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукуш |
Општина | Пајонија |
Општ. единица | Бојмица |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 872 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото Горгопик е сместено на четири километри југозападно од Бојмица и шест километри источно од Гуменџе, на самиот пад од Бојмица за Гуменџе во етнографска област Бојмија.[2] Горгопик е расположено на надморска височина од 80 метри[2]. Тоа претставувало самостојна општина со површина од 25 килокилометри квадратни во чиј состав влегувало и селото Тушилово.[2]
Историја
уредиДо 1864 година, селото било чифлиг на Салих беј од Цариград, а потоа - на солунскиот трговец Ибрахим бин Катуда. Ибрахим гради голем конак во Горгоп. Синот на Ибрахим, Тахсин беј, пишува во своите мемоари дека чифлигот е познат по своите „убави води, глетките шго пленуваа, со своето овошје и посебно со виното и свилата".[3]
Во минатото, селото Горгопик било населено исклучително со македонско население, при што во статистиките на К’нчов од 1910 се споменува со 760, а Бранков го запишал со 920 македонски жители,[4][5] додека Егзархиската статистика од 1910 го води со 127 македонски семејства со 640 жители.[2] Според Тахсин беј, еден од сопствениците на чифлигот, во почетокот на XX век населениего кое имало 100 домаќинства, повеќето било македонско.[6][7] Тахсин забележува во своите мемоари за неговата посета на селото околу 1900 година дека „соработниците“ на чифлигот биле Македонци и дека добил важни информации за активностите на разбојници.[8]
Во 1923 - 1925 година, под притисок на грчките власти во Бугарија биле иселени 106 македонски семејства си вкупно 484 жители, а на нивно место властите населиле 123 бегалски семејства од Источна Тракија, Понд и Мала Азија со вкупно 499 бегалци.[2] Според статистиките на НОФ во 1940 година од 1072 жители, 500 биле Македонци меѓутоа изгледа дека оваа бројка била претерана, бидејќи бројот на Македонците бил нешто помал.[2]
Стопанство
уредиСелото е прилично богато, бидејќи лежи во самото поле, а дел од земјиштето се наводнува.[9] Населението произведува многу тутун, десертно грозје, пченица, овошје и одгледува многу градинарски култури.[9]
Население
уредиВо пописот од 1913 година селото е евидентирано само со 677 жители, додека во 1920 година Горгопик имало 635 жители. Со населувањето на бегалски семејства во Кавказ и Понд, бројот на жителите во 1928 нараснува на 778, во 1940 се искачува на 1072, во 1951 благо опаднал на 1049, во 1961 повторно пораснал на 1143, за да опадне во 1971 на 1044, во 1981 на 955, а во 1991 повторно да порасне на 1189 жители.[9]
Година | Население |
---|---|
1928 | 778 |
1940 | 1072 |
1951 | 1049 |
1961 | 1143 |
1971 | 1044 |
1981 | 955 |
1991 | 1189 |
2001 | 960 |
2011 | 872 |
Културни и природни знаменитости
уреди- Црква „Св. Никола“ од 1862 г.
- Црква „Св. Петар и Павле“ од XIX век
- Етнолошки музеј
Иселеништво
уредиПод притисок на грчките власти во Бугарија биле иселени 106 македонски семејства со вкупно 484 жители.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Симовски Христов, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 2. Скопје: Здружение на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија. стр. 56. ISBN 9989-9819-4-9.
- ↑ Узер, Тахсин. Тахсин беj ја објаснува Македонија, Скопје 2013, стр. 9, 85, 200.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. стр. 152.
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, p. 194 – 195.
- ↑ Порано македонското население бил третирано како многумина имиња, еден од нив биле „Бугари“ но порано терминот Бугарин не означуваше човек од Бугарија туку означувало човек којшто бил земјоделец или верник на бугарската егзархија.
- ↑ Узер, Тахсин. Тахсин бег ја објаснува Македонија, Скопје 2013, стр. 200.
- ↑ Узер, Тахзин. Таксин бег ја објаснува Македонија, Скопје 2013, стр. 85.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 Симовски, Тодор (1998). „Кукушки округ (XI/1)“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 57.