Мениерова болест
Мениерова болест, ендолимфатичен хидропс, хидропс на лавиринтот, (лат. Morbus Menierе) е хроничнo нарушување во внатрашното уво кое, иако сериозно го нарушува животот на пациентот, не е фатално. Според Американската академија за оториноларингологија, за Мениеровата болест се карактеристични четири главни симптоми, кои се појавуваат со различен степен на интензитет: вертиго (вртоглавица), губење на слухот, тинитус (зуење или шум во ушите) и чувство на наполнети уши.[1]
Мениерова болест | |
---|---|
Внатрешно уво | |
Специјалност | Оториноларингологија |
Честота | Грешка во Lua во Модул:PrevalenceData, ред 28: attempt to perform arithmetic on field 'lowerBound' (a nil value) |
Фазите во развојот на Мениеровата болест се движат од лесни почетни знаци и симптоми, па сè до тешки напади на вртоглавици и потполно губење на слухот, ако не се лечи болеста.
Оваа болест, најверојатно, се создава поради нарушување на микроциркулацијата во лавиринтот на увото.[2] Наглувоста е променлива, но со време напредува. Најголем број болни се на возраст меѓу 40 и 60 години. Околу 40.000 нови случаи на Мениерова болест годишно се дијагностицираат само во САД. Околу 3% од болните со оваа дијагноза се деца. Болеста почесто се појавува кај жени. Кај некои жени се појавува подобрување на симптомите во текот на бременоста. При околу 5% случаи со Мениерова болест, постои позитивна семејна анамнеза која укажува дека постои генетска компонента со оваа болест. Иако кај повеќето случаи Мениеровата болест се појавува еднострано, без доминација на левото или десното уво, сепак во околу 10-50% болни, симптомите може да се појават и на спротивното уво.[3][4]
Историја
уредиФранцускиот лекар Проспер Мениер (Prosper Ménière, 1799 — 1862) прв ја опишал оваа болест во 1861 година, и ја поврзал со промени во внатрешното уво.[3] Имено, по долги и систематски набљудувања на промените кај повеќе од 60 болни со слушно-вестибуларна криза, ги објавил своите забележувања во четири последователни статии во едно медицинско списание во Париз, во 1861 година. Во овие статии докажал дека при некои болести со вртоглавица и нарушување на слухот, процесот не е локализиран во мозокот, како што се сметало претходно, туку во внатрешното уво. Случаите кои ги опишал Мениер всушност биле крвавења во внатрешното уво предизвикани од леукемија.
Во 1895 година, оваа болест во чест на Проспер Мениер, кој прв ја опишал, добила име Мениерова болест.
Наводи
уреди- ↑ Sajjadi H, Paparella MM. Meniere's disease. Lancet. Aug 2 2008;372(9636):406-14. [Medline].
- ↑ „B. H. Colman, Chapter 19: Ménière's disease“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-01-20. Посетено на 2016-06-13.
- ↑ 3,0 3,1 Тодор Широв, Мениерова болест, www.medinfo.bg Архивирано на 19 јануари 2015 г.
- ↑ Crane BT, Schessel DA, Nedzelski J, Minor LB. Peripheral vestibular disorders. In: Cummings CW, Flint PW, Haughey BH, et al, eds. Otolaryngology: Head & Neck Surgery. 5th ed. Philadelphia, Pa: Mosby Elsevier;2010:chap 165.
Надворешни врски
уредиКласификација | |
---|---|
Надворешни извори |