Вулфтен на Харц
општина во Германија
Вулфтен на Харц (германски: Wulften am Harz) — општина во округот Гетинген, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Вулфтен се наоѓа во близина на градовите Нортхајм и Остероде.
Вулфтен на Харц | |
Црквата во Вулфтен | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Гетинген |
Општ. заед. | Хаторф на Харц |
Градоначалник | Хенинг Крузе (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 14,81 км2 |
Надм. височина | 157 м |
Население | 1.791 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 121 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | OHA |
Пошт. бр. | 37199 |
Повик. бр. | 05556 |
Портал | www.hattorf-am-harz.de |
Местоположба на Вулфтен на Харц во рамките на округот Гетинген | |
Координати | 51°39′46″N 10°10′36″E / 51.66278° СГШ; 10.17667° ИГД |
Географија
уредиВулфтен на Харц се наоѓа на југозападните падини на планинскиот масив Харц и на северозападниот дел од ридовите Ротенберг. Реката Одра тече низ селото. Најблиски градови се Остероде (12 км), Херцберг на Харц (15 км) и Гетинген (30 км).
Историја
уреди- Вулфтен на Харц бил спомнат по првпат во 889 година: источнофранкискиот крал Арнулф му ги подарил селата Калефелд и Вулфтен на грофот Адалгар.
- Во 1502 година била основана црквата „Св. Егидин“ од благородниците Харденберг.
- Во 1567 година влегло во состав на кнежевството Грубенхаген. Вулфтен по реформацијата е главно лутерански (во 2004 г., 78,5%).
- Во 1626 година, Јохан Церклас фон Тили, водејќи кон Битката кај Лутер на Баренберге ја поминал реката Одра кај Вулфтен. Бил неколкупати опљачкан во текот на Триесетгодишната војна.
- Во Седумгодишната војна во периодот 1756-63 била оштетена црквата „Св. Егидин“.
- Во периодот 1807-1813 Вулфтен припаѓал на Кралството Вестфалија; во периодот 1815-1866 на Кралството Хановер; во периодот 1866-1946 на пруската Покраина Хановер и од 1946 година на сојузната покраина Долна Саксонија.
- На 1 декември 1868 година, Вулфтен добил железница со линијата Нортхајм-Херцберг на Харц. Линијата Вулфтен-Дудерштат била отворена на 31 октомври 1889 година.
- Во 1933 година дошле нацистите во Вулфтен: на 7 јули 1933 година, сите членови на Германската демократска партија од Општинскиот совет биле распуштен со полициска наредба.
- Од 1972 година, општината Вулфтен е дел од општинската заедница Хаторф на Харц.
- Од 1 октомври 2004 година, селото го има официјалното име Вулфтен на Харц.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Вулфтен на Харц на Ризницата ?
- Матична страница (германски)
- Приватна страница Архивирано на 9 април 2007 г.