Востанието во Варшавското гето

Востанието во варшавското гето било вооружен отпор на Евреите против нацистите. Се случило помеѓу 19 април и 16 мај 1943 година во варшавското гето и со тоа било првото вооружено востание во тогашниот Рајх. Борбите започнале во времето на последните депортации на Евреите од Варшава. Евреите имале многу послабо оружје од нацистите, кои располагале со авијација, артилерија, оклопни возила итн. По еден месец брутални борби, востанието било задушено во крв, а варшавското гето било изгорено и срамнето со земја. Бројно и воено супериорните нацисти убиле околу 7.000 борци и жители на гетото. Останатите околу 42.000 преживеани Евреи беа депортирани во концентрациони логори.

Заробени Евреи во Варшавското гето.

Претходни настани

уреди

На 16 октомври 1940 година Варшавското гето било основано со одлука на германскиот гувернер генерал Ханс Франк.[1] Во летото 1942 г. Германците почнале да ги депортираат Евреите во логорите за истребување, главно во Треблинка. Во текот на еден месец, речиси 300.000 Евреи биле депортирани. Во тоа време, околу 50.000 Евреи останале во гетото, а Германците ја намалиле површината на гетото за околу една четвртина од нејзината поранешна површина. Во 1943 година Нацистите сакале целосно да го испразнат варшавското гето и да го затворат. Евреите во варшавското гето биле свесни за убивањето на депортираните Евреи, бидејќи имале информации за тоа.

Почнувајќи од летото 1942 г. Евреите се организирале и смислиле како да кренат востание. Првиот судир се случил на 18. јануари 1943 година. Било крваво задушено по неколку дена и тешки загуби.

Востанието

уреди
 
Војниците на СС за време на востанието во варшавското гето.

На 19 април 1943 година, единиците на нацистичката СС Шуцштафел - „Безбедносен одред“ започнале со ликвидација на гетото. Жителите на гетото се кренале на востание со криумчарено оружје и со оружје од нивна сопствена изработка. Единиците на СС нападнале со артилерија.

Марек Еделман[2] кој бил еден од водачите на востанието, ги навел следните факти за рамнотежата на силите: „Имаше 220 бунтовници и 2.090 нацисти. Германците имаа авијација, артилерија, оклопни возила, минофрлачи, 82 митралези, 135 пушки и 1358 карабини. Секој бунтовник имал револвер, пет запаливи и пет рачни гранати. Секој дел од гетото имал по 3 карабини, а целото гето имало 2 мини и само еден автоматски пиштол".

Нацистите првично биле предводени од Фердинанд фон Самерн-Франкенег, но тој бил заменет по фронталниот напад, во кој биле убиени неколку војници на СС. Водството потоа го презел Јирген Штроп, кој ја забавил акцијата со цел да се минимализираат загубите. Востанието траело околу еден месец.

Се проценува дека загинале 16 војници на СС и најмалку 7.000 Евреи. Околу 42.000 Евреи биле депортирани во концентрационите логори Понијатова, Травники и Мајданек. Околу 7.000 Евреи биле испратени во концентрациониот логор Треблинка .

Наводи

уреди