Прва битка на Ена
Прва битка на Ена (француски: 1re Bataille de l'Aisne) — продолжение на сојузничката офанзива против Првата и Втората германска армија, кои се повлекувале по Првата битка на Марна во септември 1914 година. Битката траела од 13 септември до 28 септември 1914 година и завршила без победник. Противничките страни на тие позиции останале вкопани во рововите со незабележителни придвижувања, во ужасни услови и со бесполезни жртви до 1918 година.[1]
Прва битка на Ена | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од продолжението на сојузничката офанзива против Првата и Втората германска армија | |||||||
Карта на Западниот фронт, 1914 |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Франција Обединето Кралство | Германија | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Мишел-Жосеф Монури Жозеф Жофр Луј Франше д Еспери Џон Френч | Александар фон Клук Карл фон Билов Јосијас фон Херинген |
||||||
Сила | |||||||
Петта Армија Шеста Армија BEF | Прва Армија Втора Армија Седма Армија |
||||||
Жртви и загуби | |||||||
непознат 13,541 убиени или ранети | непознат |
Сојузниците на 11 септември заклучиле дека Германците ќе го запрат повлекувањето околу реката Ена. Кога германската Прва и втора армија пристигнале до реката Ена, биле дополнително засилени со Седмата армија под команда на Јозиас фон Херинген, па започнале со поставување на обрамбени позиции и со копање на ровови на северниот брег на реката. Главната одбрана Германците ја базирале на брдата Шемин де Дам. Во нападот на трите германски армии сојузниците тргнале на 13 септември со Петтата армија, под команда на Луј Франше д' Епере , со Шестата француска армија,под команда на Мишела Монури и Британските експедициони сили под команда на Џон Френч. Во тек на 14 септември сојузниците продолжиле со напади на Германците кај брдата Шемин де Дам, но германците со противнапад успеале да се вратат на појдовните позиции. Германската тешка артилерија и митралескиот оган ги држеле сојузниците на растојание.[2]
Ссојузниците продолжиле со напади и на 18 септември, а борбите биле прекинати на 28 септември, кога станало јасно дека ниту една од завојубаните страни не може да изведе делотворен фронтален напад на непријателските ровови. Освен тоа тогаш Французите биле под тежок притисок во регионот на Ремс. Бидејќи двете страни се нашле во нерешителна позиција, вкопани во рововите кај Ена, започнале со обиди да ја изманеврираат противничката страна од другите позиции. Така започнале операции познати како "Трка кон морето". Трка кон морето ја започнал командантот на француските сили Жозеф Жофр, кој ги покренал сојузничките сили северно и западно, тако што го напаѓал изложениот германски бок во Ноајон. Подоцна се одвивале и други битки под исто име и за иста територија:
- Втора битка на Ена (април-мај 1917 година) и
- Трета битка на Ена (мај-јуни 1918 година)
Наводи
уреди- ↑ Battle-Fields of the Marne 1914. Illustrated Michelin Guides for the Visit to the Battlefields. Clermont-Ferrand: Michelin & Cie. 1925. OCLC 487790576. Посетено на 27 March 2014.
- ↑ Evans, M. M. (2004). Battles of World War I. Devizes: Select Editions. ISBN 1-84193-226-4.