Софрониј I Цариградски
Софрониј I (грчки: Σωφρόνιος Α΄) бил Вселенски патријарх од 1463 до 1464.[1] Точниот датум на неговото владеење е оспорен од научници во периодот од 1462 до 1465.
Софрониј I | |
---|---|
Цариградски патријарх | |
Црква | Цариградска патријаршија |
Назначен | јуни 1463[1] |
Службата завршила | август 1464[1] |
Претходник | Генадиј Схолариј[1] |
Наследник | Генадиј Схолариј[1] |
Живот
уредиРечиси ништо не е познато за животот и патријаршијата на Софрониј.[2] Познат е чин со неговото име кој датира од август 1464, заверен крст кој припаѓал на царот Давид Комнин: документот веројатно е фалсификат, но ни укажува дека всушност Софрониј бил патријархот.[3]:250 Според Бланше, кој го сместува владеењето на Софрониј по она на Јоасаф, тој бил митрополит на Хераклеја пред да биде избран за патријарх.[4]
Примарен извор го означува Софрониј со името Сиропул. Така и се претпоставувало, но не и докажало, дека Софрониј бил навистина Силвестер Сиропул, православниот свештеник кој присуствувал на Советот на Фиренца и кој напишал хроника за тоа. Силвестер Сиропул припаѓал на страната која била во корист на источно-западната унија на црквите и ги потпишал документите на советот. Овој факт се противи на можното идентификување на Софрониј како Силвестер Сиропул, но доколку тој навистина е истата личност, можно е да се оправда виртуелната damnatio memoriae прикажана во примарните извори против него.[3]:250
Спор за редоследот
уредиРедоследот на владеењето на Софрониј I е спорен меѓу научниците. Помладите научници, како што е Кимин (2009),[5] Подскалски (1988),[6] Лорен (1968)[3] и Рункиман (1985)[2] го сместуваат владеењето на Софрониј I по Јоасаф I, во периодот помеѓу јуни 1463 и август 1464.
Други научници, според владиката Геман Сардејски (1933–8)[7] и Грумел (1958)[8], како и официјалното мрежно место на Вселенската патријаршија,[9] тврдат дека Софрониј I владеел пред Јоасаф I, сеедно датумите кои ги нудат отскокнуваат само неколку месеци од оние спомнати погоре, како резултат на различните претпоставки за должината на вториот термин на Генадиј Схолариј. Бланше (2001)[4] го сместува владеењето на Софрониј од 1 април до летото 1464, веднаш по Исидор II и пред Јоасаф.
Понатаму, нема спор помеѓу научниците за должината и редоследот на вториот и третиот термин на Генадиј Схолариј кои наводно ги менуваат патријаршиите на Јоасаф и Софрониј. За споредба на главните научни тврдења, погледни го списокот на цариградски патријарси.
Белешки
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Chronology according to Kiminas (2009). For other proposals see section Disputed Chronology.
- ↑ 2,0 2,1 Runciman, Steven (1985). The Great Church in captivity. Cambridge University Press. стр. 193–4. ISBN 978-0-521-31310-0.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Vitalien, Laurent (1968). „Les premiers patriarches de Constantinople sous la domination turque (1454-1476)“. Revue des études byzantines (26): 229-263(246-9). doi:10.3406/rebyz.1968.1407.
- ↑ 4,0 4,1 Blanchet, Marie-Hélène (2001). „Georges Gennadios Scholarios a-t-il été trois fois ptriarche de constantinople?“. Byzantion Revue Internationale des Études byzantines. Bruxelles. 71 (1): 60–72.(француски)
- ↑ Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 37,45. ISBN 978-1-4344-5876-6.
- ↑ Podskalsky, Gerhard (1988). Griechische Theologie in der Zeit der Türkenherrschaft (1453-1821) : die Orthodoxie im Spannungsfeld der nachreformatorischen Konfessionen des Westens. Munchen: C.H. Beck. стр. 398. ISBN 978-3-406-32302-7.
- ↑ Σάρδεων Γερμανός (1933–38). „Συµβολή εις τους πατριαρχικούς καταλόγους Κωνσταντινουπόλεως από της αλώσεως και εξής“. Ορθοδοξία (8–13).(грчки)
- ↑ Grumel, Venance (1958). Traité d'études byzantines, vol. I: La chronologie. Paris: Presses universitaires de France. стр. 437.
- ↑ „Sophronios I“. Ecumenical Patriarchate. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 18 July 2011.