Втора битка на Ена

Втора битка на Ена (француски: Bataille du Chemin des Dames или Seconde bataille de l'Aisne) — најголема битка на Нивеловата офанзива во Првата светска војна. Тоа била битка помеѓу француската и германската војска на реката Ена од 16 април до 9 мај во 1917 година. Оваа битка петставувала вистинска катастрофа за француската војска, но и за нејзиниот командант Робер Нивел. По таа битка главниот товар на офанзивни напори на Западниот фронт го преземаат британски сили.[1]

Втора битка на Ена
Дел од Нивелова офанзива во Првата светска војна

Ремс, 1917
Датум 16 април – 9 мај 24–26 октомври 1917
Место помеѓу Суасон и Ремс, Франција
49°24′N 3°36′E / 49.400° СГШ; 3.600° ИГД / 49.400; 3.600
Исход без победник
Завојувани страни
Франција Франција
Руско Царство Руска Империја
Германско Царство Германско Царство
Команданти и водачи
Робер Нивел
Луј Франше д Еспереј
Жозеф Алфред Мишеле
Филип Петан
Шарл Мангин
франсоа Антуан
Оливер Мазел
Дениз Аугуст Дишен
Жорж Луј Имбер
Ерих Лудендорф
принцот Вилхелм
Макс фон Боен
Фриц фон Белов
Карл фон Ајнем
Сила
53 дивизии 38 дивизии
Жртви и загуби
ок. 187,000 ок. 163,000

Причини

уреди

Кога Робер Нивел го заменил Жозеф Жофр на позиција врховен командант на француската војска, тој се залагал за офанзива сметајќи дека масивниот напад на германските линии на неговата војска ќе ѝ донесе победа. Бил убеден дека Германците по тешките загуби и изнемоштеноста по Верденската битка и Битката на Сома немаат ни сили, ни морал да дадат ефикасна и долготрајна одбрана, посебно во случај на голем напад со кој Британците би им го одвлекле вниманието. Францускиот началник на генералштабот Филип Петен, францускиот министер на војната и британскот главен командант Даглас Хејг не верувале во успешноста на тој план. Меѓутоа францускиот претседател на владата Аристид Бријан го поддржал планот на Нивел. Министерот на војна во таа пригода како протест поднел оставка. Нивелова офанзива требало да биде огромна операција со 1,2 милиони војници и 7.000 топови на широкиот фронт помеѓу Рој и Ремс. Главна цел на така масовен напад биле позициите на германската војска на реката Ена. Според планот пробивот требало да се постигне во рок од 48 часа. Планот се развивал од декември 1916 година, а во тек на неговата подготовка се случувале различни доцнења и проток на информации, така што до почеток на акцијата 16 април 1917 година Германците знаеле сите детали на планот. Разоткриената тактика германските сили ги довела во предност при подготвување на соосдветна одбрана.

Битката

уреди

Според договорот Британците го започнале нападот и со Битката кај Арас и Битката кај битката на Вими од 9 април до 16 април 1917 година, со која настојувале да го одвлечат вниманието на Гермнаците. На 16 април Французите ја започнале Битката на Ена со широк напад зафаќајќи територија од 80 километри на фронтот. Во напад учествивале 19 дивизии и Петтата и Шестатта француска армија. Напад бил извршен од Соасон до Ремс. Бидејќи Седмата германска армија под команда на фон Бем се наоѓала на брдот над реката Ена и немале многу проблеми за да ги задржат своите позиции. Во тек на првиот ден на битката Французи претрпеле огромни загуби, 40.000 жртави и загуба на 76 тенкови. Нивелова техника на лазечкиот бараж била лошо изведена, тако што не ја заштитувала војската која се движела во напад.

Техника на лазечкиот бараж се засновала на координација на артилерија и пешадија, со тоа што артилеријата требало силно да го напаѓа просторот пред пешадијата која напредува. Во вториот ден од битката Четвртата француска армија под команда на Франсоа Антоан тргнала во напад источно од Ремс кон Моронвилие, но Првата германска армија под команда на Фриц фон Белов лесно го одбила тој напад.

Нивел не можел да верува дека неговата стратегија не дава успешни резултати, па продолжил со силни напади до 20 април 1917 година. Мали територијални добивки се освоени западно од Соасон. Иако потоа бил намален интензитет на нападот, до 5 мај биле освоени 4 километри од долгата испакнатина Шемин де Дам, со што се покажало дека малите напади биле поуспешни од првите, многу посилни напади.[2]

Последици

уреди

Во таа операција се постигнати многу мали територијални добивки. Замислата била, тоа да биде куса и ефикасна офанзива со која во тек на 48 часа би бил разбиен фронтот, но резултатите не биле ни приближни. Втората француска дивизија на 3 мај одбила да ја изврши наредбата да тргне во напад. Конечно на крајот бил изведен четиридневен напад кој не дал резулти, па Нивеловата офанзива била запрена на 9 мај1917 година.

Поразителниот број на жртви бил следен: Германците имале 169.000 жртви, Французите имале 187.000 жртви. Политичарите и јавноста биле запрепастени и огорчени од настанот и грешките. Поради тоа на 16 мај Нивел бил сменет, а на неговото место бил поставен попетпазливиот Анри Петен, кој не бил наклонет на големи офанзиви. По оваа битке главни товар на офанзивни напори на Западниот фронт презема британската војска, а малку подоцна и американските сили.

Наводи

уреди
  1. Balck, W. (2008) [1922]. Entwickelung der Taktik im Weltkriege [Development of Tactics in the World War] (Kessinger repr.. изд.). Berlin: Eisenschmidt. ISBN 978-1-4368-2099-8.
  2. The Times History of the War. XII (online. изд.). London: The Times. 1914–1921. OCLC 475617679. Посетено на 6 November 2013.

Поврзано

уреди