Опсада на Светиград (1449)


Опсадата на Светиград започнала на 14 мај 1449 година. По многубројните порази на Османлиското Царство во Албанија, султанот Мурат II одлучил да предводи огромна војска која конечно ќе му нанесе пораз на Скендербег. Главната цел на султанот била да ја освои тврдината во Светиград, во близина на денешниот град Дебар во Македонија. Скендербег се обидел да му пружи отпор на султанот, но сепак на 31 јули бил принуден да ја отстапи тврдината на Турците.

Опсада на Светиград
Дел од Османлиски војни во Европа
Датум 14 мај – 31 јули 1449[1]
Место блиску Коџаџик, денешен Дебар[2]; на 58 милји од Кроја[3]
Исход Османлиска победа[4]
Завојувани страни
Лешка лига Османлиско Царство
Команданти и водачи
Петар Перлати[5]; Скендербег Мурат II
Сила
2,000 артилеристи[6]; 12,000 војници расположенни по околните села под раководство на Скендербег.[6] 80,000 војници; два топови[6]
Жртви и загуби
тврдината била предадена и војниците поштедени.[4] До 20.000 жртви[7] [nb 1]

Заднина

уреди

Набргу откако Скендербег успеал да ги соедини сите кнежевства во денешна Албанија во 1443 година била формирана Лешката лига. Османлиското Царство веднаш ја испратила своја војска за да го задуши Востанието на Скендербег. Османлиите доживеале пораз во Битката кај Торвиол и Мокра. По овие две големи победи на Скендербег, тој воспоставил дипломатски односи со европските сили, пред сè со Арагон и папата. Мурат II покренал нови воени походи против востаниците на Балканскиот Полуостров, но никако не успевал да ги порази силите на Скендербег. Започнувајќи од 1449 година, сите негови подходи не успеале. Поради овој факт, султанот Мурат II решил лично да се пресмета со албанскиот водач Скендербег. Така, султанот решил дека најнеопходно за неговите воени походи на овие простори бил заземањето на тврдината во Светиград. Оваа тврдина била од стратешко значење за заштита на албанската источна граница.[8]

Албанската интелигенција го информирала на Скендербег за наводните напади на Османлиите. Тие сметале дека војската на непријателот ќе биде околу 17.000 војници, но бројот на армија кој пристигнал на овие простори бил повеќе од 80.000 војници. Неговата војска најпрвин марширала односно се настанила во Битола. По дознавањето на Скендербег околу бројот на Турците, тој набргу побарал помош од Венецијанската Република. Нивниот одговор сепак бил негативен.[9] Наместо тоа, тој добил мала поддршка од страна на Неапол и Дубровник. По неколку денови, Мурат се упатил кон Охрид, и од таму по текот на реката Црн Дрим. Скендербег претходно ги организирал и зацврстил позициите кај градовите Кроја, Белград, Светиград и го предупредило населението дека мора да се приклучи кон војната која претстои.[10]

Непосредно пред турската опсада, Скендербег поставил околу 4.000 коњаници на околу седум милји пред светиград.[3] заедно со уште 8.000 војници.[6] По нападот, Османлиите се покажале како посилни по кое силите на Скендербег морале да се повлечат. Така, опсадата на светиград започнала на 14 мај 1449 година.[5]

Опсада

уреди

Силата на Мурат броела околу 80.000 војници, со два топа..[6] Во османлиската војска, голем дел од армијата биле припадници и на воената единица Јаничари. Султанот Мурат понудил огромна сума на пари за оној кој че ги отвори портите на тврдината и ќе се потчине без борба. Оваа понуда не била прифатена од страна на албанските сили.[11] Главен проблем на Скендербег му бил месното население кое ќе се соочи со Османлиите по падот на тврдината. скендербег се упатил кон блиските села за да побара помош и нови војници во борба против Османлиите.

Во секој случај, Скендербег во ниту еден момент не размислувал без борба да ја предаде тврдината. Честопати им задавал изненадени напади на Османлиите. На 22 јуни Албанците презеле голем противнапад, но истиот не бил доволно успешен. По ова, Мурат се обидел да пробие пат преку градските ѕидини, но и тој не бил успешен во тоа. Албанците започнале да сметаат дека Мурат започнува да биде исцрпен, па преовладувало мислењето дека Мурат ќе се врати во Едрене.

Според Марин Барлети биографот на Скендербег, Османлиите го освоиле со измама. Османлиите успеале да наговорат еден од бранителите на градот ноќе да фрли во бунарот едно куче. Следниот ден, кога настанот бил забележан, помеѓу месното население на градот започнало да се создава паника поради недостатокот од вода за пиење. По ова помеѓу војската и населението преовладувале две мислења. Според првото, градот би требало да се опожари целосно, а според другото требало да се направи пробив преку непријателските редови. така била изберена втората варијанта. По неколкумесечните војни и преговори, градот сепак бил предаден. Губењето на Светиград значело голема загуба за Скендербег. Во следните години, Мурат многу лесно ги опседнал и Белград и Кроја.[12]

Наводи

уреди
  1. Francione pp. 77 and 79.
  2. 2,0 2,1 Rrezja, Agon. Zbulohen varret e betejës së Sfetigradit!. Weblog entry. Humanisticus. August 2, 2008. July 8, 2009 [1].
  3. 3,0 3,1 Franco p. 98.
  4. 4,0 4,1 Hodgkinson p. 102.
  5. 5,0 5,1 Franco p. 99.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 Francione p. 77.
  7. Francione p. 79.
  8. Hodgkinson p. 95.
  9. Francione p. 74.
  10. Francione p. 76.
  11. Hodgkinson p. 97.
  12. Noli p. 43.

Белешки

уреди
  1. Гробовите од загинатите војници за време на опсадата биле пронајдени во селото Коџаџик во близина на Дебар. Тие на број се околу 300 христијански трупови и approcimately 900; гробовите биле одвоени во зависност од религиозната припадност на војниците.[2]