Вртоглавица

(Пренасочено од Вртоглавица (Vertigo))

Вртоглавица (Vertigo) — нарушување на ориентацијата во просторот, која се манифестира со силни илузии на движење во просторот (најчесто ротаторно, но може и линеарно). Тоа е неодреден израз кој болните го употребуваат за да опишат неколку различни субјективни состојби. Покрај чувството на движење, често е присутно и функционалното окуломоторно пореметување (Nistagmus), чувство на рушење при одење и мачнина. Овие симптоми може да бидат предизвикани од нарушување на вестибуларниот, окуломоторниот и проприоцептивниот систем. Околу 85% од вртоглавиците се од периферно потекло и се предизвикани од промени во вестибуларниот апарат во внатрешното уво.[1]

Вртоглавица
Хоризонтален нистагмус, знак кој може да го придружува вертигото.
СпецијалностОториноларингологија, Неврологија, audiologist, speech and language therapist Уреди на Википодатоците
Вртоглавица

Причина за настанување

уреди

Вртоглавицата не е болест. Тоа е состојба која може да ја предизвикаат повеќе од 300 причинители. Најчести се положбената вртоглавица, воспаление на вестибуларниот нерв, Мениерова болест, тумор на слушниот нерв, пореметувања на протокот на крв во мозокот, промени на ткивото на вратниот ‘рбет, повреди, прекумерни напрегнувања на мускулите, постара возраст, напнатост, стресна вртоглавица и друго.[2]

Клиничка слика

уреди

Вообичаено, вртоглавицата е пропратена со знаци на нарушена функција на невровегетативниот систем, мачнина, повраќање, бледило на кожата и на слузницата, зголемено потење и зуење во ушите. Бидејќи таа не може да се предвиди, кај болниот се јавува силен страв од самостојно одење или возење со превозни средства, што понатаму може да доведе до вознемиреност и депресија. Исто така, вртоглавицата е поврзана со намалена работна способност и влошување на квалитетот на животот.[1]

Луѓето кои имаат вртоглавица најчесто ја опишуваат како пореметување во рамнотежата на два начина, како движење околу главата или во главата, или како губиток на ориентацијата во просторот. Тегобите се влошуваат со движење на главата и промена на положбата на телото, а често се пратени и со пореметување во слухот, шум во увото и мачнина. Специфични пореметувања се движење и бегање на предметите пред очите или чувство на движење на сопственото тело во просторот, потоа чувство на губење во просторот, пропаѓање и занесување на страна или напред-назад.

Кај вртоглавиците предизвикани од болести на внатрешното уво (отогени вртоглавици), предметите кои ги гледа болниот се движат водорамно од болното кон здравото уво, а рамнотежата е пореметена кај болното уво. Неспецифичните пореметувања на рамнотежата или лажната вртоглавица се одликува со светликави ѕвездички или темнина пред очите, несвестица, чувство на полност и притисок во главата и ушите. Најчеста причина е краткотраен недостаток или намален проток на крв во мозокот или во вратот.[2]

Видови вртоглавица

уреди

Положбена вртоглавица – таа е најчеста форма, а предизвикана е од неадекватно движење или положба на главата, при лежење, движење во постела или при придвижување на главата кон назад. Трае околу една минута или пократко, а може да биде пратена и со ритмични треперења на очите, додека слухот останува зачуван. Може да се повторува на секои неколку дена, а и по неколку месеци.[2]

Воспаление на вестибуларниот нерв, напад на жестока вртоглавица трае неколку дена, а потоа постепено попушта за неколку недели. Иако причината на пореметувањето и местото на оштетувањето не се докажани, повеќето лекари сметаат дека станува збор за воспаление на нервот на вестибуларниот лабиринт од внатрешното уво.

Мениерова болест – се работи за пореметување во микроциркулацијата во внатрешното уво. Болеста се одликува со ненадејни напади на вртоглавица, кои може да траат од неколку минути до неколку саати. Нападот може да биде така силен, па болниот има потреба да легне.

Сината вртоглавица обично е краткотрајна. Таа е проследена со мачнина, повраќање, шум во увото и губиток на рамнотежата, а понекогаш се јавуваат и диплопии (двојни слики).[2]

Тумор на слушниот нерв – се одликува со постојана вртоглавица чија изразеност може да се мери. Други знаци кои укажуваат на тумор се: оштетување на слухот и пореметување на функцијата на останатите нерви во мозокот.

Дијагноза

уреди

Во дијагностиката на вртоглавицата учествуваат стручни лица од различни специјалности: отоневролог, невролог, невротрауматолог, физијатар а кај децата и невропедијатар. Од непроценлива важност е описот на заболениот за природата на вртоглавицата, за неговото работно место, активностите непосредно пред нападот, можните повреди на главата и вратот и хроничните болести. Поставувањето на точната дијагноза овозможува низа дијагностички постапки: од преглед на двете уши, носот, фаринксот и гркланот, преку невролошки и очен преглед, физијатриски наод, или ортопедски, преглед на срцето и крвните садови, до психијатриско испитување. Откако ќе се утврди причината се одредува начинот на лекување.[2]

Терапија

уреди

Третманот на вртоглавицата вклучува посебен диететски режим, психолошка поддршка и фармаколошка терапија. Притоа, основната цел на терапијата е да се намалат симптомите на халуцинација на движење, како и гадењето и повраќањето. Во оваа фаза, лицето кое страда од вртоглавица се третира со вестибуларни супресори и со лекови против повраќање. Според Асоцијацијата за тинитус и вертиго, на овие пациенти им се препорачува исхрана со мало количество сол (помалку од еден грам дневно), никотинот, алкохолот и црното кафе се најстрого забранети. Кога ќе се смират акутните симптоми се спроведува долготраен третман со лекови за подобрување на циркулацијата.[1]

Вртоглавицата како тема во уметноста и популарната култура

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Марина Давчева Чакар, „Гингко билбоа во третманот на вртоглавица и зуење во ушите“, Betty магазин, година IV, број 37, март 2017, стр. 9.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „За Здравје - портал од областа на медицината“. Архивирано од изворникот на 2013-04-25. Посетено на 2013-05-17.
  3. Карел Чапек, Раскази од другиот џеб, Темплум, Скопје, 2012.
  4. IMDb, Vertigo (1958) (пристапено на 25.2.2019)