Врдомици
Врдомици или Ердогмуш (грчки: Ποντοκώμη, Понтокоми), до 1927 г. Ερτομούς Ертомус) [2] – село во Република Грција, во општината Кожани, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 1.116 жители.
Врдомици Ποντοκώμη | |
---|---|
Координати: 40°25′N 21°46′E / 40.417° СГШ; 21.767° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Кожански Округ |
Општина | Општина Кожани |
Општ. единица | Димитриос Ипсилантис |
Надм. вис. | 665 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 1,116 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа во источното подножје на планината Црвена Гора (Вуринос).
Историја
уредиЗа време на Османлиското Царство
уредиКон крајот на XIX век Врдомици (Ердогмуш) е турско село во Кајларската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година, во Ердомусли живееле 875 Турци.[3]
Во Грција
уредиЗа време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Врдомици станува дел на Кралството Грција.
Во 1913 година селото Врдомици има 977 жители.[4] Во 1920-тите години според Лозанскиот договор населението се иселува во Турција, а на негово место се населиле бегалци, Грци Понди, од Турција. Во 1928 година селото е целосно бегалско со 299 семејства и 1.093 жители бегалци.[5]
Во 1927 година името на селото е променето во Пондокоми, што во превод значи Понтиско Село.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ερτομούς -- Ποντοκώμη
- ↑ Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001.
- ↑ „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2012-07-31.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.