Гвинет Палтроу

(Пренасочено од Гвинет Пэлтроу)

Гвинет Кејт Палтроу (англиски: Gwyneth Kate Paltrow) (27 септември 1972) е американска филмска глумица.

Гвинет Палтроу
Палтроу на фестивалот во Венеција во 2011
Роден(а)Гвинет Кејт Палтроу
27 септември 1972(1972-09-27)(52 г.)
Лос Анџелес, Калифорнија, САД
Занимањеглумица, пејачка, автор
Активен период1989–сè уште
Родно местоСанта Моника, Калифорнија, САД
СопружникКрис Мартин (в. 2003; раз. 2015)
Деца2
РодителиБрус Палтроу
Блајт Данер
РодниниЏејк Палтроу (брат)
Хари Данер (вујко)
Катрин Менги (братучетка)

Палтроу добила внимание за нејзините улоги во филмовите како психолошкиот трилер Седум (1995), во кој глумела со Бред Пит како и драмата Ема (1996), во која глумела со Џереми Нортем. По улогите во романтичната комедија Лизгачки врати (1998) и трилерот Совршено убиство (1998), Палтроу добила светско признание преку нејзината улога во Вљубениот Шекспир (1998), за која добила Оскар за најдобра глумица, Златен глобус за најдобра глумица во мјузикл или комедија и две награди од страна на здружението на филмски работници. Палтроу толкувала споредни, како и главни улоги, во филмовите Талентираниот господин Рипли (1999), Скок (2000), Љубовта е слепа (2001), и Доказ (2005), за која добила номинација за Златен глобус за најдобра глумица во драма.

Од 2008 таа ја играла улогата Пепер Потс, во Железниот Човек (2008), Железниот Човек 2 (2010), Одмаздници (2012), и Железниот Човек 3 (2013). Таа исто така добила Еми-награда за најдобра глумица гостин во комедија во 2011 година за нејзината улога во серијата Гли.[1]

Животопис

уреди

Гвинет е ќерка на глумицата Блајт Данер и телевизискиот продуцент Бру Палтроу.[2] Поради нејзината голема приврзаност кон мајка ѝ, Гвинет со своето семејство се преселила од Лондон во САД.[3] Палтроу била омажена за рок-музичарот Крис Мартин, со кого има две деца - синот Мозес (роден во 2006 година).[4][5][6] и ќерката Епл (родена во 2004 година),[7][8] а по разводот, таа била во врска со продуцентот Бред Фалук.[9]

Кариера

уреди

Благодарение на своите родители, Гвинет имала голема помош на почетокот на кариерата, во која многу ѝ помогнал и Стивен Спилберг, семејниот пријател на нејзините родители. Имено, тој ја ангажирал да глуми во својот филм „Кука“ од 1991 година.[3]

Во 1998 година, Палтроу ја овоила наградата „Оскар“ за улогата во филмот „Вљубениот Шекспир“.[10]

Наводи

уреди
  1. Mitovich, Matt (September 10, 2011). „Emmys: HBO Dominates Early Races With 15 Wins; Glee, Grey's, SNL, Community Grab Gold“. TVLine. Архивирано од изворникот на October 19, 2011. Посетено на September 10, 2011.
  2. Day, Patrick Kevin (December 12, 2010). „Gwyneth Paltrow - Hollywood Star Walk“. Los Angeles Times. Архивирано од изворникот на March 13, 2018. Посетено на February 15, 2020.
  3. 3,0 3,1 Наташа Спирова, „Кејт и Голди делат иста смисла за хумор, Изабела и Ингрид безвременска убавина“, Антена, број 866, 30.1.2015, стр. 12-13.
  4. Gwyneth Paltrow instagram Архивирано на 18 февруари 2023 г., Instagram, April 8, 2021. Accessed December 15, 2021.
  5. „Gwyneth Paltrow Has a Boy“. People. April 10, 2006. Архивирано од изворникот March 28, 2019. Посетено на February 3, 2019.
  6. Robertson, Jessica (April 10, 2006). „Coldplay's Chris Martin Has a Boy“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот December 15, 2021. Посетено на December 15, 2021.
  7. Silverman, Stephen M. (May 14, 2004). „It's a Girl for Gwyneth Paltrow & Hubby“. People. Архивирано од изворникот на October 18, 2016. Посетено на February 3, 2008.
  8. „Gwyneth lets Oprah in on the secret of Apple“. Hello!. August 27, 2004. Архивирано од изворникот на February 20, 2006. Посетено на August 21, 2006.
  9. „Луѓе“, Утрински весник, година XVI, број 4754, вторник, 7 април 2015, број, стр. 24.
  10. Shakespeare in Love (1998) – Awards“. Movies & TV Dept. The New York Times. 2012. Архивирано од изворникот на November 4, 2012. Посетено на April 28, 2011.

Надворешни врски

уреди