Вртоглавица (филм од 1958)

(Пренасочено од Вертиго (филм од 1958))

Вртоглавица (англиски: Vertigo) — американски филм од 1958 година, во режија на Алфред Хичкок. Главните улоги ги играат: Џејмс Стјуарт, Ким Новак, Барбара Бел Гедес и Том Хелмор.[3] Во 1959 година, филмот бил кандидиран за „Оскар“ во две категории (сценографија и звук), а во 1989 година бил внесен во Националниот регистер на филмови на САД.[4]

„Вртоглавица“
Плакатот на македонски јазик
РежисерАлфред Хичкок
ПродуцентАлфред Хичкок
Главни улоги
МузикаБернард Херман
КинематографијаРоберт Беркс
МонтажаЏорџ Томасини
СтудиоAlfred J. Hitchcock Productions
ДистрибутерParamount Pictures
Премиера9 мај 1958 г.
Времетраење128 минути
Земја САД
Јазик
Буџет2,5 милиони долари[1]
Бруто заработка7,3 милиони долари[2]

Содржина

уреди

Џон „Скоти“ Фергусон (го игра Стјуарт) е полициски инспектор, кој за време на една акција виси на работ од една зграда, а полицаецот што сака да го спаси паѓа од зградата. Џон страда од акрофобија и вртоглавица и поради тоа ја напушта работата во полицијата. Еден ден, нему му се јавува пријателот Гавин Елстер (го игра Хелмор) со молба да ја следи неговата сопруга Медлин (ја игра Новак) за која тврди дека е опседната од некоја личност која живеела во минатото. Заинтригиран до необичната приказна, Џон почнува да ја следи Медлин и ги открива дека таа го посетува гробот на една жена која умрела пред 100 години, дека посетува еден хотел кој во минатото бил дом на мртвата жена и дека често го набљудува нејзиниот портрет во уметничката галерија. Еднаш, Медлин се фрла во Заливот на Сан Франциско, но Џон ја спасува и ја носи во својот стан. Притоа, Џон се вљубува во Медлин и се труди да ја ослободи од опседнатоста, но при една посета на манастирот, таа се качува на камбанаријата, а потоа паѓа на земјата и умира. Додека се качува по скалите, Џон чувствува вртоглавица и не може да ѝ помогне. По тој настан, Џон поминува една година на лекување. Еднаш, тој случајно ја запознава убавата девојка Џуди Бартон (ја игра Новак) која многу личи на Медлин и се вљубува во неа. Во една прилика, тој ја принудува Џуди да се облече и да направи фризура исто како Медлин. Додека тој и Џуди се подготвуваат да одат на вечера, таа го става накитот што ѝ припаѓал на Медлин. Поради тоа, наместо во ресторанот, Џон ја одведува во манастирот и ја принудува да се качи на камбанаријата, но овојпат и тој се качува горе. Кога стигнуваат на врвот, Џуди му ја кажува вистината: Гавин, кој сакал да се ослободи од својата сопруга, ја ангажирал да ја глуми Медлин; знаејќи за болеста на Џон, Гавин го искористил, знаејќи дека тој не ќе може да се искачи во камбанаријата; најпосле, кога Џуди (лажната Медлин) пристигнала во камбанаријата, Гавин ја турнал својата вистинска сопруга. Откако Џуди ја признава својата вина, во кулата се појавува една калуѓерка и исплашената Џуди паѓа на земјата и умира.[5]

Наводи

уреди
  1. Kerbel, Michael. „Film Notes: VERTIGO | Yale University Library“. web.library.yale.edu. Посетено на 24 March 2024.
  2. „Vertigo (1958)“. Box Office Mojo. Посетено на September 2, 2016.
  3. IMDb, Vertigo (1958) (пристапено на 25.2.2019)
  4. IMDb, Vertigo (1958) Awards (пристапено на 25.2.2019)
  5. IMDb, Vertigo (1958) (пристапено на 25.2.2019)