Седум (англиски: Seven, стилизирано како Se7en) — американски трилер во стил неоноар, режиран од Дејвид Финчер и сценарио на Ендру Кевин Вокер. Филмот раскажува за истрагата на двајца детективски партнери за серија убиства што се поврзани со седумте смртни гревови. Улоги: Бред Пит, Морган Фриман, Гвинет Палтроу и Кевин Спејси. Кинокритичарите ја пофалиле работата на режисерот и снимателите, глумата и музиката за филмот. Филмот „Седум“ и членовите на филмската екипа биле наградени и со голем број престижни филмски награди. Врз основа на филмот е создадена стрип-серија со исто име.[1]

„Седум“
Плакатот на македонски
РежисерДејвид Финчер
Продуцент
СценаристЕндру Кевин Вокер
Главни улоги
МузикаХауард Шор
СтудиоArnold Kopelson Productions
ДистрибутерNew Line Cinema
Премиера22 септември 1995 г.
Времетраење127 минути
Земја САД
Јазик
Буџет33 — 34 милиони долари
Бруто заработка327,3 милиони долари

Содржина

уреди

Кога пензионираниот полициски детектив Вилијам Сомерсет (Морган Фриман) се справува со последен случај со помош на новопрефрлениот Дејвид Милс (Бред Пит), тие откриваат голем број сложени и жестоки убиства. Наскоро сфаќаат дека имаат работа со сериски убиец (Кевин Спејси), кој е насочен кон луѓе за кои мисли дека ги претставуваат седумте смртни гревови. Сомерсет, исто така, се спријателува со сопругата на Милс, Трејси (Гвинет Палтроу), која е бремена и се плаши да го одгледа своето дете во злосторнички град.[2]

Улоги

уреди
Глумец Улога
Морган Фриман детективот поручник Вилијам Сомерсет
Бред Пит детектив Дејвид Милс
Гвинет Палтроу Трејси Милс
Кевин Спејси Џон Доу
Џон К. Макгинли Калифорнија

Наводи

уреди
  1. „Seven | Rotten Tomatoes“. www.rottentomatoes.com (англиски). Посетено на 2024-04-26.
  2. Ebert, Roger. „Seven movie review & film summary (1995) | Roger Ebert“. https://www.rogerebert.com/ (англиски). Посетено на 2024-04-26. Надворешна врска во |work= (help)

Надворешни врски

уреди