Генадиј II Цариградски

(Пренасочено од Генадиј II Схолариј)

Генадиј II (првично: Ѓорѓи Схолариј; грчки: Γεώργιος Κουρτέσιος Σχολάριος, 1400 – 1473) — цариградски Вселенски патријарх од 1454 до 1464, филозоф и теолог, а воедно и еден од последните претставници на византиското учење и голем поборник за Аристотеловата филозофија во источната црква.

Генадиј II
Цариградски патријарх
Генадиј II Схолариј на ѕидна фреска во манастирот во Сер
ЦркваЦариградска патријаршија
ПретходникАтанасиј II
Јоасаф I
Софрониј I[1]
НаследникИсидор II
Софрониј I
Марко II[1]
Лични податоци
Световно имеГрегориј Куртесиј Схолариј
Роденоколу 1400
Цариград
Починалоколу 1473
манастирот „Св.Јован Продромос“ близу Сер

Фиренциски собор

уреди

Се смета дека Георгиј се родил во Цариград во 1400 година. Неговиот учител бил Мануел Марко Евгениј[2] (познат како Марко Ефески, починал во 1444 година).[3] По неговото туторство од страна на познатиот Џон Хортасмен („дидаскал" на патријаршиското училиште), можно е Мануел Марко да го препорачал на неговиот претходен учител, Георгиј Гемист Плетон (починал 1452/1454 година), близу 1428 година.[4] Сеедно, студиите под Плетон се прашање на шпекулација, но во секој случај шансите се поголеми тој да присуствувал на Плетоновите предавања во Мистра.[5] Схолариј бил професор по филозофија пред да почне да му служи на царот Јован VIII Палеолог како советник по теологија. Всушност, во 1437 при присуството на Фиренцискиот собор во Фиренца, царот формално го студирал Нејл Кабасиловиот труд заедно со Мануел Марко Евгениј (подоцна Марко Ефески) и Георгиј Генадиј Схолариј. Триото исто така го изучувале трудот на Џон Дунс Скот (починал во 1308) поради неговото негодување на филиоките во томистичката метафизика, како и Скотовата докторина на „формалната дистинкција“ помеѓу личностите и божјата суштина, како што се божјите својства (или „енергии“).[6] Токму поради оваа причина Схолариј напишал академско подбивање за првите осумнаесет Марко Евескиеви „Силогистички поглавја против латините“. Од ова можеме да закчучиме дека Схолариј веројатно пишувал академска вежба за да го информира неговиот поранешен учител дека мислењата на Тома Аквински не претстаувале униерзален латински пристап кон прашањата за тројството. Схолариј станал историски битен како судија во граѓанските судови под раководство на Јован VIII (1425–1448), тој го придружувал неговиот владетел на Советот на Ферера, одржан во 1438–1439 во Ферара и Фиренца. Целта на овој потфат била да се создаде единство меѓу грчките и римокатоличките цркви кои ги подджувал во тоа време. Тој одржал четири говори на советот, сите исклучутелно помирувачки.

На истиот совет се појавил прославениот платонист, Гемист Плетон, најмоќниот противник на тогашниот владеечки Аристотелизам, а со тоа и антагонист на Георгиј. Во црковните работи, како и во филозофијата, двајцата биле со спротивставени ставови: Плетон се залагал за делумно враќање на грчкиот паганство во форма на синкретичко соединување меѓу христијанството и зороастризмот, додека Георгиј, повнимателен, притискал кон неопходноста за црковна унија со Рим на докторинска основа, која била инструментална во составувањето на образецот кој од својата нејаснотија и двосмисленост може да се прифати од двете страни. Георгиј, без доволно искуство, бил во многу неповолна ситуација па така не можел директно да стане дел од разговорите на советот.

Враќањето во Цариград

уреди

Покрај неговото застапување на синдикатот (и прекорувајќи многу од православните епископи за нивниот недостаток на теолошка ученост), кога се вратил во Цариград, како и повеќето од неговите сонародници, тој се предомислил. Ова не требало да се преувеличува, со оглед на тоа дека Схолариј прерано го напуштил советот и никогаш не потпишал декрет за унија. По налог на неговиот ментор Марко Ефески, кој целосно го претворил во анти-латинско православие, сè до неговата смрт, Схолариј бил познат (со Марко Ефески) како најголемиот бескомпромисен непријател на сојузот. Токму во овој период (1444) Схолариј почнал да го привлекува вниманието на наводната хетеродоксија на Аквинскиевата „разлика на причината“ помеѓу својствата и божјата суштина. Прво, како што гласи во Јучиевото издание на неговата „опера омнија“, Схолариј ги прекинува поглавјата 94-96 на неговиот дискурс за „сегашноста и суштината“ на Тома Аквински и го заменува Томистичкото објаснување со тоа на скотизмот со цел подобро да се согласат со Палама. Сеедно, тој првично ја ублажува осудата на Аквински, истакнувајќи дека подоцнежните схоластици (како Хервеј Наталис) го толкуваат Аквински на поправославен начин.[7] Оваа точка ја означува Схолариевата зголемена теолошка оддалеченост од Аквински, каде започнува теолошки да го обвинува во неговите подоцнежни трудови (пример, неговите трактати за светиот дух и неговиот предговор на грчката „Summa Theologiae“). Тогаш тој напишал многу трудови кои ги бранеле неговите нови убедувања, кои многу се разликуваат од претходните за кои Лав Алациј сметал дека мора да има две личности со исто име.[8] На Гибон: „Ренодо го поврати идентитетот на неговата личност и двојноста на неговиот карактер“.[9]

По смртта на Јован VIII во 1448, Георгиј станал дел од манастирот „Свети Седржител“ во Цариград под Константин XI Палеолог и според непроменливиот обичај, земал ново име: Генадиј. Пред падот на градот тој веќе бил добро познат како лут противник на унијата. Тој и Евгеник биле водачите на анти-латинската дружина. Во 1444 година, Марко Ефески на својата смртна постела го пофалил непомирливиот став на Генадиј кон латините и унијата.[10] Благодарение на Генадиј, гневните луѓе откако ги виделе услугите на католичката црква заминале во големата црква Света Софија. Се вели дека тој се скрил, но оставил забелешка на вратата од неговата ќелија: „О несреќни Римјани [Византијци], зошто ја запоставивте вистината? Зошто не верувате во Бог, а наместо тоа во Италијанците? Губејќи ја вашата верба, ќе го изгубите вашиот град.“[11]

Османлиски период

уреди
 
Патријархот Генадиј со Мехмед II прикажани на мозаик од XX век[12]

По падот на Цариград, Генадиј бил заробен од Турците. Во раководењето на неговото ново освојување, 21 годишниот освојувачки султан Мехмед II сакал да ја потврди лојалноста на грчкиот народ и над сè да избегне тие да се обратат на Западот за ослободување, потенцијално да предизвика нова рунда крстоносни војни. Затоа Мехмед го барал најантизападно ориентираниот свештеник како фигура на единство за Грците под турска власт, па така Генадиј како водечка антисојузна фигура претставувал природен избор. На 1 јуни 1453, само три дена по падот на градот, поворката на патријархот минувала низ улиците каде Мехмед грациозно го примил Генадиј со знаци од неговата канцеларија, кросиер и мантија. Овој свечен настан ќе биде подоцна повторуван од сите султани и патријарси.

Познатата патријахална базилика на градот, Аја Софија, веќе била претворена во џамија од освојувачите, па така Генадиј го воспоставил неговиот престол во Црквата посветена на Светите Апостоли. Последователно, Мехмед ја срушил оваа црква за да направи пат за неговата Фатих џамија, па поради тоа Генадиј бил приморан повторно да се премести, овој пат во Манастирот Богородица Памакаристос.

Османлиите ја поделиле нивната империја на милети или потчинети нации, од кои Грците биле најголема, позната како Millet-i Rûm. Патријархот бил назначен за официјална глава или Етнарх на грчкиот милет, кој бил користен како османлиски извор на царски администратори. Генадиј станал политички моќен, а воедно и религиски, како и сите негови наследници под османлиска власт.

Како што било нормално за еден монарх или научник да биде назначен за патријарх, така Генадиј последователно бил ракоположен, прво како ѓакон, потоа како свештеник, а потоа конечно како епископ, пред да биде назначен за патријарх.

Патријарх

уреди

Пролетта 1454 тој бил осветен од митрополитот на Хераклеја Перинт, но, со оглед на тоа дека двете цркви, Аја Софија и палатата на патријархот, биле во рацете на Османлиите, тој се вдомил во два градски манастира. Додека ја поседувал епископската канцеларија Генадиј изготвил, очигледно во корист на Мехмед, признание или појаснување на христијанската вера, кое било преведено на турски од Ахмед, судија на Бер (и првпат испечатена од А. Бразикан во Виена во 1530).

Генадиј бил несреќен како патријарх и се обидел да се откаже од неговата позиција најмалку двапати, а во 1456 тој дал отказ. Главната причина за овој чекор била разочарувањето од султановиот однос кон христијаните, и покрај тоа што се чинело дека Мехмед ги задржал прилично толерирачките услови кои им ги дозволил, сепак разни писатели алудираат мрачно во други мотиви. На крајот, тензиите помеѓу Грците и Османлиите биле преголеми.

Подоцна тој двапати бил повикан да го предводи христијанското општество како патријарх за време на турбулентниот период кој бил проследен со патријаршијата на Исидор II. Не постои консензус меѓу научниците за точниот термин на неговите последни две патријаршии: според Кимин (2009)[1] тој повторно владеел од април 1463 до јуни 1463 и од август 1464 до есента 1465.[13] Бланше (2001)[14] се спротивставува на самото постоење на овие два дополнителни услови.

Тогаш Генадиј, како многу негови наследници, ги завршил неговите денови како екс-патријарх и монарх. Тој живеел во манастирот Свети Јован Крстител близу Сер во Македонија (североисточно од Солун), каде пишувал книги сè до неговата смрт во 1473.

Генадиј зазема важно место во византиската историја. Тој бил последниот од старота школа на полемички писатели и еден од најдобрите. За разлика од повеќето негови колеги тој имал интимно познавање на латиската контроверзна литература, особено со Свети Тома Аквински и схоластиците. Тој бил вешт противник на католичката теологија како Марко Ефески, но и многу учен. Неговите дела укажуваат дека не бил само студент на западната филозофија, туку и на контроверзиите со Евреите и муслиманите, на големото исихастичко прашање (го критикувал Варлам и ги бранел монасите). Природно, Варламиците биле латинофили, накратко, сите прашања кои биле важни во тоа време. Тој исто така има и друга важност како прв цариградски патријарх под турска власт. Од оваа гледна точка, тој стои на челото на новиот период во историјата на неговата црква, па така принципите кои ја регулирале состојбата на православните христијани во турската империја се резултат на договорот помеѓу Мехмед II и самиот тој.

Списи

уреди

Околу 100 до 120 негови списи постојат, некои од нив остануваат во ракопис, а некои од нив се со сомнителна веродостојност. Колку што е познато, неговите ракописи можат да се класифицираат како филозофски (толкувања на Аристотел, Порфириј и други; преводи на Петар Шпански и Тома Аквински; бранење на Аристотелизмот против издигнувањето на Новоплатонизмот) и теолошки и црковни (делумно во врска со унијата и делумно бранејќи го христијанството против муслиманите, евреите и паганите), како и голем број беседи, химни и писма.

Генадиј бил плоден писател за време на сите периоди на неговиот живот.[15] Целокупниот труд на Генадиј бил објавен во осум тома од Јуџи, Петит и Сајдрајдс, 1928–1936.[16] (Забелешка: ова издание ги заменува наводите подолу.)

Прв период (про-унија)

уреди

Главните дела на ова време се „говорите“ одржани на Советот на Фиренца,[17] исто така неколку писма испратени на бројни пријатели, владици и државници, повеќето необработени. Извинувањето за петте поглавја на Советот на Фиренца[18] е сомнително.[19] Историја на Советот на Фиренца под негово име (во ракописот) е идентично со тоа на Сиропул.[20]

Втор период (анти-унија)

уреди

Голем број полемички дела против латините биле напишани во ова време. Две книги за Процесијата на Светиот Дух[21] и другата „против вметнувањето на филиоквата во симболот на верата“.[22] Две книги и писмо за „Чистилиштето“, бројни проповеди и говори, панегрик на Марк Евгеник (во 1447), итн. Некои преводи на делата на Свети Тома Аквински и полемички расправи против неговата теологија од страна на Генадиј кои сè уште не се обработени, како што е и неговиот труд против варламитите. Исто така постојат и разни филозофски расправи од кои доминира бранењето на Аристотел (antilepseis hyper Aristotelous) против Новоплатонистот, Гемист Плетон.[23]

Неговото најважно дело е неговата „Исповед“ (Ekthesis tes pisteos ton orthodoxon christianon, општо позната како Homologia tou Gennadiou) посветена на Мехмед II. Се состои од дваесет статии, од кои само првите дванаесет се автентични. Било напишано на грчки јазик. Ахмед, кадијата на Береа, го превел на турски. Ова е првата (датумски) православна симболичка книга. Првпат била објавена (на грчки и латински) од Бразикан,[24] а подоцна од Хитреј.[25] Мартин Крусиј ја испечатил на грчки, латински и турски (на грчки и латински ракопис) во неговата Турско-Грција.[26] Римел повторно ја испечатил на грчки и латински,[27] а Михалцеску само на грчки.[28] Постои уредување на оваа исповед во форма на дијалог каде Мехмед поставува прашања („Што е Бог?“ - „Зошто е наречен теос?“ - „И колку богови постојат таму?“ итн.) и Генадиј дава погодни одговори. Ова е различно наречено: Генадиев дијалог (dialexis, διάλεξις), или Confessio prior, или De Via salutis humanæ (Peri tes hodou tes soterias anthropon). Римел прв ја испечатил, само на латински[29] и сметал дека било извор на исповедта.[30] Поверојатно е дека подоцна е направена компилација од исповедта од некој друг.[31] Треба да се напомене дека Генадиевата (квазиплатонска) филозофија е доказ во неговата исповед (Бог не може да се објасни, теос од тин, итн.)[32] Или за истата причина или пак за да ја ублажи муслиманската подложност го избегнува зборот Prosopa при објаснувањето на Светото Тројство, зборувајќи за трите личности како идиома „кое го нарекува ипостас“.[33]

Трет период (пост-оставка)

уреди

За време на третиот период, од неговата оставака до неговата смрт (1459–1468), тој продолжил да пишува телошки и полемички трудови. Енциклично писмо за сите христијани Во одбрана на својата оставка е необработено, како што се Дијалог со двајца Турци за божественоста на Христос и труд за Обожувањето на Бога. Јан (Anecdota græca) го објавил делото Дијалог помеѓу христијанин и евреин и збирка од Пророштва за Христос собрани од Стариот завет. Трактат, За нашипт Бог, еден во три, против атеисти и политеисти (P.G., CLX, 667 sqq.), главно е насочен против теоријата дека светот се формирал случајно. Пет книги, За божјото предзнаење и промисла и Трактат за машкоста на Христос, исто така се во P.G., CLX. И на крајот, постојат многу беседи од Генадиј, од кои повеќето се ракописи во Света Гора (Codd. Athous, Paris, 1289–1298).

Во полуларните медиуми

уреди

Во филм од 2012 година, Fetih 1453, улогата на Генадиј ја игра Аднан Куртчу.

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 37,45. ISBN 978-1-4344-5876-6.
  2. M. Pilavakis, Introduction to "First Antirrhetic against Manuel Kalekas." (London: Doctoral Diss., 1988), p. 24
  3. For Mark of Ephesus’ death, see J. Gill, "The Year of the Death of Mark Eugenicus," Byzantinische Zeitschrift, 52 (1952) 23-31.
  4. Kappes, Christiaan (January 2013). "Idolizing Paganism - Demonizing Christianity à propos N. Siniossoglou: Radical Platonism in Byzantium: Illumination and Utopia in Gemistos Plethon". Archiv Für Mittelalterliche Philosophie Und Kultur 19.
  5. Ibid., pp. 214-215
  6. J. Monfasani, "The Pro-Latin Apologetics of the Greek Émigrés to Quattrocento Italy", in Byzantine Theology and its Philosophical Background, ed. A. Rigo (Studies in Byzantine History and Civilization 4) Turnhout 2011, pp. 165-168.
  7. C. Kappes, "The Latin Sources of the Palamite Theology of George-Gennadius Scholarius," Nicolaus 40.1 (2013): 71-113
  8. Diatriba de Georgiis in Fabricius-Harles Bibliotheca Græca, X, 760–786
  9. Decline and Fall, lxviii, note 41
  10. P.G., CLX, 529
  11. Quoted by Gibbon, ibid., ed. J.B. Bury, VII, 176
  12. G. Ágoston, B.A. Masters, Encyclopedia of the Ottoman Empire (2009), 238.
  13. for the different scholars suggestions about the second and third terms of Gennadius see the Article List of Patriarchs of Constantinople.
  14. Blanchet, Marie-Hélène (2001). „Georges Gennadios Scholarios a-t-il été trois fois patriarche de constantinople?“. Byzantion Revue Internationale des Études byzantines. Bruxelles. 71 (1): 60–72.(француски)
  15. Michalcescu, op. cit., 13.
  16. M. Jugie, L. Petit, and X.A. Siderides, 1928–1930, Oeuvres complètes de Georges (Gennadios) Scholarios, Paris: Maison de la Bonne Presse
  17. Printed in Hardouin, IX, and P.G., CLX, 386 sqq.
  18. Edited first (in Latin) at Rome in 1577, and again in 1628.
  19. In P.G., CLIX it is attributed to Joseph of Methone.
  20. Ed. Creighton, The Hague, 1660.
  21. One in Simonides, loc. cit., the other in P.G., CLX, 665
  22. ibid., 713
  23. P.G., CLX, 743 sqq.
  24. Vienna, 1530
  25. Frankfort, 1582.
  26. Basle, 1584 reprinted in P.G., CLX 333, sqq.
  27. In his Monumenta fidei Eccl. Orient. (Jena, 1850), I, 1–10.
  28. Die Bekenntnisse und die wichtigsten Glaubenszeugnisse der griech.-orient. Kirche (Leipzig, 1904), 17–21.
  29. op. cit., 1–10
  30. ibid., iii.
  31. Otto, op. cit.
  32. op. cit., viii–xvi.
  33. Conf., 3.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди
  • Marie-Hélène Blanchet, Georges-Gennadios Scholarios (vers 1400-vers 1472):un intellectuel orthodoxe face à la disparition de l'empire byzantin, Institut Français d'Études Byzantines, Paris, 2008.
  • Joseph Gill, ‘George Scholarius’, in J. Gill, Personalities of the Council of Florence and other Essays, Oxford, 1964, pp. 79–94
  • Eugenia Russell, "St Demetrius of Thessalonica; Cult and Devotion in the Middle Ages", Peter Lang, Oxford, 2010. ISBN 978-3-0343-0181-7
  • C.J.G. Turner, ‘The career of Georgios Gennadios Scholarios’, Byzantion 39 (1969), 420–55
  • C.J.G. Turner, ‘George Gennadius Scholarius and the Council of Florence’, Journal of Theological Studies 18 (1967), 83–103